ДКСК не ги прифати приговорите од „Левица" и коалицијата „Најдоброто за мојата општина"

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска во рамки на 52.седница ги одби приговорите кои на 5 октомври до неа ги поднеле политичката партија Левица и коалицијата „Најдоброто за мојата општина" предводена од СДСМ .

ДКСК денеска во рамки на 52.седница ги одби приговорите кои на 5 октомври до неа ги поднеле политичката партија Левица преку застапник по закон проф.д-р Димитар Апасиев и коалицијата „Најдоброто за мојата општина" предводена од СДСМ преку подносител Бранко Георгиевски. На седницата ДКСК одлучи постапката по изнесените наводи да ја запре.

Членот на ДКСК, Нури Бајрами, кој го образложи првиот приговор, рече дека наводите од приговорот на „Левица" за финансирањето на политичкото рекламирање на кандидатката Данела Арсовска, не се потврдени и правно неиздржани и затоа ДКСК не е во можност да предлага мерки во согласност со своите надлежности.

Од анализата на изнесените наводи од приговорот и посочените одредби на Изборниот законик, како што посочи Бајрами, се потврдува дека Арсовска и коалицијата „Обнова за Македонија" настапуваат како два различни субјекта и нема склучено официјален писмен договор за коалиција на двете страни

Потенцира и дека е точно оти Арсовска ги користи правата на медиумско претставување и финансиските средства за платено политичко рекламирање кои се предвидени и следуваат на опозициската коалиција „Обнова на Македонија", што се потврдува преку писмениот одговор добиен од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Во одговорот покрај наведено стои дека според обработените снимки од програмите на радијата и телевизиите не регистрирале политичко рекламирање со Данела Арсовска, а во дел од емитуваното платено политичко ркеламирање нарачано од ВМРО-ДПМНЕ и на радија и на телевизија има спотови и за таа кандидатка. Во продолжение на одговорот од Агенцијата се вели дека рекламирањето на Арсовска во рамки на платеното политичко рекламирање нарачано од ВМРО-ДПМНЕ не е спротивно на упатството за платено политичко рекламирање за локалните избори, истакна Бајрами.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во врска со вториот приговор, рече дека според распоредот од ДИК, независниот кандидат Максим Димитриевски кој е кандидат за градоначалник на Куманово има добиено три локации, додека во приговорот стои дека има девет локации дополнително обезбедени преку системот „прв дојде и прв услужен".

Во приговорот се наведува дека со низа дејствија на независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово предложен од група избирачи „За наше Куманово", Максим Димитриевски му е овозможено да користи поголем број рекламни паноа и билборди од предвидените 10 проценти согласно ченот 78 став 4 алинеја 4, а во врска со ставот 2 на истиот член од Изборниот законик како вкупен процент на дозволени рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање на територијата на определена општина, а во случајот општината Куманово.

– Тој своите три билборди си ги користи и плус останатите ги користи заради тоа што законот му дава право, меѓутоа моментот како да се користат неискористените, не е регулиран, и ние од тука немаме основ како било да изреагираме односно да изречеме мерка во однос на независниот кандидат, додаде Ивановска.

Јутјубер уништи McLaren Sennа, вреден над милион долари (ВИДЕО)

Еден од најдобрите хипер спортски автомобили не издржа долго во рацете на популарниот Јутјубер.

Едмонд Бресегијан, познат како Монди на Јутјуб, се судрил со својот Hummer EV минатата година веднаш по излегување од салонот, откако возел десет километри.

Тоа не го спречи да добие нов автомобил. Неодамна на тој начин купи Мекларен Сена, со опции кои чинат стотици илјади долари. Вреден повеќе од милион долари, но и наменет за оние со возачки вештини и здрав разум, овој автомобил однапред беше осуден на брз крај.

McLaren Senna Crashes in LA
byu/slattdemon99 inmclaren

А тоа се случи неодамна во Лос Анџелес, кога Монди решил уште еднаш да ги покаже своите возачки способности. Секако, тој не успеа да ја контролира траекторијата на возилото и по кратко време со изгорени гуми, слета од патот и влезе во застапништвото на Lexus. И тоа беше крајот за првиот примерок на Сена кој пристигна во Америка.

Германците ги обвинија Русите за кибер напади, тврдат дека се тоа државни хакери

Рускиот вршител на должноста амбасадор во Германија денеска беше поканет на интервју во германското Министерство за надворешни работи поради наводниот руски сајбер напад .

Рускиот вршител на должноста амбасадор во Германија денеска беше поканет на интервју во германското Министерство за надворешни работи поради наводниот руски сајбер напад врз централната канцеларија на Германската социјалдемократска партија (СПД) минатата година.

