Славниот оскаровец Џорџ Клуни според пишувањето на медиумите во Америка, наводно ја прекинал врската со својата досегашна девојка Стејси Киблер.
51 годишниот Клуни и 33 годишната Стејси се во врска повеќе од една и пол година , но „Хафингтон пост “пишува дека двојката 2тивко3 без многу бука минатата недела ја раскинала врската.
-Разликата во години не е најголемиот проблем ,туку разликата во карактерите. Стејси сака да излегува и да се забавува, а Џорџ е повеќе за помирни варијанти. Во последните неколку недели двојката многу малку разговараше, едноставно тие сакаат различни работи, изјавил извор близок на двојката.
Џорџ Клуни и Стејси Киблер неодамна заедно се појавија на црвениот тепих на доделувањето на Оскарите, но оттогаш повторно не се видени заедно.
Засега нема реакција од Клуни кој вообичаено многу ретко зборува и коментира за својот приватен живот.