Џони Деп сакал незабележано да влезе во антикварница, па пристигнал со хеликоптер (ФОТО) - Канал 5

Џони Деп сакал незабележано да влезе во антикварница, па пристигнал со хеликоптер (ФОТО)

Џони Деп се појавил во антикварница во англискиот град Хамсвел Клиф, а неговото доаѓање требало да биде тајна бидејќи сакал да разгледува гитари на мир, далеку од очите на јавноста, пишува Мирор.

Џони Деп сакал незабележано да влезе во антикварница, па пристигнал со хеликоптер (ФОТО)

Неговата посета била договорена во тајност, но доаѓањето на актерот не останало незабележано бидејќи пристигнал со хеликоптер кој на изненадување на персоналот слетал пред антикварницата.

Иронично, англиските медиуми пишуваат дека актерот се одлучил на овој потег за да привлече што помалку внимание, верувајќи дека возењето автомобил ќе привлече многу поголемо внимание на јавноста.

Сопственикот на антикварница Роберт Милер го опиша како „приземна личност“ и откри дека актерот купил три гитари, вазна во облик на череп, стол, сликарски сет и неколку постери и слики.

„Седна и свиреше неколку гитари, за старите добри времиња, а потоа реши да купи неколку гитари“, рекол сопственикот.

Да потсетиме дека Деп за само пет дена заработи пет милиони евра од продажбата на неговите уметнички принтови на починати музички и актерски ѕвезди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Нов паркинг простор во центарот на градот

Изградбата на паркинг и улицата „Браќа Џаферови“ влегуваат во завршна фаза.

Општина Битола: Нов паркинг простор во центарот на градот

Денес се асфалтираше и на оваа локација, а станува збор за површина од 1100 м2.

Новиот паркинг простор ќе обезбеди 25 паркинг места, согласно проектот ќе има и улично осветлување, а изведена беше и атмосферска канализација.

Со ова Битола добива уште еден паркинг простор во центарот на градот.

Вкупната сума на средства кои што ги обезбеди општината од својот буџет изнесува 2.752.772 денари.

И на неколку други локации се работи на новите паркинг места во градот, што е заложба на општината за подобрување на состојбата со сообраќајот во централното градско подрачје.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата

Денеска (06.08.2026) во Министерството за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност и Министерството за финансии – Биро за јавни набавки.

МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата

Меморандумот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска.

Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната институционална соработка, со цел зголемување на ефикасноста во размената на податоци по електронски пат, организирање континуирани обуки, како и развивање други форми на соработка од делокругот на работењето на Бирото за јавна безбедност и Бирото за јавни набавки.

Меморандумот ги уредува и начините на остварување координација и меѓусебна соработка во областа на спречувањето и сузбивањето на корупцијата и криминалот поврзани со јавните набавки, преку поефикасна размена на информации и заеднички активности во рамките на законските надлежности на двете институции.

Со оваа соработка двете институции ја потврдуваат својата заедничка заложба за зајакнување на институционалните капацитети, транспарентноста и интегритетот во системот на јавните набавки, како и за поефикасна борба против корупцијата и криминалот во оваа област.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ферати – Дрекслер: Дијалогот меѓу заедниците и зајакнувањето на младите, столбови на европскиот пат

Министерот Агон Ферати денеска ја прими германската амбасадорка во Северна Македонија, г-ѓа Петра Дрекслер.

Ферати – Дрекслер: Дијалогот меѓу заедниците и зајакнувањето на младите, столбови на европскиот пат

На средбата беа разгледани заедничките приоритети за унапредување на процесите што поттикнуваат инклузивност, еднакви можности, меѓусебна доверба и изградба на поинклузивно и поодржливо општество. Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформите и политичката посветеност како клучни фактори на патот кон интеграцијата на земјата во Европската Унија.

Министерот ја информираше амбасадорката за годишната програма на Министерството за односи меѓу заедниците и за планираните активности кои имаат цел директно да придонесат за зајакнување на општествената кохезија, промовирање на дијалогот и јакнење на довербата меѓу етничките заедници. Во таа насока беше нагласена потребата од продолжување на заедничките институционални напори за создавање стабилна клима на соработка и меѓусебно разбирање.

На средбата се разговараше и за идните проекти и можностите за реализација на нови иницијативи од заеднички интерес. Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во консултативните процеси при изработката на стратегиите, како и при спроведувањето на различните активности на Министерството, со цел нивниот глас и перспектива да бидат составен дел од идните политики и проекти што придонесуваат за развојот на општеството и приближувањето кон Европската Унија.

Прес служба на кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер