Џонсон Мети го произведе 120 милионитиот производ во Скопје - Канал 5

Џонсон Мети го произведе 120 милионитиот производ во Скопје

Џонсон Мети Македонија го произведе и испорача 120 милионитиот производ (катализатор) на глобално ниво. 

Џонсон Мети го произведе 120 милионитиот производ во Скопје

Од своето лансирање во 2009 година, Џонсон Мети во Скопје прерасна во место каде што нивните производи се достапни во повеќе од 40 земји во Европа. Секое трето тешко или лесно возило во Европа има парче произведено во Македонија. Ова извонредно достигнување претставува значајна пресвртница во производството.

„Ние го прилагодуваме нашето работење на тековните економски предизвици за да продолжиме да ги задоволуваме потребите на нашите клиенти и да ја одржуваме понудата на нашите производи и услуги. Иако е предизвик, успеавме да испорачаме навремено и по највисоки можни стандарди. Ако продолжиме да даваме приоритет на безбедноста, да работиме паметно и како тим за да ги поддржиме нашите клиенти, тогаш ќе имаме многу повеќе пресвртници и многу повеќе прилики за прослави“, вели директорот на Џонсон Мети, Боријан Борозанов.

За да го одбележи ова достигнување, тимот на Џонсон Мети одлучи да ги донира предвидените средства за прослава на Училиштето за деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје. Вработените сакаат да го дадат својот дел за да им олеснат на малите деца со оштетен вид полесно да се движат во нивната околина во безбедна средина. Компанијата ќе продолжи да дава поддршка за да им го осветли патот на овие деца кон нивниот успех и да им овозможи да напредуваат во свет со видлив поглед.

Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети.

Џонсон Мети ја одбра Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Етна повторно прави „хаос“ на Сицилија

Вулканот Етна повторно е активен, а испуштањето вулканска пепел веќе почна да го попречува воздушниот сообраќај на Сицилија. 

Етна повторно прави „хаос“ на Сицилија

Облакот од вулканска пепел достигна висина од околу четири километри и се движи кон југ, во правец на Катанија и нејзиниот аеродром „Фонтанароса“, пишува „Ла Сицилија“.

Поради опасноста за воздушниот сообраќај, летовите кон и од аеродромот во Катанија се суспендирани .

Компанијата SAC, која управува со аеродромите во Катанија и Комизо, соопшти дека поради испуштањето пепел од Етна и правецот на ветровите на поголеми височини, продолжено е затворањето на воздушниот простор што ги опфаќа секторите C1 и B3.

Станува збор за делови од воздушниот простор каде што вулканската пепел би можела да претставува опасност за воздухопловите. Податоците за движењето на облакот се засноваат на пресметки на Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) и се објавуваат преку билтените VONA, односно известувањата од вулканолошката опсерваторија наменети за авијацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност

Делегација предводена од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески е во неколкудневна  работна посета на Словенија.

Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност

Во рамки на посетата, заедно со претставници од повеќе институции ќе се реализираат работни средби со високи претставници од релевантните институции во Република Словенија во однос на законската рамка, институционалните практики и примената на правото на Европската Унија во областа на трудот, миграцијата и трудовата мобилност.

Во рамки на престојот ќе бидат посетени и реализирани средби со високи претставници на Министерството за економија, труд и спорт, Агенцијата за вработување на Словенија, Министерството за внатрешни и јавни работи, како и Канцеларијата за поддршка и интеграција на мигранти, каде ќе се презентираат искуствата на Република Словенија во примената на релевантното законодавство на Европската Унија и практичното спроведување на политиките во оваа област.

Целта на студиската посета е размена на искуства кои ќе дадат придонес во унапредувањето на политиките и институционалната рамка во областа на трудот и трудовата мобилност, во согласност со европските стандарди.

Студиската посета е организирана од страна на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), во рамки на проектите „Искористување на потенцијалот на дијаспората за напредување во пристапувањето кон Европската Унија и мобилноста на работната сила во Западен Балкан“ и „Регионалната програма за управување со миграцијата (RMGP) – фокус на Западен Балкан и Република Турција“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центрите

Арамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центрите -на сметка на народната струја, народната вода и сметките на граѓаните.

СДСМ: Арамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центрите

Шефот на ВМРО-ОКГ повторно рече дека процесот со дата центри е „неповратен“. Кај него е неповратно затоа што веќе ја договорил својата провизија.

Се крие само она што мора да го скрие: кој инвестира, која струја ќе ја јаде, која вода ќе ја пие, каде оди загреаната вода и која провизија седнува за договорот.

СДСМ веќе го праша. Компанија тврди дека има обезбедено 100 мегавати струја и директен пристап до Вардар. Тврди дека Владата дала зелено светло.

А Владата зборува за роботи и Азија, како да сме на саем, не во држава каде што ЕСМ тоне, струјата се увезува скапо, а граѓаните со недели чекаат извештај за тоа што пијат.

Прашањата остануваат.

Кој е инвеститорот?

Која струја ќе ја троши центарот - домашна или увозна, која на крај влегува во сметката на граѓаните?

Која вода ќе ја цица - од Вардар или Лепенец кои веќе се трујат, Треска каде умира риба, или од чешмата во Гостивар?

Каде оди загреаната вода? Во река. Во истата река од која потоа пак се пие, а рибата умира.

Еден голем дата-центар троши струја колку цел град.

Во Ирска центрите веќе јадат над 20 проценти од националната електрична енергија - повеќе од сите градски домаќинства заедно.

Затоа Даблин со години држеше кочница на нови приклучоци.

Амстердам забрани нови центри најмалку до 2030.

Сингапур стави мораториум, па пушти само под најстроги услови.

Њујорк замрзна големи објекти над 50 мегавати.

Град во Калифорнија ги забрани на референдум.

Малезија ги запре системите што се ладат со вода до 2027, заради суша.

Во Чиле проект падна затоа што ќе ги цедеше водоносните слоеви.

Не затоа што светот е против технологија. Затоа што држава што нема струја и вода за своите луѓе не смее прво да ги раздаде на сервери.

Има и бучава. Има агрегати и ладење деноноќно. Има соседство што се празни. Македонија веќе се празни.

Младите си одат поради плата, воздух, вода и иднина. Да им додадеш уште еден индустриски шум и уште една дупка во мрежата не е развој. Тоа е забрзување на иселувањето.

СДСМ не е против дигитализација. Ова не е дигитализација. Ова е хардвер за туѓа дигитализација.

СДСМ е против кражба облечена во сервер. Нема датум. Нема име на инвеститор. Нема јавен договор за мегавати и литри.

Нема проект. Има провизија што бара покритие.

Додека Мицкоски зборува за иднина, граѓаните гледаат сметка која тие ја плаќаат. Затоа што струјата ќе ја платат тие. Без вода ќе останат тие. Бучавата ќе ја слушаат тие. А провизијата ќе ја земе бандата.

Кој крие инвеститор, крие цена. Кој крие цена, ја знае однапред. А ја плаќате вие.

Скопје, 15.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер