Џудистката Реџепи го заврши настапот на ОИ - Канал 5

Џудистката Реџепи го заврши настапот на ОИ

Македонската џудистка Арбреша Реџепи издржа само една минута во своето деби на Олимписките игри.

Џудистката Реџепи го заврши настапот на ОИ

Таа утринава во категоријата до 52 килограми загуби со 11:0 од Челси Џил од Велика Британија со ипон во првата рунда.

Од осумте македонски натпреварувачи на Олимпијадата во Токио, своите настапи покрај Реџепи ги завршија уште и Борјан Бранковски кој вчера беше 21-ви во квалификациите во стрелаштво – воздушен пиштол 10 метри, како и пливачот Филип Деркоски кој заврши на последното место во квалификациите на 400 метри слободно.

Следен Македонец кој ќе се појави на борилиштата во Токио е Георгиевски Дејан, во дисциплината таеквондо во категоријата +80 кгр. неговиот настап е предвиден за 27 јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Македонија останува силна и значајна

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар.

Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Македонија останува силна и значајна

На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји и континуираната поддршка на Словачка за европската перспектива на Македонија и на Западен Балкан.

Сали му се заблагодари на министерот Бланар за гостопримството и за континуираниот ангажман на Словачка во одржувањето на политиката на проширување високо на агендата на Европската Унија, особено истакнувајќи ја активната улога на Братислава во рамки на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

„Европската иднина на Македонија е наша стратешка определба и остануваме целосно посветени на реформите и исполнувањето на обврските што произлегуваат од процесот на пристапување. Истовремено, од суштинско значење е процесот да остане кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, при што исполнувањето на договорените обврски ќе биде проследено со конкретен напредок“, истакна Сали.

Во овој контекст, беше разговарано и за значењето на добрососедските односи и потребата билатералните прашања да се решаваат преку дијалог, меѓусебно разбирање и почитување, притоа зачувувајќи го европскиот и реформскиот карактер на пристапниот процес.

Сали истакна дека Македонија останува посветена на конструктивен дијалог со Бугарија и на градење одржливи добрососедски односи, нагласувајќи ја важноста европскиот процес да обезбеди предвидливост и сигурност дека исполнувањето на договорените обврски ќе овозможи напредок кон следните фази од преговорите.

Соговорниците разговараа и за постепената интеграција на земјите кандидати во политиките и единствениот пазар на ЕУ, спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка и размена на словачкото искуство во процесот на европска интеграција.

Сали нагласи дека поддршката од пријателски и партнерски земји како Словачка е значајна како за напредокот на Македонија кон ЕУ, така и за зачувување на кредибилитетот на политиката на проширување во целиот Западен Балкан.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Почетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Град Скопје: Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење на граѓаните.

Почетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

На просторот, кој со години беше оптоварен со дива депонија, ќе биде создаден современ парк со богато зеленило и содржини за сите генерации. Предвидено е да бидат засадени околу 1.000 дрвја, од кои повеќе од 800 листопадни, а останатите зимзелени.

Паркот ќе располага со пристапни пешачки патеки, детски катчиња за игра и забава, како и простори за одмор и дружење, со што ќе создаде ново место за секојдневно поминување на слободното време на жителите на Ново Лисиче и граѓаните на Скопје.

„Секое ново дрво е влог во почист воздух, повеќе сенка и поздрава средина за нашите деца. Сакаме овој парк да живее со смеата на најмладите, со прошетките на семејствата и со средбите на нашите повозрасни сограѓани. Место во кое секоја генерација ќе пронајде свое катче“, беше истакнато при означувањето на почетокот на изградбата.

Со реализацијата на овој проект, заедно со парковите кои веќе се изградени и оние на кои се работи, вкупната површина на парковско зеленило што се создава во Скопје достигнува околу 200.000 квадратни метри.

„Грижата за градот започнува со грижата за луѓето. Секое семејство треба да има простор за прошетка, секое дете место за игра и создавање убави спомени, а секоја населба зеленило какво што заслужува. Продолжуваме да го градиме Скопје рамномерно, во секоја општина, со еднаква посветеност кон секој граѓанин“, беше порачано денеска.

Новиот парк во Ново Лисиче претставува уште еден чекор кон создавање почист, позелен и поквалитетен градски простор, со повеќе места за престој на отворено и подобри услови за живот на сите генерации.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за две лица за убиството во Дуќанџик

Две лица добија кривична пријава за убиство што пред пет дена се случи во населбата Дуќанџик во Скопје.

Кривична пријава за две лица за убиството во Дуќанџик

Како што информираат од министеството за внатрешни работи, по преземени мерки и активности, единицата за насилен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С., поради сомнение за дека сториле убиство.

Двајцата, на 6 септември, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“ во Скопје, од мотоцикл пукале со огнено оружје кон група лица.

При пукањето бил погоден 26 годишниот А.М од Скопје, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер