Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев, во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза
1Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев, во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза
3НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија
„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
1„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
Шоу бизЏесика Частејн предизвика бес на социјалните мрежи и сето тоа поради 15 долари Џесика Частејн стана предмет на потсмев на интернет откако се пожали на недостаток на услуга на луксузен лет.47-годишната актерка на X напишала дека е бесна што на шестчасовниот лет не работи услугата за гледање серии и филмови во бизнис класата. Таа е особено лута што авиокомпанијата JetBlue ѝ нуди компензација од 15 долари (13,7 евра), откако таа и нејзиниот сопруг платиле по 1.500 долари (1.370 евра) за седиште на летот. „Ова е 1/100 од она што ви го платив. Платив за вашата ТВ услуга која воопшто не работеше за време на летот. Претпоставувам дека вредеше 15 долари“, напиша Џесика на социјалната мрежа во објавата што на крајот ја избришала. We're sorry you're disappointed, Jessica. Please send us a DM so we can look into this. https://t.co/xSmyP7Lfyg — JetBlue (@JetBlue) October 9, 2024 По нејзината објава на Х, авиокомпанијата јавно ѝ се извини. "Џесика, извини што си разочарана. Испрати ни порака за да видиме што можеме да направиме", напишале тие, а актерката во коментарите прикачила скриншот од разговорот што го имала со службата за корисници. Џесика на социјалните мрежи ја прозваа многу следбеници, пишувајќи дека е многу себична. Некои забележале дека не е во ред јавно да каже за која авиокомпанија станува збор и ја обвинија дека не се срами со оглед на тоа колку луѓе ги загубиле животите за време на неодамнешните урагани. „Дали 6 часа самотија навистина ти се толку ужасни што ги губиш нервите поради недостаток на филмови?“ беше еден од коментарите. Инаку, Џесика е позната по водечките улоги во проекти со феминистичка тематика, а има добиено и различни награди, меѓу кои и Оскар и Златен глобус, заедно со номинации за две награди Тони и награда Еми Primetime. Нејзиното богатство се проценува на 50 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Јанев, во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол УркизаГенералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска (08.07.2026) пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на Република Македонија. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба. На средбата се разговараше за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на информации и унапредување на заедничките механизми за справување со современите безбедносни предизвици, како и за продлабочувањето на партнерството со Интерпол и за унапредувањето на меѓународната полициска соработка, како еден од клучните предуслови за ефикасна борба против прекуграничниот и организираниот криминал и за поголема безбедност на граѓаните. Во рамки на официјалната посета на Охрид, генералниот секретар на Интерпол придружуван од директорот на Бирото за јавна безбедност, ги посети дел од најзначајните културно-историски знаменитости на градот. За време на посетата беше запознаен со богатото културно наследство и историските вредности на Охрид, кој како природно и културно богатство е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО. Посетата на знаменитостите претставуваше можност високиот гостин одблиску да се запознае со традицијата, културата и историското значење на Охрид, еден од најстарите и најпознати градови во регионот. Генералниот секретар на Интерпол Уркиза, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев ги посетија и мешаните македонско-српски полициски патроли, кои се ангажирани во Охрид во текот на летната туристичка сезона. При посетата, генералниот секретар беше запознаен со начинот на функционирање на мешаните патроли и нивната улога во обезбедувањето поголема сигурност за граѓаните и туристите. Беше истакнато дека ваквиот модел на меѓународна полициска соработка придонесува за унапредување на довербата меѓу полициските служби, поефикасна комуникација со странските посетители и повисоко ниво на безбедност во туристичките центри. Охрид, како дел од светското културно и природно наследство заштитено од УНЕСКО, беше симболичен почеток на оваа посета – затоа што безбедноста не значи само справување со заканите, туку и грижа за заштитата на вредностите, наследството и богатството што ги носиме низ генерациите. Посетата на Генералниот секретар на Интерпол продолжува утре во Скопје, со официјалниот дел од програмата, во рамки на кој се предвидени активности во Министерството за внатрешни работи, посета на Полициската академија, средби со највисокото државно раководство и разговори за натамошно унапредување на меѓународната полициска соработка.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаХоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналотМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните работи за регулација на одводниот канал во населеното место Сингелиќ.Министерството инвестира 21 милион денари во овој проект, а градежните активности на терен се веќе во напредна фаза со бетонирање на коритото со цел трајна заштита од поплави. Овој канал е клучен дел од хидромелиоративниот систем за одводнување „Скопско Поле“ и прифаќање на атмосферските води. ,,МЖСПП спроведува инфраструктурна офанзива низ целата држава. На овој начин ги поставуваме темелите за вистински зелен пресврт”, изјави министерот Хоџа и дополни дека во тек е подготовка и на четири други значајни проекти со кои се модернизира комуналната инфраструктура на општина Гази Баба. Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на системско решавање на децениските проблеми на граѓаните и подигнување на квалитетот на животот во секое населено место.Тагови: Сингелиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територијаМакедонската делегација на овој Самит на НАТО во Анкара пред своите колеги ја претставија македонската позиција и посветеност за континуирано унапредување на одбранбените капацитети.Сојузниците остануваат посветени на зацврстувањето на безбедноста и единството на Алијансата, а со зајакнување на соработката, зголемување на инвестициите во одбраната, развојот на европската и трансатлантската одбранбена индустрија и јакнењето на одбранбените капацитети и способности, Алијансата ќе биде уште посилна. Тоа се пораките кои беа испратени од денешниот (8 јули) состанок на Северноатлантскиот совет на ниво шефови на држави и влади, на кој учествуваше и македонска делегација составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а предводена од претседателката и врховен командант на македонската Армија, Гордана Сиљановска – Давкова. На состанокот стана збор и за заедничката безбедносна и одбранбена политика во рамки на ЕУ зашто „посилна Европа значи и посилно НАТО.“ Дополнително, учесниците разменија мислења и за актуелните безбедносни случувања во Украина и Иран како и за влијанието на Кина. Во заедничката изјава по завршување на состанокот на лидери, министерот Мисајловски посочи дека пораката од сите европски земји е дека имаме заедничката безбедносна и одбранбена политика и дека земјава е дел од оваа европска политика. „Ако во рамките на НАТО сме семејство на исто ниво, тоа треба да важи и за Европската Унија“, рече Мисајловски и додаде дека повеќето држави го поздравија придонесот која нашата земја го прави во поглед на колективната безбедност. Македонската делегација на овој Самит на НАТО во Анкара пред своите колеги ја претставија македонската позиција и посветеност за континуирано унапредување на одбранбените капацитети. Дополнително од страна на министерот Мисајловски било нагласено дека земјава останува да биде одговорен и посветен сојузник кој активно придонесува кон колективната безбедност.Тагови: Анкара НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter