Џорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожар - Канал 5

Џорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожар

Познатиот актер, холивудската ѕвезда Џорџ Клуни бил принуден да го напушти домот со сопругата Амал и близнаците.

Џорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожар

Франција со денови се бори со разорни пожари што беснеат долж јужниот брег, поради што беше неопходна евакуација на стотици илјади луѓе, меѓу кои и Џорџ и Амал Клуни.

Тие побегнаа од пожарот заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег.

Претставник на семејството на Џорџ Клуни потврди дека тие преку писмо го известиле градоначалникот на Брижол, Дидие, за евакуацијата.

– Драг Дидие, во овој момент немаме претстава дали нашиот прекрасен дом ќе ги преживее овие страшни моменти – наведоа тие во писмото.

Тие изјавија дека се надеваат оти сите нивни сограѓани се безбедни и нагласија дека се поврзани со локалната заедница. Џорџ Клуни, кој заедно со своето семејство доби француско државјанство кон крајот на 2025 година, оваа година се најде на листата на 500-те најбогати луѓе во Франција, благодарение на својата актерска кариера, но пред сè на своите деловни потфати.

– Амал и јас сакаме да кажеме дека, без оглед на тоа што ќе се случи со нашето село, ќе останеме дел од оваа заедница и ќе учествуваме во нејзината обнова. Ги сакаме Брижол и нашите пријатели што живеат таму – напишаа тие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Во чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност.

Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет.

Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синдикатите на автомобилски гигант го отфрлија планот за замрзнување на платите и бонусите

Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година.

Синдикатите на автомобилски гигант го отфрлија планот за замрзнување на платите и бонусите

Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година и можноста за укинување на бонусите, објави „Ројтерс“.

Претседателот на синдикатот „ОС КОВО“, Јарослав Повшик, на состанок со членовите на синдикатот изјави дека вработените нема да прифатат замрзнување на платите или укинување на бонусите, објави „Ројтерс“.

„Фолксваген“ планира да ги замрзне платите на околу 660.000 вработени низ целиот свет до 2030 година, соопшти работничкиот совет на групата претходно оваа недела, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за плановите за намалување на трошоците.

Мерките се дел од пошироката стратегија на „Фолксваген“ за подобрување на финансиската одржливост и спроведување реструктуирање на бизнисот во услови на зголемени негативни влијанија врз автомобилската индустрија.

„Шкода“ е еден од клучните производители во чешката индустрија, со три фабрики и развиена мрежа на добавувачи.

Компанијата беше профитабилна и имаше повисоки маржи на профит од некои други брендови во рамките на групацијата „Фолксваген“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Метеоролог предупреди на нови поплави во Истанбул по силните врнежи, загрозени се и други градови

Турскиот метеоролог Орхан Шен денеска изјави дека Истанбул ќе доживее обилни дождови во наредните денови и дека е потребна претпазливост поради можни нови поплави и излевања на реките.

Метеоролог предупреди на нови поплави во Истанбул по силните врнежи, загрозени се и други градови

Тој рече дека бурата прво ќе ја погоди Тракија, а ќе стигне до Истанбул во петок навечер, објави порталот Хуриет.

„Ситуацијата ќе стане уште покомплицирана следната недела. Системот на дождови што доаѓа од Медитеранот е опасен. Може да предизвика поплави и излевања на вода. Анталија, Фетије, Финике, Мармарис и Бодрум се места каде што може да се појават поплави“, рече Шен.

Според прогнозите на Генералниот директорат за метеорологија, нова воздушна маса што се очекува да влезе во земјата од Балканот ќе се почувствува низ целиот регион од петок, особено во Истанбул.

„Се предвидува дека северните и источните делови на земјата ќе бидат претежно облачни на места, западниот дел од Мармара, источното Црно Море и источните делови од источна Анадолија ќе имаат врнежи од дожд и грмотевици, додека времето во другите делови ќе биде променливо до претежно ведро“, се вели во соопштението.

Шест лица загинаа во Истанбул поради поплавите што го погодија градот на 14 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер