ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа
2ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа
3Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово
Шоу бизЏенифер Анистон го прослави својот 54-ти роденденTaa сподели фотографија со две исклучително важни личности од нејзиниот живот Познатата американска актерка Џенифер Анистон пред неколку дена го прослави својот 54-ти роденден и со тоа одбележа уште едно поглавје во животот, опстојувајќи долги години на филмската сцена шармантна и оптимистична, и покрај многубројните бродоломи во животот. Иако денес сите ја знаат како исклучително успешна, Анистон претходно откри дека, како и кај другите познати личности, и на нејзиниот пат не секогаш „ цветале рози“. Имено, ѕвездата од серијата „Пријатели“, пред да се појави на јавната сцена, работела како келнерка, продавала производи за слабеење и била сосема непозната, обична девојка. Како и во случајот на многу личности од светската јавна сцена, додека се пробивала до врвот Анистон имала поддршка од нејзините родители кои исто така беа актери. Враќајќи се децении наназад, Џен на својот роденден објави фотографија на која актерката позира како мало девојче покрај своите родители. Нејзиниот татко Џон Анистон ја држи во рацете, а покрај нив е нејзината мајка, поранешната актерка Ненси Дау. - Размислувам за овие две битија кои ми подариле живот додека уживам во последниот сјај на мојот преубав роденден. Сум почувствувала многу љубов од многумина и сето тоа ќе ме носи низ дивата и прекрасно непознатата година пред нас. Ве сакам!- гласеше емотивната порака на актерката во опис на фотографијата. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) Фотографијата доби повеќе од милион „лајкови“, а нејзините придружници не ја пропуштија можноста да ѝ го честитаат роденденот и да го коментираат нејзиниот трогателен гест. Прекрасната стара семејна фотографија од архивата на Џенифер ги воодушеви нејзините придружници, но и многумина трогна со оглед на тоа што нејзиниот татко почина минатата година на 90-годишна возраст. Џон беше познат американски актер, со грчко потекло, кој се прослави по улогата во култната серија „Денови на нашите животи“. Нејзината мајка, Ненси Дау, почина 2016 година, а непосредно пред нејзината смрт, тие двете ги изгладија заладените односи. По разделбата со Џон, Дау минувала тежок период, па, според актерката, некогаш знаела да бидем многу строга. Џенифер не разговараше 15 години со својата мајка, ниту пак ја покани по повод нејзината венчавка со Бред Пит.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоциклВо сообраќајна несреќа на улица Радишанска загина возач на мотоцикл.-Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот. Во тек е увид, информираат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ФудбалВидео: 40.000 навивачи на Трабзонспор го пречекаа Салах40.000 навивачи го пречекаа Салах во неговиот нов клуб .Египетскиот фудбалер Мохамед Салах (34) официјално е претставен како нов играч на турскиот клуб Трабзонспор. Досегашниот член на Ливерпул, беше пречекан на стадионот „Папара Парк“ од повеќе од 40.000 навивачи , кои му приредија спектакуларен пречек. Салах потпиша двегодишен договор со турскиот клуб, кој му гарантира плата од 17 милиони евра по сезона. Покрај фиксната плата, договорот вклучува и бонуси врз основа на учинокот, како и 20 проценти од приходите од продажбата на клупски производи со неговото име. Mohamed Salah, evimiz Papara Park’ta 👑🔥 pic.twitter.com/3PY16cgr29 — Trabzonspor (@Trabzonspor) August 6, 2026 Салах излезе на теренот носејќи бордо-син дрес со бројот 10. Тој ја поздрави публиката, која возврати со гласно навивање. На екраните низ стадионот беа прикажани пораки за добредојде на турски и на англиски јазик. Египетскиот напаѓач им се обрати на присутните, истакнувајќи дека му се приклучил на клубот со цел да освојува трофеи. Неговото доаѓање се смета за еден од најзначајните трансфери во историјата на турската Суперлига и ги нагласува високите амбиции на Трабзонспор да се натпреварува во самиот врв на турскиот фудбал. За Трабзонспор Трабзонспор се смета за четвртиот најголем турски клуб, покрај истанбулските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ. Тагови: Мохамед Салах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со ЕвропаЛиберално-демократската партија (ЛДП) го поздравува потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8.Ова е важен чекор за подобра регионална поврзаност, економски развој и поблиска интеграција на Македонија во европската транспортна мрежа. Истовремено, потсетуваме дека државата веќе изгуби околу 60 милиони евра европски грант за овој проект поради неисполнување на роковите и слабата реализација на проектот. Таквите пропусти не смеат никогаш повеќе да се повторат. ЛДП со години укажува дека инфраструктурните проекти што ја поврзуваат Македонија со Европа се национален интерес кој треба да има поддршка без разлика која политичка гарнитура е на власт Затоа, за ЛДП ваквите проекти не смеат да бидат предмет на дневнополитички пресметки. Очекуваме по потпишувањето на договорите да следува навремена, ефикасна и транспарентна реализација на проектот, затоа што на Македонија ѝ се потребни резултати, а не само свечени потпишувања. ЛДП ќе продолжи да поддржува секој проект што ја доближува Македонија до Европската Унија, ја подобрува регионалната поврзаност и создава услови за економски развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook