Џонсон и Столтенберг:Западот мора да се подготви за долга војна во Украина

Западот мора да се подготви за долга војна во Украина, бидејќи Русија напредува во битката за контрола на истокот на земјата, изјавија и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и британскиот премиер Борис Џонсон.

И двајцата ја истакнаа потребата да се спречи идната руска агресија.

Столтенберг изјави дека никој не знае колку долго ќе трае конфликтот, но „треба да се подготвиме за фактот дека може да потрае со години“.

„Не смееме да престанеме да ја поддржуваме Украина. Дури и ако трошоците се високи, не само за воената поддршка, туку и поради зголемените цени на енергијата и храната.

Борис Џонсон, по неговата втора посета на Киев во петокот, рече дека западните сојузници мора „да се челичат за долга војна, бидејќи Путин се обидува да ја уништи Украина со чиста бруталност“.

Џонсон рече дека заземањето на целиот украински Донбас, кој покрива голем дел од источна Украина, била цел на Путин во последните осум години „кога тој го запали сепаратистичкиот бунт и ја започна својата прва инвазија“.

.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан со историски резултат на изборите

Актуелниот градоначалник на Лондон освои рекорден трет мандат како прв човек на британската престолнина.

Кан освои историски трет мандат со сите 14 изборни единици во Лондон објавени досега, пренесува Sky News.

Тој ја доби довербата на 43,7 отсто од гласачите.

Неговата конзервативна ривалка Сузан Хол освои 32,6%.

Излезноста била 40,5%.

Во Лабуристичката партија имало стравувања дека резултатите од гласањето ќе бидат многу поблиски поради загриженоста за слабиот одѕив.

Сепак, Кан собрал 1.088.225 гласови, наспроти 811.518 на Хол.

Кан сега е првиот човек кој освоил трет мандат како градоначалник на Лондон.

Православните христијани ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението...

Верниците ги прават последните подготовки, а се подготвуваат и црквите во земјава...

Пред Соборниот храм е Дејан Трајкоски, какви се обичаите за денешниот ден и од колку часот треба да почне вечерната литургија?

Грузискиот премиер до Американците: Јас не ви приговарав на вас за вашата полициска бруталност

Грузискиот премиер Иракли Кобахиџе ги критикуваше американските официјални лица за давање „лажни изјави“ за контроверзниот закон на неговата влада за „странски агенти“, кој наиде на големи протести во Тбилиси и критики од западните официјални лица.

Законот ќе бара од невладините организации и медиумите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство, да се регистрираат како агенти со странско влијание. САД тврдат дека законот е инспириран од Кремљ и некомпатибилен со демократските вредности.

Кобахиџе, од владејачката партија Грузиски сон, му одговори на Вашингтон. „Лажните изјави на претставници на американскиот Стејт департмент за уличните собири и нацрт-законот за транспарентност нѐ потсетуваат на слични лажни изјави на поранешниот американски амбасадор во 2020-2023 година“, рече тој.

Да потсетиме, во вторникот вечерта грузиските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови за да ја растераат толпата демонстранти. Западните политичари и локалната опозиција изразија загриженост поради полициската репресија.

Владата инсистира на законот и покрај зголемениот гнев во јавноста и постојаното предупредување дека потегот може да ги загрози аспирациите на земјата за членство во Европската унија, пишува Политико.

„Законодавството на Грузискиот сон и антизападната реторика ја ставаат Грузија на несигурен пат. Ги повикуваме властите да им дозволат на ненасилните демонстранти да продолжат да го користат своето право на слобода на изразување“, соопшти Стејт департментот.

Кобахиџе возврати дека „не ја изразува својата загриженост поради бруталното задушување на студентскиот протестен собир во Њујорк“, очигледно мислејќи на пропалестинските протести на универзитетите во Њујорк за време на кои беа уапсени повеќе од 300 демонстранти.

Поддржувачите на законот во партијата Грузиски сон велат дека законот е направен според американскиот Закон за регистрација на странски агенти (ФАРА). Сепак, ФАРА се однесува само на лобисти кои активно работат во име на владите на другите земји и комуницираат со пратениците.

Грузиската верзија на законот ќе се однесува на сите граѓански групи, локални медиуми и невладини организации кои добиваат дури 20 отсто од своето финансирање од странство, што ќе го направи посличен на законот за странски агенти на Русија кој се користеше за задушување на несогласувањето во земја.

притисни ентер