Вршителот на работите одлучно ги отфрлил тие обвинувања како неосновани, се вели во соопштението за печатот од руската амбасада во Берлин, пренесува ТАСС.

„На 3 мај 2024 година, рускиот вршител на должност во Германија беше повикан во германското Министерство за надворешни работи, каде што му беше даден демарш во врска со наводно докажаниот сајбер напад на хакерската група АРТ 28 под контрола на ГРУ (воена разузнавачка агенција) на централната канцеларија на Социјалдемократската партија на Германија во 2023 година“, соопшти амбасадата.

Во соопштението се наведува дека „претставникот на амбасадата категорично ги отфрли како неосновани наводите за вмешаност на руски државни структури во споменатиот случај и општо за активностите на групата АРТ 28“.

„Го сметаме потегот на германското Министерство за надворешни работи како уште еден непријателски чекор насочен кон поттикнување на антируските чувства во Германија што може дополнително да ги оштети руско-германските односи“, соопшти амбасадата.

Според извештаите, германската страна на состанокот во Министерството за надворешни работи тврдела дека наводните „напади на руски државни хакери врз Германија во сајбер просторот се неприфатливи, за осуда и може да имаат последици“.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно денеска за време на нејзината посета на Австралија изјави дека руски државни хакери ја нападнале Германија во сајбер-просторот.

СПД во јуни 2023 година објави дека сметките за е-пошта на извршниот директор на СПД претходно биле цел на сајбер напад во јануари, објави Велт.

Партијата тогаш објави дека тоа е овозможено поради безбедносен пропуст во софтверската компанија Мајкрософт, која сè уште била непозната во моментот на наводниот напад.

Портпаролката на СПД истакна дека постои можност за време на рускиот напад да имало одлив на податоци.

„Денес јасно можеме да го припишеме овој минатогодишен напад на групата АПТ28, која е контролирана од руската тајна служба ГРУ. Ова е целосно неприфатливо и нема да помине без последици“, рече Бербок.

Според германската канцеларија за заштита на уставот, групата APT28 е активна ширум светот, пред се во областа на сајбер шпионажата, најмалку од 2004 година.

Во минатото, како што наведуваат од Канцеларијата, оваа група водела дезинформации и пропагандни кампањи во сајбер просторот и е „меѓу најактивните и најопасните сајбер актери во светот“.

И германската Федерална канцеларија за заштита на уставот смета дека АПТ28 е дел од руската воена разузнавачка служба ГРУ, пишува „Велт“.

Се вели дека групата е обвинета за голем сајбер напад врз Бундестагот во 2015 година, а подоцна и во САД за напад врз Демократската партија пред претседателските избори во 2017 година.

Комеморации во Србија за жртвите на ланското масовно убиство на девет млади луѓе

Во селата Мало Орашје и Дубона кај Белград денеска започна комеморативна програма во спомен на жртвите од масовното убиство на 4 мај минатата година, второ во последните два дена.

Пред една година, доцна во ноќта, 21-годишниот Урош Блажиќ со автоматско оружје уби девет млади лица - Никола Милиќ (14), Александар Миловановиќ (17), Марко Митровиќ (17), братот и сестрата Кристина (18) и Милан Паниќ (22) Лазар Миловановиќ (19), Немања Стевановиќ (21), Далибор Тодоровиќ (24) и Петар Митровиќ (25), а повреди уште 12, објави Индекс.

Злосторството се случило еден ден по масовното убиство на основците во училиштето „Владисалв Рибникар“. Заедно со Урош Блажиќ, обвинителството предложило максимална казна од 20 години за неговиот татко за неовластено поседување на поголема количина оружје, муниција и експлозивни материјали, додека за истите кривични дела се товарат и неговиот вујко и синот на вујкото, со понизок предлог за казна. Заедно со семејствата и роднините на убиените, на комеморативната средба присуствуваа пријатели, колеги од училиште и родители на загинатите ученици во ОУ „Владислав Рибникар“, кои ден претходно ја одбележаа годишнината од убиството на нивните деца кои биле убиени од врсник. Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговите колеги, исто така, им оддадоа почит на жртвите на масовните убиства во Мало Орашје и Дубона.

Двете масовни убиства на 3 и 4 мај минатата година беа извршени за помалку од 48 часа. Откако 13-годишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај за време на првиот час со пиштолот на татко му го уби училишниот чувар и деветмина негови соученици, а рани уште петмина и наставник, на 4 мај доцна во ноќта, 21-годишен млад човек изврши масакр во две села кај Младеновац и Смедрево и зад себе остави девет жртви и 12 ранети.

Тие две злосторства минатиот мај се одбележаа со повеќемесечните протести „Србија против насилството“ на кои учествуваа стотици илјади луѓе низ целата земја.

притисни ентер