3Филипче: Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од ЕУ – тоа е изговор на Мицкоски и бандата
Шоу бизЏенифер Анистон конечно проговори за „аферата“ со Обама: Тивко се разведуваат (ВИДЕО)Холивудската актерка Џенифер Анистон конечно реши да стави крај на гласините кои се шират во јавноста последните неколку месеци, а во врска со нејзината наводна врска со поранешниот американски претседател Барак Обама.Гласините за можна врска помеѓу Анистон и Обама се појавија откако беше откриено дека бракот меѓу Барак и Мишел Обама е во криза. Овие наводи предизвикаа медиумска бура, а дополнително внимание привлече и тоа што Мишел не присуствуваше на одредени важни настани, како што се погребот на Џими Картер и инаугурацијата на Доналд Трамп. „Џенифер едвај го познава Обама, а овие гласини се навистина луди“, изјавил извор за Radar Online. Џенифер, според блиски пријатели, е загрижена за влијанието на овие гласини врз Мишел Обама. Самата актерка беше на удар за слични приказни за време на бракот со Бред Пит, кога медиумите тврдеа дека Бред ја изневерувал со Анџелина Џоли. „Џен знае колку можат да бидат болни овие приказни. Таа е шокирана, но и збунета, бидејќи не разбира како луѓето доаѓаат до овие идеи“, рекол изворот. After watching this, I'm totally convinced that the story about Jennifer Aniston and Barack Obama is true! What about you? pic.twitter.com/Dq0uVUM5aG — Vince Langman (@LangmanVince) January 24, 2025 Барак и Мишел - се разделија, но разводот се уште не е официјален. Извори блиски до Барак тврдат дека тој и Мишел веќе се разделиле и живеат одвоено. Очигледно, разводот ќе се случи тивко, без помпа, за да се зачува нивното достоинство. „Барак е подготвен да продолжи понатаму, а истото важи и за Мишел, која конечно реши да се стави себеси на прво место“, вели изворот. Анистон ги демантирала сите шпекулации за врска со претседателот, нагласувајќи дека едвај го познава. Пред водителката да постави прашање и да и ја покаже насловната страница на таблоидот, таа гласно се насмеа велејќи дека не му се лути, туку дека е многу смешен. „Го запознав еднаш. Ја познавам Мишел многу подобро од него“, изјави Џенифер во шоуто на Џими Кимел. Jennifer Aniston with Michelle Obama #jenniferaniston pic.twitter.com/8zkb1FylYC — Jennifer Aniston Fan (@jenanistonblog) January 18, 2025 Долгогодишниот публицист на актерката исто така ги осуди гласините, нарекувајќи ги „целосни измислици“. Иако приказната привлече големо внимание во јавноста, Џенифер Анистон јасно стави до знаење дека нема никаква врска со Обама.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
КултураИзложба и доделување на наградата ДЕНЕС 2026 во Сули анВо рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026.Во рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026, најзначајната и најстара независна награда во земјава за млад/а визуелен/а уметник/чка до 35 години. Изложбата на финалистите: Јован Јосифовски, Сергеј Каленикoв и Ана Трајковска и свеченото доделување започнуваат во 20 часот, по што следи DJ сет на Мартина Пенева. Наградата ДЕНЕС, во нов колаборативен формат, годинава носи двомесечен престој во Residency Unlimited (Њујорк) за добитникот/чката, и по едномесечен престој во Галерија „Простор" (Хартефакт, Сплит) и самостојни изложби во Скопје и Сплит (2027) за другите двајца финалисти. Жирито го сочинуваат Натали Онгле (Residency Unlimited, Њујорк), Јелена Мијиќ (мултимедијална уметничка, Белград, добитничка на наградата „Димитрије Башичевиќ Мангелос") и Илија Прокопиев (визуелен уметник, добитник на ДЕНЕС 2011, уметнички директор на галеријата Шкуц, Љубљана). Во првиот круг на жирирање членка беше и Хиба Абид, кураторка во Њујоршката јавна библиотека и членка на комитетот за уметност и култура на градоначалникот на Њујорк. Наградата ДЕНЕС е основана во 2002 од Центарот за современи уметности - Скопје, а од 2015 година ја организира Фaкултет за работи што не се учат во рамки на АКТО, во соработка со мрежата YVAA, Residency Unlimited и Trust for Mutual Understanding (Њујорк).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
ФудбалСуспендирани 448 турски фудбалски функционериТурската фудбалска федерација привремено суспендираше 448 сегашни и поранешни клупски функционери, вклучувајќи ги претседателот на „Трабзонспор“, Ертугрул Доган, и потпретседателот на „Бешикташ“, Хакан Далтабан. Овој потег е преземен како дел од истрагата за спортско обложување во турскиот фудбал. Од Федерацијата официјално соопштија дека сите суспендирани функционери се обложувале во текот на изминатите пет години додека извршувале функции во клубови од првата и втората лига во земјата. Сите тие се пријавени до дисциплинската комисија на Федерацијата. Турските медиуми известуваат дека, од 448-те суспендирани функционери, 171 биле или моментално се поврзани со клубови од највисокиот ранг на турскиот фудбал. Турската фудбалска федерација го засили надзорот врз спортското обложување откако минатата година земјата беше потресена од голем скандал поврзан со обложување. Како дел од таа истрага, Федерацијата суспендираше 149 судии и 1.024 фудбалери на различни временски периоди. Во посебна истрага спроведена претходно оваа недела, еден функционер и шест члена на главната судиска комисија беа приведени под обвинение за мешање во судиските процедури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
КошаркаЕфес се огласи-Мајк Џејмс ја повреди Ахиловата тетиваТурскиот кошаркарски великан Анадолу Ефес се огласи – црните претчувства се потврдија турскиот евролигаш ја објави и потврди повредата на Ахиловата тетива на Мајк ЏејмсПоразот на Ефес од Црвена Ѕвезда во Белград во рамките на Евролигата падна во втор план за Анадолу Ефес во моментот кога Мајк Џејмс, на носилки, го напушти теренот во „Белградска арена“. Американскиот бек ја повреди Ахиловата тетива за време на дуелот со Црвена ѕвезда, а првичниот впечаток дека станува збор за сериозен проблем набрзо беше потврден и од самиот клуб. По натпреварот, Ефес соопшти дека Џејмс ќе мора да направи дополнителни прегледи за да се утврди сериозноста на повредата и да се одредат понатамошните чекори. „Следат детални прегледи за Мајк Џејмс поради повреда на Ахиловата тетива, по што ќе се утврди прецизен план за лекување и закрепнување“, се наведува во соопштението на турскиот клуб. Ефес беше поразен од Црвена ѕвезда во „Белградска арена“ со резултат 77:72 во натпреварот од 3. коло на Евролигата, но исходот на мечот беше засетен од загрижувачка сцена. За тимот од Истанбул е особено важно што се повреди играчот кој е најдобар стрелец во историјата на Евролигата. Засега нема официјални информации за сериозноста на повредата, ниту за тоа колку долго Џејмс би можел да отсуствува. Повеќе детали се очекуваат по дополнителните медицински прегледи.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook