Џенифер Лопез ги поздрави фановите во провокативна долна облека (ФОТО) - Канал 5

Џенифер Лопез ги поздрави фановите во провокативна долна облека (ФОТО)

Џенифер Лопез пред неколку дена, точно на 24 јули, го прослави својот 54-ти роденден, а таа е една од ретките жени кои можат да се пофалат со неверојатна енергија и изразито младешки изглед, како и со извајана фигура.

Џенифер Лопез ги поздрави фановите во провокативна долна облека (ФОТО)

Дека нејзините години не можат ништо, ни докажува, од ден на ден, со разголени, заводливи фотографии. Таа неодамна во рамките на кампањата за брендот Intimissimi повторно сподели серија заводливи, провокативни фотографии.

На новите фотографии латино дивата позира во нежна, тренди долна облека во кобалтно сина боја, а овој секси комплет ја истакна нејзината совршена фигура. Рамен стомак, изразени стомачни мускули, хармонично деколте, извајани нозе - каде и да погледне човек, Џеј Ло едноставно нема мани.

Пејачката позираше и во шарена, свилена бањарка и влечки со потпетици направени од проѕирна пластика и малку дива, лежерна фризура. Фотографиите ги воодушевија нејзините следбеници - за само 24 часа собраа 1,3 милиони лајкови и море од ласкави комплименти.

„Никогаш не сум видел некој што изгледа толку проклето добро на 54 години“, „Ова ми е нереално, дека некој изгледа толку добро“, „Ми го сменивте верувањето дека жената на 54 години не може да биде секси, ти благодарам за тоа“. „Дали си вонземјанин, како е можно да имаш над 30 години?“, „Да имав вакво тело, секаде би шетала во костим за капење“, се само дел од коментарите, а многумина алудираа на фактот дека ова не се вистински фотографии на Џенифер Лопез, туку дека се направени од вештачка интелигенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осум лица се ранети во средно учлиште во Турција

Осум лица се ранети во   Маниса во  Турција, откако утрово непознато лице отворило оган пред средно училиште, соопшти канцеларијата на гувернерот на Маниса.

Осум лица се ранети во средно учлиште во Турција

На снимките од безбедносните камери се гледа како осомничениот оди по улицата со пушка во раката, а потоа брзо бега од местото на настанот заедно со оружјето. По вооружениот напад во училиштето во Маниса, на местото почнале да пристигнуваат вознемирени родители, додека полицајците се обидувале да ја смират толпата и да ја стават ситуацијата под контрола.

YouTube video

На местото на настанот е присутен голем број припадници на безбедносните служби, а родителите се обидуваат да добијат информации за своите деца. првичните извештаи укажуваат дека се ранети осум лица, од кои едно е во критична состојба.напаѓачот побегнал од местото на настанот. Полицијата започнала голема потрага и тој набрзо бил уапсен.пукањата во училиштата се ретки во Турција, иако претходно оваа година имаше два напади во еден по друг дена на југот од земјата што предизвикаа гнев кај локалното население

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонија е изолирана земја, а Мицкоски е руски „прокси играч“

Лидерот на СДСМ Венко Филипче утринава на прес конференција на која зборуваше за повеќе теми рече дека Македонија е изолирана земја и а Мицкоски  го нарече руски прокси играч.

Филипче: Македонија е изолирана земја, а Мицкоски е руски „прокси играч“

Целосната изјава погледнете ја во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Коте од Руља би бил жив, ќе се гордееше со предавниците Заев и Филипче, сменија име, знаме, устав

СДС се дрзна да каже дека ВМРО-ДПМНЕ ја распродавала државата, и тоа замислете од партијата водена од најголемите докажани квинслинзи на Македонија, Зоран Заев и Венко Филипче. 

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Коте од Руља би бил жив, ќе се гордееше со предавниците Заев и Филипче, сменија име, знаме, устав

Кога Коте од Руља кој е синоним за прадавство би бил жив, на овие двајца вода може да им носи. Сменија име, сменија Устав, сменија знаме, се откажаа од македонското малцинство во соседните држави, кажуваа дека Бугарите биле ослободители, дека македонскиот јазик почна од Втората светска војна.

Донесоа француски предлог и ултиматум и го направија критериум за напредок кон Европската Унија.

Па СДС е таму каде што е токму поради овие предавства.

Така да предавствата станаа второ име за Филипче и Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер