Германците ги обвинија Русите за кибер напади, тврдат дека се тоа државни хакери - Канал 5

Германците ги обвинија Русите за кибер напади, тврдат дека се тоа државни хакери

Рускиот вршител на должноста амбасадор во Германија денеска беше поканет на интервју во германското Министерство за надворешни работи поради наводниот руски сајбер напад .

Германците ги обвинија Русите за кибер напади, тврдат дека се тоа државни хакери

Рускиот вршител на должноста амбасадор во Германија денеска беше поканет на интервју во германското Министерство за надворешни работи поради наводниот руски сајбер напад врз централната канцеларија на Германската социјалдемократска партија (СПД) минатата година.

Вршителот на работите одлучно ги отфрлил тие обвинувања како неосновани, се вели во соопштението за печатот од руската амбасада во Берлин, пренесува ТАСС.

„На 3 мај 2024 година, рускиот вршител на должност во Германија беше повикан во германското Министерство за надворешни работи, каде што му беше даден демарш во врска со наводно докажаниот сајбер напад на хакерската група АРТ 28 под контрола на ГРУ (воена разузнавачка агенција) на централната канцеларија на Социјалдемократската партија на Германија во 2023 година“, соопшти амбасадата.

Во соопштението се наведува дека „претставникот на амбасадата категорично ги отфрли како неосновани наводите за вмешаност на руски државни структури во споменатиот случај и општо за активностите на групата АРТ 28“.

„Го сметаме потегот на германското Министерство за надворешни работи како уште еден непријателски чекор насочен кон поттикнување на антируските чувства во Германија што може дополнително да ги оштети руско-германските односи“, соопшти амбасадата.

Според извештаите, германската страна на состанокот во Министерството за надворешни работи тврдела дека наводните „напади на руски државни хакери врз Германија во сајбер просторот се неприфатливи, за осуда и може да имаат последици“.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно денеска за време на нејзината посета на Австралија изјави дека руски државни хакери ја нападнале Германија во сајбер-просторот.

СПД во јуни 2023 година објави дека сметките за е-пошта на извршниот директор на СПД претходно биле цел на сајбер напад во јануари, објави Велт.

Партијата тогаш објави дека тоа е овозможено поради безбедносен пропуст во софтверската компанија Мајкрософт, која сè уште била непозната во моментот на наводниот напад.

Портпаролката на СПД истакна дека постои можност за време на рускиот напад да имало одлив на податоци.

„Денес јасно можеме да го припишеме овој минатогодишен напад на групата АПТ28, која е контролирана од руската тајна служба ГРУ. Ова е целосно неприфатливо и нема да помине без последици“, рече Бербок.

Според германската канцеларија за заштита на уставот, групата APT28 е активна ширум светот, пред се во областа на сајбер шпионажата, најмалку од 2004 година.

Во минатото, како што наведуваат од Канцеларијата, оваа група водела дезинформации и пропагандни кампањи во сајбер просторот и е „меѓу најактивните и најопасните сајбер актери во светот“.

И германската Федерална канцеларија за заштита на уставот смета дека АПТ28 е дел од руската воена разузнавачка служба ГРУ, пишува „Велт“.

Се вели дека групата е обвинета за голем сајбер напад врз Бундестагот во 2015 година, а подоцна и во САД за напад врз Демократската партија пред претседателските избори во 2017 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир Костов

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопруг

Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. 

Кога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопруг

Раздразливост, недостаток на енергија, лош сон и намалена концентрација можат да бидат знаци на „синдром на несреќен сопруг“, што се поврзува со постепено опаѓање на нивото на тестостерон кај мажите.

Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Помалку е познато дека и мажите, со текот на годините, минуваат низ хормонални промени кои влијаат како на телото, така и на расположението. Во науката, оваа фаза се нарекува андропауза – популарно позната како „машка менопауза“ – додека промените во расположението што ја придружуваат, во секојдневниот говор се нарекуваат и „синдром на несреќен сопруг“.

Кај мажите, нивото на тестостерон почнува постепено да опаѓа веќе после триесеттите години. Додека кај жените производството на женски хормони нагло опаѓа за време на менопаузата, кај мажите овој процес се одвива побавно. Тестостеронот не исчезнува целосно, но телото го произведува во сè помали количини.

Намаленото ниво на тестостерон може да предизвика изразени промени во расположението, при што раздразливоста е еден од главните симптоми. Мажот може да стане поимпулсивен и да се вознемирува поради ситници на кои инаку не би реагирал.

Сепак, хормоните не се оправдување. Иако падот на тестостеронот придонесува за лошо расположение, мажот сепак е одговорен за своите емоции и постапки; истурањето на гневот врз партнерката е неприфатливо. Првиот чекор е да се препознаат промените и за нив да се разговара со лекар или специјалист.

Чести симптоми се и губењето на енергијата и ентузијазмот. Ако мажот повеќе не покажува интерес за активности во кои претходно уживал, тоа може да биде знак за депресија, која може да биде поттикната токму од падот на нивото на хормоните. Депресијата може да се развие постепено или да се појави ненадејно. Во двата случаи, таа го нарушува квалитетот на животот – како на лицето што минува низ неа, така и на неговиот партнер, пишува „Your Tango“.

Затоа се важни отворените разговори за менталното здравје, особено за мажите, кои често се учени дека ранливоста е слабост. Напротив, барањето помош е знак на сила и грижа за себе.

Хормоналните промени можат да влијаат и на квалитетот на сонот. Ако мажот ноќе немирно се превртува во креветот, тоа исто така може да биде поврзано со андропаузата. Доволниот сон е неопходен за физичка и емоционална рамнотежа, па затоа е најдобро за промените во сонот да се разговара со лекар. Намаленото ниво на тестостерон може да го отежне концентрирањето, фокусирањето и краткорочното помнење, или пак да го промени начинот на кој мажот ги обработува информациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владимир Божиновски, Љупчо Зиков и Љуљзим Фаризи во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Владимир Божиновски, Љупчо Зиков и Љуљзим Фаризи

Владимир Божиновски, Љупчо Зиков и Љуљзим Фаризи  во „Само вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер