Во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, настапија групите Skopje jazzinc, Александар Петров и Transmision project, Sethstat + Мирко Попов.
Директорот на Домот на културата „Драги Тозија“, Васко Василевски, истакна дека бројната публика во рамките на трите џез вечери е мотив повеќе постојано да се организираат настани и манифестации, во интерес на локалното население.
„На младите им треба забава, особено во летниот период кога судентите се дома, а присутни се гости од странство. Нашата заложба, како културна институција, не е само да организираме некој културен настан, туку и да ја подигнеме креативноста кај младите. Тоа и се случи на овие џез вечери, затоа што младите ја покажаа и својата креативност, творејќи на платно“, посочи Василевски.
Во Ресен продолжуваат културните настани во организација на Домот на културата „Драги Тозија“. Вечерва, ќе се одржи промоција на светски познатата поезија на Руми „Два света” во Домот на културата „Драги Тозија” во Ресен во петок со почеток во 19.30 часот.Промотори и интерпретатори на дел од песните ќе биде преведувачот Тихомир Јанчовски, во придружба на Добрила Грашевска, вокалист на Чалгија саунд систем, митрополитот Пимен и струмичкиот поет Митко Гогов.На промоцијата Добрила Грашевска ќе настапи со неколку изворни композиции од Македонската музичка ризница.