Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде
1Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде
Шоу бизЏенифер Анистон само еднаш се сретнала со Анџелина Џоли и сега е објавено што и кажала Џенифер Анистон, актерка која ги освои срцата на гледачите како Рејчел Грин во серијалот Пријатели, само еднаш се сретнала со Анџелина Џоли, поради која ја напушти Бред Пит.Иако Анистон ретко зборува за Анџелина, која е седум години помлада, во интервју за Vanity Fair во 2006 година, таа одлучи да биде потполно искрена. Џенифер и Бред се разведоа во 2005 година, по пет години брак. Таа ја снимаше последната сезона на Пријатели во тоа време, додека тој го снимаше филмот ,,Г-дин и г-ѓа Смит” со Анџелина. Непосредно пред да започне снимањето, таа се запознала со Анџелина. Тие се сретнале на паркинг. „Пристапив кон неа и се претставив. Реков дека Бред е многу возбуден што работи со неа и се надевам дека ќе им биде добро“, изјави таа за Vanity Fair. За несреќа, нејзината желба се оствари, а Бред и Анџелина поминуваа добро се до нивниот развод во 2015 година. Дека има проблеми во бракот меѓу Џенифер и Бред, беше јасно кога тие престанаа да одат заедно на премиери и забави. Во тоа време, се правдаа со работни обврски, но неколку месеци подоцна го потврдија она што се шпекулира и поднесоа барање за развод. Една година подоцна Вог и го постави истото прашање на Анџелина. Иако претходно тврдеше дека никогаш не се запознале, тогаш ја смени приказната. "Но ... Вие ме прашавте дали некогаш сум се запознала со Џенифер и реков не. Се запознав, но не беше вистинско запознавање. Одевме една покрај друга, се збогувавме кратко, се ракувавме. Не беше запознавање како да седнавме и разговаравме. ", таа рече. На прашањето дали би сакала на таков начин да се сретне со Џенифер, таа одговори: „Тоа треба да биде нејзина одлука, јас би ја поддржала“. Таа средба не е одржана до денес. Од друга страна, на овогодинешните награди САГ, Џенифер и Бред се сретнаа, а нивната средба беше доста срдечна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ТехнологијаОпсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно кадеВселенската опсерваторија „Свифт“ на американската вселенска агенција НАСА треба да влезе во атмосферата на Земјата денеска, односно да „падне од небото“. Точното време на повторното влегување сè уште не е познато, но проценките сугерираат дека тоа ќе се случи во наредните часови. Тековната позиција на Свифт може да се следи на веб-страницата N2YO.com. Моментално е на надморска височина од околу 160 километри. Вселенското летало од 1,5 тони помина речиси 22 години набљудувајќи експлозии на гама-зраци. Сега се очекува повторно да влезе во атмосферата на Земјата, создавајќи огнена топка што би можела да биде видлива дури и на дневна светлина. Поголемиот дел од Свифт ќе изгори за време на повторното влегување, но некои од деловите од волфрам и огледало на опсерваторијата може да го преживеат согорувањето. НАСА се обиде да го спаси Свифт. Во јули, „Каталист Спејс“ лансираше роботско вселенско летало наречено LINK за да се сретне со Свифт и да го подигне во повисока орбита. Таа мисија не успеа. Во меѓувреме, сончевата активност ги „разнесе“ горните слоеви на Земјината атмосфера, влечејќи го Свифт надолу многу побрзо од очекуваното.Тагови: НАСА опсерваторија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БалканВулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)Александар Вулин, претседателот на Социјалистичкото движење на Србија, поранешен министер во неколку влади, а сега претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, објави дека пристигнал во Москва. Тој тврди дека не избегал никаде, туку дека отишол во Русија, каде што ќе има серија состаноци за продолжување на гасниот аранжман, објави Телеграф. Вулин објави видео на социјалната мрежа Инстаграм со пораката: Пристигнав во Москва. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vulin (@aleksandar_vulin_rs) Во видео изјавата тој објаснува дека не избегал никаде, дека нема да оди никаде без своето семејство, но ги напаѓа и сите што ја објавија информацијата дека авионот во кој првично се наоѓал бил вратен на белградскиот аеродром затоа што самиот Вулин не ги почитувал безбедносните процедури. Вулин тврди дека планира серија состаноци во руската престолнина за продолжување на гасниот аранжман на Србија со таа земја. Летот на „Ер Србија“ JU134, кој полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград кон Москва во вторник вечерта, беше вратен во Белград истата вечер откако, според неофицијални информации од порталот „Нова.рс“, беше утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка.Тагови: Вулин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење! Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници! Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани! Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат! За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат. Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00