Џенифер Лопез направи меме за Бен Афлек: Среќниот израз на мојот сопруг (ВИДЕО) - Канал 5

Џенифер Лопез направи меме за Бен Афлек: Среќниот израз на мојот сопруг (ВИДЕО)

Бен Афлек беше главен наслов на овогодинешното Греми.

Џенифер Лопез направи меме за Бен Афлек: Среќниот израз на мојот сопруг (ВИДЕО)

Актерот на доделувањето на музичките награди присуствуваше со сопругата Џенифер Лопез, а на многумина им се чинеше дека цело време му е досадно, поради што стана предмет на шеги на социјалните мрежи.

Секој пат кога камерата се насочуваше кон Џенифер и Бен, изгледаше како Афлек да стои до својата сопруга, вкочанет и незаинтересиран за она што се случува. Поради ова, многумина направија мемиња со неговите слики и видеа од наградите, а сега им се придружи и самата Џеј Ло.

Пејачката и актерка на социјалните мрежи го сподели трејлерот за новиот филм Air во режија на нејзиниот сопруг. Афлек го игра еден од основачите на Најк, Фил Најт, во филмот, кој излегува на 5 април.

„Воздух... Едвај чекам“, го навела Џенифер на видеото кое го предговорила додавајќи фотографија од насмеаниот Бен со натпис: „Среќен израз на лицето на мојот сопруг“. Објавата насмеа многу нејзини фанови.

„Секогаш сакаме да гледаме жена која ни помага“, „Ја сакам твојата смисла за хумор, супер си“, „Ние те сакаме и тебе и „среќното лице“ на твојот сопруг. Едвај го чекаме филмот“, „Се смеев на глас.Имаш одлична смисла за хумор“, се само дел од коментарите под објавата.

Потсетуваме, Џенифер Лопез и Бен Афлек привлекоа големо внимание на доделувањето на Греми наградите бидејќи камерата во еден момент ги фати во непријатна ситуација. На видеото кое кружи на Твитер се гледа како Афлек и шепоти нешто на увото на неговата сопруга, а таа реагира малку бурно и нервозно гестикулира.

Џенифер му одговорила нешто и тогаш Бен се повлекол, а целосно се смириле кога виделе дека ги снима камерата. Засега не се знае која била причината за кратката дискусија, но се огласила девојка која тврди дека седела до нив двајца и раскажала што точно се случило меѓу нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Турските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. 

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си.

Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики.

Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца.

Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца.

Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80.

Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер