Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
КултураЏон Малкович со „Пеколна комедија“: Исповеди на сериски убиец“ утревечер на „Охридско лето“Актерот Џон Малкович, кој својата уметничка кариера токму и ја започна во театарот, појасни дека оваа претставата првпат ја одиграл на сцена пред 15 години,.Уникатно и совршено сценско доживување. Така на денешната прес-конференција беше најавена утрешната претстава „Пеколна комедија“: Исповеди на сериски убиец“ која во Охрид, на Охридско лето и првпат во Македонија како актер го носи светски познатиот холивудски глумец, режисер и продуцент Џон Малкович. Поврзувајќи ги класичната музика и глумата во еден голем сценско-музички проект, славниот актер утре ќе настапи во придружба на Оркестарот на Виенската академија и сопранистите Чен Реис и Сузан Лангбејн. Како што појасни селекторката на драмската програма на „Охридско лето“, Сања Арсовска, станува збор за претстава на авторот и режисер, Михаил Штурмингер, која својата драматушка структура и емотивна архитектура ја гради врз две спротивставености - комедијата и психолошката драма. - Од една страна серискиот убиец со лесна духовитист и луцидност ги нижи настаните од својот живот, а публиката ја лови во мрежа од ироничен хумор, и додека публиката мисли дека е заловена во комична атмосфера, на сцената почнува вистински пекол, придружен со оркестар и силни сопрани. Тука серискиот убиец Џек Унтервегер започнува да ги вади демоните од себе...рече Арсовска. Актерот Џон Малкович, кој својата уметничка кариера токму и ја започна во театарот, појасни дека оваа претставата првпат ја одиграл на сцена пред 15 години, но оти истата е видоизменета, пред се поради органиченоста на уметничките перформанси наметната од коронавирусот. - Делото минатата година го освеживме, лично за мене се работи за претстава што многу сакам да ја играм, особено поради тоа што ги обединува класичната музика и актерската игра. Иновативниот пристап е она што ги привлекува луѓето, рече тој. За насилството како тема третирана во самата претстава, актерот смета дека постојано е актуелна затоа што, како што рече, насилството е секогаш меѓу луѓето, за жал така и ќе биде... - Во својата основа ова дело поврзува две дијаметрално спротивставени погледи. Едниот е општествениот став заснован главно врз идејата за покајување, а од другата страна идејата за заштита на луѓето, особено на оној дел од популацијата што е ранлив на каква било форма на насилство. Двете тие идеи презентирани во претставата се во постојан конфликт, рече актерот. За претставата рече дека е своевидно предупредување, дека одредени одлуки можат да донесат непредвидливи последици. - Одлуката за помилување може да биде политичка грешка. Од друга страна, сметам дека на секој човек треба да му се даде шанса за покајување. А помилувањето и покајувањето како концепти се постојано спротивставени. Во овој случај лошо проценетите одлуки резултираат со насилство...вели тој. Министерката за култура Бисера Костадинова – Стојчевска истакна дека честа е огромна што Малкович ќе се впише на листата најгламурузни уметници во фестивалската историја на „Охридско лето“, како еден од петте најелитни европски фестивали. - Малкович со својата драмска и уметничка вредност ќе остави траен белег на нашата најеминентна културно-сценска манифестација. Со богатото искуство и харизма како исклучителен актер, режисер и продуцент, неговото присуство ќе придонесе за уште поголемо афирмирање на „Охридско лето“ и нашата држава, рече таа. Малкович пред медиумите за Охрид и Македонија нагласи дека се прекрасни од она што можел да го види досега. Наведе дека повеќепати бил во регионот и во државите на поранешната југословенска заедница, но оти ова му е првпат во Охрид. Неговите барања се доста скромни, она што е познато е дека побарал да го види манастирот „Свети Наум“, што ќе му биде исполнето веќе денеска. Инаку, за претставата е резервирана големата сцена на Античкиот театар, таа ќе се изведува пред над две илјади гледачи, а потврда за огромниот интерес кај публиката е тоа што бројни резервации за неа има од регионот, но и од Холандија, Франција, Бразил, САД..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проектиНавистина е задоволство, еве денеска сме во општина Брвеница, во селото Стенче, убеден сум во голема поддршка и победа во вториот изборен круг, со цел да можеме сето она коешто го ветуваме да го реализираме.Денеска бевме во посета на една преубава црква, црквата Св. Екатерина, навистина едно мало чудо е направено овдека коешто, од она што бев информиран доста е посетувано, не само од локалното население туку и од многу луѓе од цела Македонија коишто доаѓаат да се помолат тука за здравје, да поминат убави моменти со своите пријатели, со своите семејства и ги поканувам сите коишто не биле да дојдат и да ја видат оваа прекрасна црква. Во таа насока и ние ќе помогнеме имајќи предвид дека веќе заврши тендерот и избран е изведувач којшто треба да го изгради патот којшто оди до црквата и до с. Стенче, на тој начин многу побрзо од автопатот Тетово-Гостивар којшто понатака оди и од Тетово кон Скопје, ќе се стигнува и до с. Стенче и до црквата Св. Екатерина и многу повеќе туристи ќе можат да доаѓаат тука и на тој начин да се развие и економскиот потенцијал. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и убеден сум дека после победата следниот викенд, после победата на локалните избори заедно со новиот градоначалник, Стојанчо, ќе работиме, да сработиме уште многу проекти и Министерството за транспорт и Владата се подготвени да помогнат на општината со цел да имаме уште многу реализирани проекти. Еден таков е на пример и патот којшто води до с. Гургурница, којшто исто така сме спремни заедно со општината да го работиме, да го рехабилитираме, да го прошириме, да го изградиме и да имаме едни 17 км пријатно возење до с. Гургурница. Благодарам уште еднаш и заокружете го бројот 1 во недела, изјави Александар Николоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРадичевски: Инфраструктурните проекти во Брвеница ќе ги реализираме во целостПочитувани мои сограѓани, денес се наоѓаме во населеното место Стенче да ги најавиме идните проекти коишто се во фаза на реализација и идните проекти коишто се предвидени во нашата програма.Почитувани мои сограѓани, денес се наоѓаме во населеното место Стенче да ги најавиме идните проекти коишто се во фаза на реализација и идните проекти коишто се предвидени во нашата програма, односно во мојата програма на ВМРО-ДПМНЕ и јас како градоначалник коишто ќе ги реализираме во целост. Во делот на инфраструктурата заедно со мене е министерот за транспорт, ќе го замолам во однос на проектите да се обрати, рече Стојанче Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаВо Млечниот пат е откриен мистериозен извор на радиобранови- би можел да крие црна дупка (ФОТО)Многу објекти во Млечниот Пат трепкаат, светат и пулсираат, а астрономите генерално разбираат како тие се менуваат.Но, тие неодамна открија објект кој се однесува на начин што никогаш порано не е виден. Наречен VT J1906+0849, тој се наоѓа на работ на спиралниот крак Норма-Либед и емитува променлива радио светлина. Во труд предводен од Џеси Милер од Калифорнискиот институт за технологија (Caltech), астрономите го опишуваат како „далечен галактички синхротронски минлив флуктуатор кој останал радио светло околу две децении, прикажувајќи променлива спектрална инверзивна фреквенција и речиси никакво видливо ширење“, објавува Science Alert. Откривање и следење Објектот за прв пат беше забележан во податоци собрани во 2017 година од страна на Very Large Array Sky Survey (VLASS). Се наоѓаше на најмалку 49.000 светлосни години од Земјата и беше најсветлиот радио извор откриен од истражувањето. Неговата осветленост од 70 mJy беше исклучителна за таква далечина, што ги натера научниците да проверат архивски слики од истиот дел од небото. Пребарувањето откри дека на локацијата немало ништо во 1996 година, но до 2005 година почнал да се појавува сигнал. Мерењата помеѓу 2006 и 2013 година покажаа дека неговата осветленост станува посилна, а достигна врв од околу 200 милијски во 2014 година. Позицијата на објектот VT J1906+0849 на радио слики од 1996 година (лево), 2005 година (средина) и 2017 година (десно). Мистериозниот извор не е видлив во најстарата снимка, но се појавува во подоцнежните. Фотографија: Miller et al., ApJ, 2026. Неочекуван пресврт Откритието од 2017 година го сними објектот во фаза на опаѓање по достигнувањето на врвот. За да го следат неговиот понатамошен развој, истражувачите спроведоа дополнителни набљудувања во 2019, 2024 и 2026 година. Податоците првично потврдија дека VT J1906+0849 станувал побледа. Меѓутоа, на крајот од 2025 година, се случил целосен пресврт. Податоците добиени од системот Very Large Array покажаа дека објектот повторно станувал посветол, што дополнително го комплицирало разбирањето на неговата природа. Загатката на спектралниот врв Анализата на радио емисијата на различни бранови должини откри уште понеобично однесување. За објектот VT J1906+0849, емисијата се искачува до врв на одредена фреквенција, а потоа се намалува. Проблемот е што овој врв не се однесува предвидливо. Во 2019 година, таа беше на 1,9 гигахерци, до 2024 година падна на 0,8 гигахерци, за повторно да се искачи на 2,2 гигахерци во 2026 година. Таквата хаотична промена на фреквенцијата е неконзистентна со познатите модели, како што е ширењето на облак од материја што емитува синхротронско зрачење. И покрај драматичните промени во осветленоста, астрономите не пронајдоа докази дека изворот се проширил значително, што укажува на многу посложен процес. Што го предизвикува необичниот сигнал? Научниците разгледуваат неколку можни причини. Првите две, експлозија на нова и маглина управувана од пулсар, беа отфрлени бидејќи не се вклопуваа во набљудуваните податоци - објектот не се ширеше како што треба, а промените на фреквенцијата беа премногу хаотични. Третата и најверојатна можност е црна дупка или неутронска ѕвезда што акумулира материјал од ѕвезда-придружник во бинарен систем. Ваквите системи обично емитуваат силни Х-зраци, кои не беа откриени од овој објект. Сличност со објектот SS 433 Недостатокот на Х-зраци не значи дека тие не се таму. Истражувачите веруваат дека VT J1906+0849 може да биде сличен на објектот SS 433, познат микроквазар во нашата галаксија. Во SS 433, црната дупка или неутронската ѕвезда не само што привлекува материјал од ѕвездата-придружник, туку и исфрла дел од него назад во вселената во форма на моќни млазови и густ ветер. Тој ветер може да ги прикрие Х-зраците што потекнуваат од центарот на системот. Ако сличен процес се случува во објектот VT J1906+0849, интеракцијата на исфрлените млазови со околниот густ ветер може да произведе променлива радио емисија и во исто време да го спречи ширењето на изворот. Оваа теорија е поткрепена со инфрацрвени набљудувања кои откриле дека гасот се оддалечува од објектот со брзина од околу 2000 километри во секунда. Иако ова објаснување е веродостојно, потребни се дополнителни набљудувања за да се потврди дали VT J1906+0849 е навистина поврзан со објектот SS 433 или е нешто уште понеобично. Во труд објавен во The Astrophysical Journal, научниците истакнуваат дека ова откритие го покажува потенцијалот на радио истражувањата. „VT J1906+0849 го истакнува потенцијалот на широкопојасните радио истражувања за откривање на популација од замаглени галактички аккретори кои тешко се идентификуваат на други бранови должини“, заклучуваат авторите.Тагови: Млечниот Пат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05