Џони Деп раскина со атрактивната адвокатка: Класичните врски не се за него - Канал 5

Џони Деп раскина со атрактивната адвокатка: Класичните врски не се за него

Џони Деп наводно раскинал со Џоел Рич, адвокатката која го застапувала во Британија во судскиот процес за клевета против Сан, пишува Дејли Меил.

Џони Деп раскина со атрактивната адвокатка: Класичните врски не се за него

Извор близок до парот изјавил дека односот меѓу актерот и адвокатката бил заладен. Исто така, Џоел била сама на венчавката на член на семејството на Ибица минатата недела.

"Не зборуваме за нормална двојка. Тоа не е голема, стабилна врска. Мислам дека никогаш не била. Не знам дали во овој момент се заедно на некој начин. Тоа не е сериозна романтична врска на две лица кои немаат никој друг“, тврди изворот за медиумите. „Покрај тоа, тоа е Џони Деп. Класичните врски не се за него“, додаде тој.

Изворот додава дека Деп „не сака ништо сериозно бидејќи зад себе има трауматичен период поради битката низ која мина на суд со поранешната сопруга Амбер Херд“. За тоа време, пишуваат британските медиуми, Џоел продолжува со плановите да се разведе од сопругот Џонатан.

Инаку, не е познато кога започнала врската меѓу Деп и Рич. Наводно, во раните фази на нивната романса, тие дискретно се среќавале во хотели, а таа пристигнала во Вирџинија за да го поддржи за време на судскиот процес против Амбер Херд, иако тогаш немала професионална обврска за тоа.

Да потсетиме дека Деп претходно беше поврзуван со друга адвокатка, Камил Васкез, која брзо ги демантираше гласините.

„Тоа е сексистичко. Жално е и разочарувачки, но не можам да кажам дека сум толку изненадена“, рекла таа тогаш.

Иако обожавателите навиваа Деп и Камил да станат пар, адвокатката веќе некое време е во среќна врска со британски претприемач кој се занимава со продажба на недвижен имот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на мирот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,

Зеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на мирот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,со цел, како што рече, да ѝ покаже на Русија и на нејзините граѓани дека единствено решение е прекин на војната.

Според Зеленски, украинските сили погодиле уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, кој се наоѓа во Тоболск, во Сибир, на повеќе од 2.500 километри од украинската граница.

Неговата порака следи по вчерашните најсмртоносни украински напади врз Русија од почетокот на војната, кога во масовен напад со дронови во Татарстан беа убиени 13 луѓе, а повеќе десетици беа повредени..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати

Најмалку 170 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати

Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден од високите делови на катедралата.

Спасувачките екипи, со поддршка на полицијата, армијата и волонтери, цела ноќ ги пребаруваа урнатините со багери, но и со голи раце, во обид да пронајдат преживеани под урнатините.

Најпогоден е градот кали каде што загинаа најмалку 85 лица, а неколку стотици се водат за исчезнати..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

Постигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени.. 

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

Информира министерот за земјоделство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица, откако производителите од струмичко во изминатите денови протестираа поради ниската откупна цена од 25 денари за прва класа..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер