Џенифер Лопез ја прислушкува послугата

Марк Ентони, поранешниот маж на Џенифер Лопез, кој со латино дивата помина десет години во брак, откри бизарен детаљ за пејачката.

Ентони наведува дека Џенифер сака да ја прислушкува својата послуга.

-Тоа е баш забавно. Во домот имавме надзорни камери, а таа понекогаш седеше покрај екранот и слушаше за што куќните помошнички разговараат додека се во кујната. Некогаш сакаше да се шета и да ги слуша зад ѕидовите. Не знам зошто тоа толку ја забавуваше, но мислам дека тоа го прави и денес- изјавил тој за американските медиуми.

Марк и Џенифер ја започнаа својата врска во 2003 година, а ја крунисаа со брак во 2004.

„Војаџер 1“ повторно испраќа корисни и употребливи податоци

Леталото полета пред 46 години и седум месеци и сега се наоѓа на над 24,3 милијарди километри далечина од планетата Земја.

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА првпат по пет месеци доби конкретни и употребливи податоци од „Војаџер 1“, откако инженерите изнајдоа решение за комуникацискиот проблем со леталото што досега отишло најддалеку во Вселената.

Се работи за систем за собирање информации што потоа се комбинираат со инженерските податоци и така ја покажуваат моментната состојба на уредот - оддалеченоста, средината што го опкружува и сл. Компјутерите на леталото испраќаа бескорисни податоци од ноември лани, но научниците од НАСА успеаја повторно да го оспособат уредот, инаку лансиран 1977 година.

Контролата на мисијата на Земјата ги прима тие податоци во бинарен код - низа од единици и нули. Од минатиот ноември, системот на „Војаџер 1“ испраќал радиосигнал, но податоците немале никаква корисна цел, ниту пак, смисла, јави „Еј-би-си њус Австралија“.

- Денеска беше голем ден за „Војаџер 1“. Ја вративме комуникацијата со вселенското летало. Со нетрпение очекуваме повторно да добиваме научни податоци, изјави Линда Спилкер - една од научниците кои работат на мисијата.

Од 20 април, засега, се чини дека „Војаџер 1“ е во добра состојба. Леталото полета пред 46 години и седум месеци и сега се наоѓа на над 24,3 милијарди километри далечина од планетата Земја.

Видео: „Мона Лиза“ рапува со помош на вештачка интелигенција

„Мајкрософт“ ја претстави новата технологија со вештачка интелигенција наречена „ВАСА-1“, што може да сними фотографија и аудиоисечок и да ги комбинира во реалистична видеоснимка.

За почеток, технолошкиот гигант претстави видео на кое „Мона Лиза“ на ренесансниот уметник Леонардо да Винчи „ја рапува“ песната „Paparazzi“... Но, овде не се работи за хитот на Лејди Гага, туку рап-верзијата што Ен Хатавеј ја изведе во „Емисијата на Конан О'Брајан“ во 2011 година.

„Ова е толку смешно, плачам од смеење“, „Само Да Винчи да можеше да го види ова“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“ - се дел од коментарите.

Видеото набрзо собра над 7,1 милиони прегледи на само еден профил на „X“.

Мадуро размислува повторно да се отвори Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права, откако претходно, во февруари, венецуелската Влада побара од вработените во Канцеларијата да ја напуштат земјата во февруари.

-Добив предлог за повторно отворање на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права во Венецуела и се согласувам дека треба да ги надминеме нашите разлики, изјави Мадуро за венецуелската национална телевизија, за време на заедничкиот говор со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан.

Мадуро додаде дека е подготвен наскоро да се сретне со Фолкер Тирк и дека претставникот на Канцеларијата е добредојден да дојде на разговори за разликите што ги имаат и начините за надминување на конфликтот што произлезе.

Откако кон средината на февруари од персоналот на Канцеларијата за човекови права на ОН беше побарано да ја напушти Венецуела, владата најави дека во рок од еден месец ќе ги ревидира техничките услови за соработката.

Венецуелската влада потоа го критикуваше „колонијалистичкиот, навредлив и насилен однос“ на ОН, откако специјалниот известувач рече дека венецуелската програма за храна не се занимава со основните причини за гладта во земјата, потсетуваат британските медиуми. /МИА

притисни ентер