Џез Фактори фестивалот активно ги вклучува младите во своите програми - Канал 5

Џез Фактори фестивалот активно ги вклучува младите во своите програми

„Џез Фактори Фестивал“ (Jazz Factory Festival) во Битола има повеќеслојно значење за културниот живот во градот, но и пошироко во земјата. 

Џез Фактори фестивалот активно ги вклучува младите во своите програми

Фестивалот не е само музички настан, туку има силна едукативна компонента. Па така оваа година покрај концертите и промоциите на книги, се одржаа и едукативни работилници за учениците од основните училишта и за средношколците.

Во соработка со Австриската амбасада Скопје и Државното музичко училиште - Битола, успешно се одржа инспиративен Мајсторски клас предводен од австрискиот пијанист Lukas Meissl. Млади музичари од различни инструментални оддели имаа можност да учат, да поставуваат прашања и да навлезат подлабоко во светот на џезот преку директна работа со врвен уметник. Атмосферата беше исполнета со енергија, љубопитност и вистинска музичка размена – токму она што им е потребно на младите таленти за да растат.

„Мастер класовите, како овој воден од извонредниот Lukas Meissl, имаат особено значење за младите музичари бидејќи претставуваат ретка можност за директен контакт со врвни интернационални уметници и за стекнување знаења преку практична работа, што е суштинска надградба на формалното образование. Преку вакви средби, учениците не само што ги усовршуваат своите технички и интерпретативни способности, туку се запознаваат и со современи музички трендови, различни стилови и професионални стандарди, што е од огромно значење за нивниот понатамошен развој. Дополнително, ваквите активности силно влијаат врз нивната мотивација, самодоверба и уметничка зрелост, бидејќи им даваат чувство дека се дел од поширока, меѓународна музичка сцена и дека нивниот труд има реална вредност и перспектива“, истакна директорката на Државното музичко училиште, Марија Шамоска Буџаковски.

Особено е значајно што ваквиот мастер клас се реализира во рамките на Државно музичко училиште - Битола, институција која со години вложува во квалитетно музичко образование и активно создава услови за развој на младите таленти.

„Преку вакви иницијативи, училиштето не само што ја збогатува наставната програма, туку ја отвора вратата кон меѓународна соработка и современи образовни практики, со што директно придонесува за подигнување на нивото на музичката едукација во земјата.Учениците беа фасцинирани, оплеменети со нови идеи и начини на музицирање, а се стекнаа и со едно ново искуство преку влијанието на џезот и праксата пренесена преку овој одличен џез изведувач“, додава директорката.

Од друга страна, Jazz Factory Festival има пошироко културно и општествено значење, бидејќи претставува важна платформа за промоција на џез музиката, но и за едукација, вмрежување и размена на искуства меѓу домашни и странски уметници. „Фестивалот не се ограничува само на концертна програма, туку активно работи на создавање нови генерации музичари преку вакви едукативни настани, што го прави клучен фактор во развојот на музичката сцена. Со поддршка од партнери како Austrian Embassy Skopje, фестивалот придонесува за зајакнување на културната соработка и внесување на европски искуства и вредности во локалниот контекст. За сето ова се заблагодаруваме на Сашо Поповски - директорот на овој фестивал кој како и секоја, така и оваа година не не одмина, и повторно нашиот образовен сегмент како училиште го збогати со мастер класот на еден феноменален џез музичар“ - истакна Ш.Буџаковски.

Покрај во Државното музичко училиште, и во Europe House Битола во Офицерскиот дом, беше одржана едукативна работилница за најмладите.

Во една прекрасна атмосфера се разбуди креативноста на најмладите џезери и џезерки, кои учествуваа во работилницата „Jazz Factory For Kids“ и го открија светот на џез музиката.

Џезерите и џезерките слушаа како звучи џезот, пробуваа самите да го отсвират и оттука ја почувствуваа магијата на оваа уметност – слободна, разиграна и жива. Во секој ритам се криеше љубопитност, во секој тон искрена среќа, а во секоја импровизација – храброст, да се биде свој. Работилницата ја водеа дипломци и студенти од Џез одделот на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кои на сите ја пренесоа нивната љубов кон музиката.Во работилницата се вклучи и професорката од Музичката Академија во Будимпешта, Агнес Лакатош, а учествуваа и директорите на Џез фестивалите од Кикинда и Петровац, Драган Влајниќ и Винко Михајловиќ.

„Тука сме за младите, меѓу детските насмевки и разиграните мелодии, каде ја оживуваме уметноста“, ни изјавија од Europe House.

Во рамките на наставните стандарди за реализација на наставата по Музичко образование, учениците од III одделение од ООУ „Коле Канински“ – Битола, под менторство на наставничката Ирена Богданоска, имаа можност да присуствуваат на оваа работилница, која ја посетија во рамките на програмата посветена на музика за деца, каде што преку слушање и активно учество го збогатија своето знаење и доживување на музиката.

На овој начин, синергијата меѓу фестивалот и образовните институции создава силна основа за развој на младите музичари, овозможувајќи им пристап до знаење, инспирација и професионални контакти, што е од непроценливо значење за нивниот идeн уметнички пат и за унапредување на културниот и образовниот живот во целина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугаринот Николај стана светски шампион- изел 76 лути пиперчиња (ВИДЕО)

Бугаринот Николај „ Papaworm“ Филипов е новиот светски шампион во јадење лути пиперки!

Бугаринот Николај стана светски шампион- изел 76 лути пиперчиња (ВИДЕО)

Тој ја освои титулата „Лига на огнот“ по директен дуел со трикратниот светски шампион и носител на Гинисов рекорд, Стивен „Фајери Ред“ Керган.

Тие ја измерија својата сила во 14 рунди

Историското финале се одржа на 3 октомври на сцената на фестивалот „Софија Чили Фест 2026“, пред голема публика.

Филипов со победата го освои шампионскиот појас „Лига на огнот“ и го задржа во Бугарија. Неговиот успех е кулминација на долгогодишно натпреварување, подготовки и настапи на меѓународни натпревари.

Дуелот се претвори во вистински тест на издржливост за двајцата натпреварувачи. Филипов и Керган ја измерија својата сила во 14 рунди, кои траеја вкупно еден час и 38 минути, објавува Moreto.net.

На натпреварувањето се користеа специјално подготвени пиперчиња, чија лутина надмина 1,5 милиони единици Сковил, додека во две рунди натпреварувачите консумираа сосови со повеќе од шест милиони единици Сковил.

„Беше тешка борба“

Секој од финалистите изеде повеќе од 76 пиперки, што е рекорд во историјата на светските финалиња. Победникот беше решен во првата рунда на брзина.

„Немам зборови да опишам колку сум среќен. Беше тешка борба и до последниот момент дадов сè од себе, бидејќи знаев каква можност е ова - за мене, но и за Бугарија“, рече Филипов веднаш по победата.

Тој му честиташе на својот противник за борбата и спортскиот дух, и им се заблагодари на своето семејство, тимот „Чили Хилс“, „Лигата на огнот“, како и на сите фанови кои го поддржуваа на лице место и онлајн.

Американецот Стивен „Фајери Ред“ Керган пристигна во Бугарија како актуелен трикратен светски шампион во „Лигата на огнот“. Само неколку дена пред финалето, тој постави и светски рекорд во Гинис, бидејќи изеде 50 пиперки „Гост Пепер“ за помалку од пет минути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи ЕУ по сомнителниот случај на чума во Русија: Будно ја следиме состојбата

Брисел и Вашингтон „внимателно“ ја следат ситуацијата во Сибир, каде што се сомнева дека се појавила чума по смртта на лабораториски работник.

Се огласи ЕУ по сомнителниот случај на чума во Русија: Будно ја следиме состојбата

Европската комисија „многу внимателно“ ја следи наводната појава на пневмонична чума во Сибир, Русија, и е подготвена да координира одговор меѓу земјите-членки доколку е потребно, објавува „Еуроњуз“.

Ситуацијата излезе на виделина откако работник во Иркутскиот истражувачки институт за борба против чума почина на 2 октомври откако наводно скршил епрувета што го содржела патогенот на чума. Причината за смртта е наведена како „пневмонија со непозната етиологија“.

Инцидентот доведе до воведување превентивни мерки во регионот. Околу 200 лица кои биле во контакт со лабораторискиот работник се ставени под строг медицински надзор.

Руските власти сè уште не потврдиле појава на чума, но извештаите предизвикаа загриженост низ целиот свет.

„Свесни сме за извештаите за инцидент во лабораторија во Русија, за кој се вели дека е поврзан со предизвикувачкиот агенс на чумата“, изјави портпаролот на Европската комисија во понеделник.

„Јавното здравје е секогаш приоритет за нас, поради што сме во контакт со нашите експерти во Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Многу внимателно следиме што се случува“, додаде портпаролот.

Пневмонската чума е брзо прогресивна белодробна инфекција предизвикана од бактеријата Yersinia pestis, која се пренесува преку респираторни капки за време на близок контакт. Има висока стапка на смртност, но може успешно да се лекува со современи антибиотици.

„По Ковид, многу сме подобро подготвени за пандемии“, рече портпаролот, истакнувајќи дека земјите имаат залихи на антибиотици.

Европската комисија добива информации за ситуацијата преку Светската здравствена организација (СЗО), која собира податоци од руските власти. Директните контакти на Москва со европските партнери се значително ограничени од почетокот на војната во Украина.

Засега, Европската комисија не планира да свика посебен состанок или да воведе итни мерки. Реакцијата на Брисел е слична на онаа на Вашингтон.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека „внимателно“ ја следи ситуацијата и ја повика Москва да „обезбеди точни информации брзо и отворено“. Европската комисија, исто така, ја нагласи потребата од „навремено и транспарентно известување“.

Чума не е регистрирана во Европа повеќе од 50 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Октоберфест урива рекорди- го посетиле 7,4 луѓе, испиле 6,7 милиони литри пиво

Најголемиот фестивал на пиво во светот го заврши овогодинешното издание со бројки какви што никогаш порано не биле видени. 

Октоберфест урива рекорди- го посетиле 7,4 луѓе, испиле 6,7 милиони литри пиво

Околу 7,4 милиони луѓе го посетија Октоберфест во Минхен за само 16 дена, поставувајќи нов историски рекорд, објави Бизнис.

Претходниот рекорд го држеше изданието од 2023 година со 7,2 милиони гости, додека минатата година околу 6,5 милиони луѓе поминаа низ познатите минхенски порти. Ова значи дека Октоберфест привлече приближно 900.000 посетители повеќе за само една година.

Високата посетеност беше придружена и со огромна потрошувачка. За време на фестивалот беа потрошени околу 6,7 милиони „масовни“ кригли пиво, секоја содржеше по еден литар.

Потрошувачката на пиво со тоа се зголеми за 2,7 проценти во споредба со минатата година, кога беа потрошени околу 6,5 милиони литри. Во исто време, продажбата на безалкохолни пијалоци се зголеми за десет проценти.

Милиони гости пристигнуваа во Минхен

Овогодинешниот Октоберфест траеше од 19 септември до 4 октомври, а особено големо зголемување на посетеноста беше забележано во текот на работните денови.

Според податоците од градот Минхен, бројот на гости од понеделник до четврток во текот на првата недела се зголемил за 18,5 проценти, а во втората недела за дури 28,9 проценти.

Организаторите дел од успехот го припишуваат на доброто време, но и на кампањата што ги охрабруваше посетителите да доаѓаат на фестивалот во текот на работните денови со цел да ги олеснат традиционално најпрометните викенди. Меѓу странските гости, особено се издвоија Американците, Италијанците и Австријците.

И покрај рекордниот број луѓе, организаторите велат дека благодарение на новиот безбедносен концепт и управувањето со движењето на посетителите, немало неконтролирано пренатрупаност на фестивалската област.

Се обиделе да однесат 105.000 кригли

Зад рекордната посетеност, имало некои прилично необични бројки. Посетителите се обиделе да однесат дури 105.000 од познатите кригли за пиво од литар од Октоберфест, кои персоналот ги собрал пред да завршат надвор од просторот на фестивалот.

Службата за изгубени предмети не останала без работа ниту. Пронајдени се околу 4.000 предмети, вклучувајќи повеќе од 1.000 парчиња облека, речиси 700 паричници и околу 450 лични документи.

За 16 дена, потрошени се приближно 2,65 милиони киловат-часови електрична енергија, додека милионите гости оставиле околу 92 тони отпад.

Продажбата на храна, исто така, се зголеми. Угостителите во големите фестивалски шатори пријавија раст од два до три проценти, а традиционалното печено пилешко повторно беше меѓу најбараните јадења.

Директорот на Октоберфест, Кристијан Шарф, процени дека фестивалот е на списокот на многу луѓе со работи што сакаат да ги доживеат барем еднаш во животот.

Судејќи според бројките од оваа година, интересот за традицијата е ненамален - 191-от Октоберфест стана најпосетениот во речиси двовековната историја на настанот. Следниот Октоберфест ќе се одржи од 18 септември до 3 октомври 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер