ДКСК: ИВЗ пет години не доставила извештај за работењето до Централен регистар

Последните пет години Исламската верска заедница не доставила основен извештај и годишна сметка до Централниот регистар.

Поради непреземање на мерки од страна на Централниот регистар, Антикорупциската комисија ќе поведе иницијатива за утврдување на одговорност на директорот и на службени лица од таа институција до Владата. ДСКС од УЈП ќе се побара да достави записник за извршената финансиска контрола за работењето на ИВЗ за период од 1 јануари 2014 до 31 декември 2018 година. Антикорупциска ќе го почека записникот за да одлучи какви мерки ќе преземе, а за ова ќе ја извести и Владата, информира антикорупционерот Нури Бајрами.

– Од Министерството за финансии добивме информација дека ИВЗ, по основ на враќање на имот, добила обврзници во висина од 9.100.000 евра, како компензација за имот кој не може да се врати, или поконкретно се работи за над 48.000 квадратни метри земјиште и 210 квадрати станбен простор, вели Бајрами.

Тој информира дека за злоупотребата на финансиското работење на ИВЗ е доставена пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал, а до Антикорупциска била доставена копија од пријавата и биле приложени 116 докази. Поради постапката во обвинителството, Бајрами рече дека не може да ги презентира тие докази.

– Обвинителството треба да одлучи дали врз основа на пријавата ќе биде поднесен обвинителен акт. Кога ќе одлучи ЈО, јавноста ќе биде известена, вели Бајрами.

Од Антикорупциската комисија ќе побараат проверка на регулативата, односно на Законот за црква, верски заедници и религиозни групи, Законот за здруженија и Законот за сметководство на непрофитните организации, бидејќи не се сите под ист назив, а некој може да создаде конфузија меѓу непрофитни, здруженија на граѓани и здружени граѓани, појасни членот на ДКСК Бајрами.

Тој информира дека до ДКСК на 1 ноември 2019 била поднесена пријава за сомневање за незаконитости. и злоупотреба на финансиски средства од страна на раководители и верски службеници на ИВЗ. Од ИВЗ реагирале дека нејзините пари не се од државниот буџет па затоа ДКСК нема право да се меша во нејзината автономија. Но, Бајрами појасни дека службените лица од сите институции, одговараат пред нив. Тоа што тие не иницирале постапки за недоставување на извештај, што веднаш спаѓа под надлежност на ДКСК, бидејќи непреземале дејствија

Тој му порача на доскорешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи дека „никој не е над законот, па ниту ИВЗ". /МИА

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Барселона не може да го купи Феликс од Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс може да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Cadena SER“. Правата над фудбалерот му припаѓаат на Атлетико Мадрид.

Раководството на каталонскиот тим поради финансиски проблеми не може да си дозволи да купи играч за 60-70 милиони евра.

Инаку, самиот Феликс сака да остане во Барселона.

Дваесет и четиригодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и три асистенции.

Феликс кариерата ја почна во Бенфика од каде направи трансфер во Атлетико Мадрид. Во 2023 најпрво замина на позајмица во Челзи, па во Барселона. /МИА

Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. 

Офанзивата на Израел врз Рафа, најверојатно, ќе убие повеќе цивили и се спроведува и покрај експлицитните предупредувања против неа од земјите-членки на Европската унија и САД, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

- Офанзивата на Рафа повторно почна, и покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската унија, сите бараат од Нетанјаху да не напаѓа, изјави Борел, пренесува Тајмс оф Израел.

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. /МИА

притисни ентер