ДКСК: Поднесувањето оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка - Канал 5

ДКСК: Поднесувањето оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка

Доколку претседателката на Антикорупциска комисија Татјана Димитровска самата не се поднесе оствака, сите патишта за нејзино разрешување водат до Собранието, но дали и кога тоа би се случило останува непознато.

ДКСК: Поднесувањето оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка

Откако Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал покрена обвинение против Димитровска, за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат, од ДКСК во денешното соопштение наведуваат дека одлуката за нејзино разрешување е во рацете на Парламентот, а евентуалната оставка е лична и морална одлука на самата претседателка. Од ДКСК велат дека Димитровска, не доаѓа на работа во изминатиот период поради изречените мерки од надлежен суд.

-Поднесување оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка. Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Сепак, во интерес на непречено работење и успешно остварување на целта и надлежностите на Државната комисија цениме дека е исклучително важно Државната комисија да функционира во полн состав. - велат од Антикорупциска.

Собранискиот спикер Африм Гаши, пак, на денешниот брифинг со новинарите кажа дека се уште нема законски услови за Собранието да ја разреши Димитровска, бидејќи според него треба да има правосилна судска пресуда за да почне постапка за одземање на мандатот, а иницијативата треба да дојде од пратениците или во Комисијата за избори и именувања.

Премиерот Мицкоски од друга страна кажа дека засега не планираат да иницираат постапка за нејзино разрешување во Собранието, посочувајќи го примерот со интерпелациите на членовите на Судскиот совет.

И поранешната прва антикорупционерка Билјана Ивановска децидна дека Собранието е единствениот орган кој може и треба да ја разреши нејзината наследничка. Во изјава за Канал 5 Ивановска оцени дека наједноставен начин е таа самата да си поднесе оставка, во спротивно вели опција е пратеници да иницираат интерпелација, да се формира анкетна комисија за нејзината работа, па дури и нејзините колеги од ДКСК можат да иницираат утврдување на одговорност.

Димитровска е обвинета за оддавање државна тајна во случајот „Адитив“, како и за тоа дека овозможила друг, односно вработен во Државниот завод за ревизија, да полага за безбедносен сертификат во нејзино име. Таа уште во текот на истрагата за Адитив во единственото соопштение за јавноста објави дека нема намера да се повлече од фунцијата, со образложение дека без судска пресуда, секој е невин.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство

Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи ги испитува околностите под кои битолчанецот приведен за физичко и психичко насилство врз 21-годишната партнерка, избегал низ прозорец од СВР Битола и веќе пет дена е во бегство.

Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство

Девојката на 10 ноември пријавила дека била физички нападната од партнерот, кој ја давел и ја удирал, по што побарала лекарска помош.

По пријавата, насилникот дошол во СВР Битола во придружба на родител, но, кога му било соопштено дека ќе биде задржан, скокнал низ прозорецот и избегал од полициската станица.

Бидејќи пријавениот сè уште не е пронајден, девојката е сместена во шелтер-центар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилство

Денеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.

СВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилство

Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола.

Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина и САД разговараа за царините и трговијата

Кина и Соединетите Држави (САД) одржаа прв состанок на трговски совет во рамките на нивниот билатерален механизам за економски и трговски консултации, соопшти кинеското Министерство за трговија. 

Кина и САД разговараа за царините и трговијата

Двете страни преку видео-врска разговараа за аранжман за взаемно намалување на царините – кој опфаќа стоки во вредност од 30 милијарди долари од секоја страна – како и за трговијата со земјоделски производи и други прашања, објави весникот *Global Times*. Во своето соопштение, кинеското Министерство наведе дека разговорите биле искрени и конструктивни.

„Двете страни ќе продолжат да го користат овој совет за решавање на трговските прашања, проширување на соработката и намалување на преостанатите проблеми“, се додава во соопштението.

Хе Јадонг, портпарол на кинеското Министерство за трговија, претходно изјави дека взаемното намалување на царините би можело да помогне во стабилизирање и проширување на вкупната трговија меѓу Кина и Соединетите Држави.

Тој нагласи дека двете страни остануваат во близок контакт во врска со спроведувањето на договорот и го повика Вашингтон да соработува со Пекинг за да се осигура дека оваа трговска рамка наскоро ќе стапи на сила, со што ќе се олесни трговијата со земјоделски производи, пренесува Танјуг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер