- Му благодариме на Бога за благословот - вели Џенет која пред 6 месеци обелодени дека ја одложува турнејата за да основа семејство со сопругот Висам Ал Мана. Таа досега не се изјаснуваше околу шпекулациите дека е бремена - сега е веќе видливо!
Според извори блиски до Џексон, таа има утрински мачнини но е пресреќна што ќе добие дете.
- Таа е супер возбудена и пресреќна што ќе има дете, и смета дека ова е најдоброто нешто што и се случило во животот - вели изворот.
Џенет Џексон и нејзиниот сопруг Висам Ал Мана се заедно од 2012 година.