Пожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот
2Пожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот
Шоу бизЏони Деп се враќа во кината, филмот е адаптација на класик од Дикенс (ВИДЕО) Студиото „Парамаунт“ е во финални преговори за филмот „Ебенезер: Божиќна приказна“, во кој Џони Деп ќе ја игра главната улога, а Ти Вест ќе го режира.Андреа Рајзборо се придружи на екипата, а студиото веќе закажа премиера на 13 ноември 2026 година, потврди „Дедлајн“. Сценариото е напишано од Натаниел Халперн, додека продуцентка е Ема Вотс. Нова адаптација на класикот на Дикенс Класичната приказна од Чарлс Дикенс, за скржавиот богат човек кого го посетува духот на неговиот поранешен деловен партнер и духовите од минатото, сегашноста и иднината, доживеа бројни адаптации. Една од најпопуларните е анимираната адаптација од 2009 година во која Џим Кери го позајми својот глас. Интересно е што ова е веќе втората адаптација на „Божиќна приказна“ објавена оваа година, откако „Ворнер Брос“ потврди во јули дека работи на адаптација што ќе ја режира Роберт Егерс, а во која глуми Вилем Дефо. Верзијата на „Парамаунт“ е опишана како возбудлива приказна за духови сместена во Лондон на Дикенс, која го следи натприродното патување на еден човек додека се соочува со своето минато, сегашност и иднина во борба за втора шанса. Голема улога за Џони Деп Ова е една од најголемите улоги на Деп во поновата историја, по неговото судење за клевета во 2022 година. Актерот неодамна го заврши снимањето за „Дневен пијач“ на „Лајонсгејт“, во кој глуми покрај Пенелопе Круз. Улогата на Скруџ совршено се вклопува во актерскиот репертоар на Деп, со оглед на тоа што ја изградил својата кариера врз незаборавни и ексцентрични ликови, од Капетанот Џек Спероу и Лудиот Шапкар до Икабод Крејн и Вили Вонка. Прв голем студиски проект за Ти Вест Режисерот Ти Вест се прослави во жанрот на хорор со својата трилогија на слешер за А24, која започна со „X“ од 2022 година, продолжи истата година со „Перл“ и заврши со минатогодишниот хит „MaXXXine“. „Ебенезер“ ќе биде неговиот прв голем студиски филм, а класичната приказна за духови совршено одговара на неговите режисерски афинитети. Извршни продуценти на филмот се Стивен Дојтерс и Џејсон Форман.Тагови: филмот Џони Деп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКамерон Дијаз по враќањето на глумата, има нов филм- ќе се појави кон крајот на годината Камерон Дијаз го продолжува своето враќање кон глумата со новата акциона комедија „Лош ден“, која пристигнува на Нетфликс на 11 декември. Заедно со датумот на премиерата, стриминг услугата ги објави и првите фотографии од филмот. Во филмот, Дијаз игра самохрана мајка за која еден обичен ден се претвора во низа проблеми. Додека поминува низ она што може да биде најлошиот ден во нејзиниот живот, таа се обидува по секоја цена да го одржи ветувањето што ѝ го дала на својата ќерка. Филмот е режиран од Џејк Шимански, познат по својата работа во познатата серија „Должност на жирито“, додека сценариото го пишува Лаура Солон. Бо Бауман е продуцент, а Солон и Марк Моран се извршни продуценти. Дијаз ја предводи екипата во која се Даниел Брукс, Рензи Фелиз, Џон Хигинс, Марк Дуплас, Џесика Белкин, Ед О'Нил, Роб Кордри, Ајден Мајери, Бен Шварц, Рета, Ема Пирсон, П.Џ. Бирн, Шери Кола, Еди Патерсон и Бек Бенет. Нетфликс сè уште не откри многу повеќе детали за заплетот, а првите фотографии даваат само краток увид во она што ги очекува гледачите. Продолжува со враќањето по десетгодишна пауза За Дијаз, Лошиот ден е уште еден проект по долго отсуство од Холивуд. Актерката, позната по филмовите „Сите се луди за Мери“, „Маската“, „Одмор“ и серијата „Чарлиевите ангели“, не снимала филмови речиси десет години. Таа се врати на глумата со акционата комедија на Нетфликс „Назад во акција“, во која глумеше заедно со Џејми Фокс. Тоа беше нејзиниот прв филм по „Ени“ од 2014 година. Сепак, 53-годишната актерка не сака однапред да утврди со кое темпо ќе продолжи нејзината кариера. Во интервју за списанието „Емпајр“, таа објасни дека сака да ја задржи слободата да одлучува за секој иден проект. „Тешко е да се објасни. Ако кажам нешто, тоа веднаш станува голема приказна“, рече таа. „Го задржувам правото никогаш повеќе да не снимам филм, но исто така и да прифатам улога доколку сакам. Не однапред одредувам ништо. Отворена сум за она што има смисла за мене и моето семејство во одреден момент“, додаде таа. „Лош ден“ пристигнува на Нетфликс на 11 декември.Тагови: Камерон Дијаз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МетеоИ натаму многу топло време со температура до 38 степени, утре попладне дожд и грмежи Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 23 Попова Шапка, 30 Крушево, 31 Маврови Анови, 32 Берово, 33 Претор, 34 Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп, 35 Тетово, 36 Струмица, Виница, 37 Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, 38 Скопје Зајчев Рид, Скопје Петровец, Штип, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес претпладне беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладнето, во западните и централните делови на Македонија, имаше развој на нестабилност проследена со пороен дожд, град, засилен ветер и грмежи. До крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови временските услови ќе се стабилизираат. ВРЕМЕТО УТРЕ Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот Пожарите во околината на Скопје, го обвија главниот град во густ чад и непријатна миризба...Скопје попладнево се искачи на самиот врв по загаденост во светот.. Афродита Рамос ја имаме во живо.. Афродита, во претходното издание на вестите се јави од скопско Залениково, каде што гори на Китка.. Сега си на Водно.. Како изгледа главниот град доцна попладнево? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter