Џип од отпад е главна атракција на Изложба на олдтајмери во Кавадарци

Џип од отпад е главна атракција на Изложба на олдтајмери во Кавадарци, што се одржува во рамки на манифестацијата ,,Тиквешки гроздобер".

Освен што го привлекува вниманието со годините, има и интересна приказна. Негов сопственик е полицаецот Пепи Ганчев.

-Овој џип ,,willys cj" е од 1947 година. По Втората светска војна, бил подарок од Американците за македонскиот народ. Бројни години успешно и служел на македонската полиција. Во колку полициски авантури учествувал, само тој си знае. Едно време бил заменет со други возила со понов датум на производство, па завршил во отпад. Оттаму го спасил токму полицаецот Милорад Ефремовски, од кој пак подоцна го купив јас, за МИА откри Ганчев, кој е љубител на џипови и веќе има реставрирано еден фамилијарен, но има изработено и еден мал, за своите малолетни деца.

Според него, има некоја посебна убавина во старите возила, кои не губат од својата вредност со староста.

– Барем за оние како мене, кои се љубители на вакви старудии. За некои се само старо железо, но за познавачите на историјата на возилата, тие се експонати кои заслужуваат внимание, нагласи Ганчев.

И она што е најинтересно. За него и за неговите синови на кои им ја има пренесено страста кон миленичињата на четири тркала, ова е, како што рече, животен предизвик.

– Не е шега, со моите синови кои имаат седум и 11 години, се договоривме во наредните години да го дотераме малку овој џип. Да ја задржи автентичноста, да добие на атрактивност, за да може со него да бркаат девојки, додаде Ганчев.

Инаку, џипот е скоро дупло постар од сопственикот кој има 38 години.

На изложбата има вкупно 45 возила кои го привлекуваат вниманието на посетителите од сите возрасти./МИА

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер