Џони Деп ќе добие женска замена во „Пирати од Карибите“, гневните фанови повикаа на бојкот - Канал 5

Џони Деп ќе добие женска замена во „Пирати од Карибите“, гневните фанови повикаа на бојкот

Изгледа дека капетанот Џек Спероу нема да се врати во акција.

Џони Деп ќе добие женска замена во „Пирати од Карибите“, гневните фанови повикаа на бојкот

Според извештаите, мегаѕвездата е исфрлена од шестиот дел од иконската франшиза Пиратите од Карибите. Дизни ја разгледува актерката Ајо Едебири како замена за Џони Деп. Нејзиниот лик наводно се вика Ен.

Улогата се базира на животот на Ен Бони, пират од 17 век. Веста не им се допадна на фановите. „Дизни е сра*е“, прв се јави на Х, шефот на Тесла, Илон Маск. „Никој нема да го гледа без Деп“, „Едвај чекам Дизни да банкротира“, „Бојкотирам“, се согласуваат со него гневните фанови.

Некои пишуваат дека Бони била бледа, црвенокоса Ирка и наведуваат дека затоа изборот на Едебири, кој има нигериско потекло, е гаф. Други го нарекоа Дизни „blackwashing “.

„Дизни навистина има лошо мислење за црнците. Тие продолжуваат да им даваат кастинг на бели историски личности, а единствената црна нација за која решиле да снимат филм всушност не постоела“, „Ен Бони беше од Ирска. Историска личност за која многу Ирци значи љубов.Зошто да дава улога на некој што не е Ирец“, коментираат тие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем

Стабилен е пензискиот систем, ова утринава го изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем

За критиките од Фискалниот совет за зголемувањето на пензиите. тој рече дека од една страна има оптеретување на буџетот , а од друга страна имаме намалување на сиромаштијата

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент

Демонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент.

Демонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент

Протестот што се одржа пред зградата на парламентот на Косово ескалираше во судир меѓу полицијата и демонстрантите, откако тие се обидоа да го блокираат објектот и да не им дозволат на пратениците да излезат додека не ги изгласаат измените на законот за специјалниот суд.

Демонстрантите, како што пренесоа регионалните медиуми, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата.

Претходно, парламентот ги усвои измените во прво читање, но конечното гласање е сè уште под знак прашалник.

Иницијативата на демократската партија на Косово за измена на законот за специјалниот суд во Хаг, меѓу другото предвидува, максимална казна од 15 години затвор, можност за жалба до Врховниот суд и издржување на казната во Косово.

.Протестите избувнаа по пресудите против Хашим Тачи и уште тројца поранешни команданти на ОВК, кои беа осудени на затворски казни од 13 до 25 години. Пресудите предизвикаа силна реакција во Косово. Предложените законски измени треба да ги ограничат дел од надлежностите на судот, меѓу другото во однос на должината на казните и правните лекови.денеска, е двојно критичен ден за Косово. Институциите треба да најдат излез и од спорот околу специјалниот суд и од блокадата околу претседателот. Неуспехот би значел продолжување на уличните тензии, но и уште еден изборен циклус во земја која веќе подолг период функционира под силен политички притисок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со бешамел сос

Во вторник (29.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Марко Новески.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со бешамел сос

Состојки за денешниот рецепт:

400 г. макарони

500 мл. готов бешамел

200 г. рендан кашкавал

150 - 200 г. сирење

2 јајца

30 - 50 г. путер

масло

сол, црн бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер