ВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации
2ВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации
Шоу бизЏенифер Лоренс проговори за чувањето на 16- месечниот син: Ќе бидам мајка-хеликоптерАмериканската актерка Џенифер Лоренс неодамна стана мајка за прв пат, а за мајчинството реши да зборува во шоуто „Добро утро Америка“.Како што пренесува People, 32-годишната жена признала дека нејзиниот живот драстично се променил откако го родила синот Си. „Во последно време целосно му се посветив на мојот син. Порано мислев дека како мајка ќе имам време да режирам, но едноставно сум премногу уморна за такво нешто“, открива актерката која неодамна се врати на сетот по снимањето на филмот No Hard Feelings. Сепак, таа рече дека тоа ќе ѝ биде единствениот проект бидејќи се труди што поголем дел од своето време да го посвети на семејството. На прашањето дали би била мајка-хеликоптер, односно мајка која е многу заштитничка кон своето дете, таа одговори дека најверојатно би била. „Да, мислам дека сепак ќе бидам мајка-хеликоптер. Многу се грижам и мислам дека дефинитивно ќе морам да работам на тоа“, додала Лоренс, која го има синот со нејзиниот сопруг Кук Марони, сопственик на уметничка галерија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаСДСМ: Владата има пари за авион - нема за плати!Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните.Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава“. За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со безбедна вода. Се мери со нов авион за Мицкоски. „Третата економија во Европа“ на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра. За нов владин авион – има. Се може да почека само авионот не може. Граѓаните во Гостивар 5 недели да чекаат на вода. Анализите за водата во Гостивар да почекаат. Работниците со минимална плата да чекаат. Потрошувачката кошничка од 70.000 денари да почека. Дизелот од 100 денари да почека. Земјоделците со нјаниски откупни цени да почекаат. Само авионот не може да чека. Велат, авионот бил потребен за ЕУ, за инвеститори и за функционерите да не губеле време на редовни линии. За Гостивар имаа време. Додека илјадници граѓани се соочуваа со здравствената криза, Мицкоски имаше време за одмор и екскурзија. А сега нема време да патува со редовна линија и да седи во економска класа. Оваа власт ги намали странските инвестиции за над 60% за 2 години, да и беше за инвестиции ќе ги зголемеше. Сериозна држава е држава која прво обезбедува безбедна вода за своите граѓани. Сериозна држава обезбедува достоинствени плати, функционално здравство и институции што работат. Сериозна држава не слави додека илјадници граѓани завршуваат во болница. Но тоа не се приоритетите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Нивниот редослед е јасен: Прво луксуз за нив, потоа изговори за граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинацииСо новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид.Најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко. Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро и Палермо. Од Охрид пак, новите линии ги поврзуваат граѓаните со Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена. Подобрата поврзаност е важна и за економијата. Поголемиот број директни линии може да придонесе за развој на туризмот, особено во Охрид, но и за полесно поврзување на домашните компании со странски партнери и пазари. Проширувањето на авиомрежата е дел од заложбите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поголема мобилност, повеќе можности и посилно поврзување на Македонија со Европа и светот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТретиот ден од карпошовото културно лето започна со урбана уметностВчера, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. Третиот ден од Карпошовото културно лето започна во знакот на урбаната уметност и проектот „По таму, сонот…“, во чии рамки ликовната уметничка Калина Брајковска започна со изработка на мурал на бараките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ). Со осликувањето на четирите бараки на оваа високообразовна институција, јавниот простор ќе добие ново ликовно и уметничко обележје, збогатувајќи го урбаниот амбиент на Карпош и Скопје. Додека уметницата работеше на муралот, посетителите уживаа во музичката програма и пријатната атмосфера. На почетокот на создавањето на муралот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој и самиот се приклучи во уметничкиот процес и учествуваше во цртањето Вчера, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. Во опуштена атмосфера под отворено небо, карпошани од сите генерации уживаа во филмската вечер. Карпошовото културно лето продолжува со богата програма, добра забава и содржини за сите генерации! ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook