1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
Шоу бизЏенифер Лопез им се нафрли на папараци среде улица: Тргни се од мене и моите деца (ВИДЕО)За време на престојот во Хемптонс, Џенифер Лопез се расправала со папараци.Снимката од настанот ја објави Дејли Мејл на својот Инстаграм профил. „Бегајте од мене и моите деца, одете си“, извика 55-годишната пејачка видно вознемирена. Корисниците на Инстаграм коментираа дека таа само бара внимание и дека добро го одглумила настанот. „Кога беше со Бен, сакаше внимание, сега го мрази“, „Сакаше слава, ја доби“, „Колку им плати на папараците за ова“, беа само дел од коментарите. View this post on Instagram A post shared by Daily Mail (@dailymail) Од друга страна, корисниците на Редит излегоа во нејзина одбрана. „Ја малтретираат кога е со децата, не е убаво“, „Да требаше да ги трпам папараците 30 години, и јас би се однесувал вака“, „Ова е страшно. Најлошото е што таа не прави ништо за да ги заштити нејзините деца“, „Мразам кога ги малтретираат познатите деца, тие не го избраа тоа“, беа зборовите со поддршка што ѝ ги испратија нејзините обожаватели. Потсетуваме, познатата пејачка неодамна го прослави својот 55-ти роденден. Лопез веќе некое време никаде не го спомнува нејзиниот сопруг Бен Афлек. Магазинот People пишува дека тој не се ни појавил на нејзината роденденска забава. Се шпекулира за нивен развод, но парот се уште нема официјално соопштение. Тие неодамна ја ставија на продажба нивната палата во Беверли Хилс, по што сомнежите се засилија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЕвропаКанцеларот Мерц се огласи по дебаклот на изборите: Многу болиГерманскиот канцелар Фридрих Мерц, по изборниот пораз на Христијанско-демократската унија (CDU) во германската покраина Саксонија-Анхалт, изјави дека успехот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) предизвикал „тектонско потресување“.Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по изборниот пораз на Христијанско-демократската унија (CDU) во германската покраина Саксонија-Анхалт, изјави дека успехот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) предизвикал „тектонско потресување“ на партискиот систем и предупреди на можноста за формирање „десничарска екстремистичка влада“ во покраината. На состанокот на федералното претседателство на CDU, Мерц рече дека неговата партија мора сериозно да се соочи со изборниот пораз и да признае дека не успеала да најде „емоционален пристап“ кон граѓаните или да ја обезбеди нивната поддршка, објави Bild. „Ова ја потресува нашата партија до темел. Не можеме да продолжиме како ништо да не се случило, ниту јас ниту федералната влада“, нагласи Мерц. Тој оцени дека CDU „драматично ги загубила“ изборите, кои, според него, претставуваат „длабока пресвртница“ за партијата. Германскиот канцелар нагласи дека CDU мора отворено да разговара за проблемите, но и да го одржи единството, предупредувајќи ги членовите да не ѝ штетат на CDU со давање јавни изјави против партијата. Мерц оцени дека целта на АфД е „целосно уништување на ЦДУ“ и повтори дека „нема соработка“ со таа партија, наведувајќи дека ЦДУ цврсто останува на политичките темели на поранешниот германски канцелар Конрад Аденауер, основач на ЦДУ и поранешен германски канцелар Хелмут Кол. Поразот на ЦДУ го коментираше и премиерот на Саксонија-Анхалт Свен Шулце, кој рече дека е „крајно разочаран“ од резултатот. Според него, кампањата била „крајно тешка“, додека АфД, како што тврди, користела различни методи и водела кампања со невидена сериозност, која успеала да мобилизира голем број граѓани кои претходно не гласале. „Многу боли, но мора да го прифатиме“, рече Шулце. Алтернативата за Германија (AfD), предводена од Улрих Зигмунд, вчера оствари убедлива победа на покраинските избори во германската покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 проценти од гласовите, но не успеа да освои апсолутно мнозинство, додека Христијанско-демократската унија (CDU) на покраинскиот премиер Свен Шулце претрпе тежок пораз и заврши на второто место со само 17,2 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати објавени од изборната комисија преку ноќ. Според прелиминарните резултати, AfD освои 43,8 проценти од гласовите на изборите во недела - барем двојно повеќе од 20,8 проценти што ги освои на изборите во 2021 година, CDU сега има 17,2 проценти од гласовите, во споредба со 37,1 процент на претходните избори, а Социјалдемократската партија на Германија (SPD) доби 9,3 проценти од гласачите, во споредба со 8,4 проценти, објави Билд утрово. AfD, според прелиминарните резултати, повеќе од двојно го зголеми својот удел во гласовите, од 20,8 проценти во 2021 година на 43,8 проценти, што е најдобриот резултат што една партија го постигнала на покраински избори во Германија во последните десет години. Излезноста беше 77,8 проценти, во споредба со 60,3 проценти во 2021 година, што е највисока излезност во Саксонија-Анхалт од повторното обединување на Германија.Тагови: изборите Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалУЕФА: Сите натпревари ќе почнуваат со минута молчење Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска објави дека пред претстојните натпревари од првото коло на Лигата на шампионите ќе се одржи минута молчење во спомен на загинатите во поплавите во Непал.Натпреварите од првото коло на Лигата на шампионите ќе се играат од вторник до четврток. „Како знак на солидарност и поддршка, пред почетокот на сите натпревари од Лигата на шампионите ќе биде одржана минута молчење и ќе биде истакнат транспарент на кој ќе пишува: „Не си сам, Непал“, соопшти УЕФА. Според најновите бројки, повеќе од 1.300 луѓе загинаа во поплавите во Непал, кои ја погодија земјата на 26 август, додека околу 5.000 се водат како исчезнати. „Целото европско фудбалско семејство е обединето пред натпреварите што се играат оваа недела за да изразиме најдлабоко сочувство и поддршка до народот на Непал. Им посакуваме сила и упорност да се опорават од оваа голема трагедија и нејзините последици“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЕвропаСе урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)Во центарот на Рим, се урна кат од деловна зграда, но за среќа четири лица беа спасени, соопштија властите.Зградата на Виа Кола ди Риенцо, во која се наоѓаат продавницата „Норт Фејс“ и хотелот „Консоли“, моментално е затворена поради несреќата, според агенцијата „АднКронос“. Хотелот е во процес на реновирање. Директорката на противпожарната служба, Беатрис Танци, изјави дека таванот помеѓу приземјето и првиот кат делумно се урна. Иако четири лица беа спасени, екипи со кучиња трагачи и специјалисти кои го пребаруваат подрачјето сè уште бараат. Таа додаде дека во тек се работи за реновирање во хотелот „деи Концоли“ и истакна дека не е исклучено „натрупаниот материјал“ на градилиштето да ги „преоптоварил подовите“. #Roma, crollo solaio in una palazzina in ristrutturazione in via Cola di Rienzo: dalle 10:30 #vigilidelfuoco al lavoro con 2 squadre, nucleo #USAR e cinofili, esclusa la presenza di persone coinvolte. Operazioni di messa in sicurezza dell’area in corso [#7settembre 12:15] pic.twitter.com/ppviTk1iNt — Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) September 7, 2026 Тагови: зграда Рим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter