Џена Ортега: Глумата ме направи повнимателна личност, сега ги бирам зборовите - Канал 5

Џена Ортега: Глумата ме направи повнимателна личност, сега ги бирам зборовите

 Американската глумица Џена Ортега проговори за своите предизвици во Холивуд. Имено, за насловната приказна на „Вог Мексико“ (Vogue Mexico), таа зборува за растењето како детска ѕвезда и за своите стравови на снимањата.

Џена Ортега: Глумата ме направи повнимателна личност, сега ги бирам зборовите

Таа истакна и дека порано „не се чувствувала слушната“, меѓу другото.

- Да се биде млада и самоуверена личност е интензивно за многу луѓе, особено за жена. Отсекогаш знаев како е да немаш глас и тоа ме ужаснува. Не сакам повторно да се најдам во таа положба. Важно е за мене да го користам мојот глас на најпрофесионален, најефикасен можен начин. Во поголемиот дел од мојата кариера не знаев како да се изразам, вели глумицата.

Како што објаснува, била многу млада и не знаела речиси ништо за филмската индустрија.

- Можеби поради одредени професионални искуства што ги имав во минатото, а кои беа малку тешки, се затворив во себе и станав многу несамоуверена, продолжува Ортега.

Славата го променила начинот на којшто се претставува себеси пред светот.

- Ме охрабри да станам попретпазлива личност... Порано бев екстровертно дете, но станав порезервирана. Тоа не значи ништо негативно. Само значи дека сега внимателно ги бирам зборовите, појасни Ортега.

Според неа, работната средина секогаш треба да биде искуство на соработка. Најдобрата работа, ќе рече, често произлегува од идеите на група луѓе и колективната визија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Усвоен е нов Закон за оружје — поголема безбедност, побрзи услуги и повеќе права за граѓаните

Усвоен е новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги.

Усвоен е нов Закон за оружје — поголема безбедност, побрзи услуги и повеќе права за граѓаните

Чекор од Реформската агенда на државата.

Што носи новиот закон:

Едно барање за повеќе парчиња оружје. Ограничување на максимален број парчиња оружје, со регулирани исклучоци согласно закон.Полнење муниција согласно закон.Обврска за простор за безбедно чување и сместување на оружјето.Проширено сокорисничко право. Набавка по наследно решение во рок од 4 наместо 2 месеци.1 година рок од примената на законот — за сите што пропуштиле да поднесат барање за набавка по основ на наследство или биле одбиени поради пропуштен рок, како и за легализација, пререгистрација или доброволно предавање на оружјето. Нови електронски услуги, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запалени два автомобила во Бутел- едниот бил на познат адвокат

Два автомобили биле опожарени во раните утрински часови во скопската населба Бутел, а едното возило е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. 

Запалени два автомобила во Бутел- едниот бил на познат адвокат

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била примена околу 2:20 часот, по што на местото веднаш излегла увидна екипа. Во пожарот биле зафатени автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички и „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на двајца жители на Скопје.

Засега не се познати причините за пожарот, ниту дали станува збор за намерно подметнување. Полицијата извршила увид и презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сторителите. Според досегашните информации, нема повредени лица, а истрагата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски веќе работи на создавање нов сателит

Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не постои како функционална структура, Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов сателит.

СДСМ: Мицкоски веќе работи на создавање нов сателит

Последните двајца преостанати во ЗНАМ – Горан Минчев и Максим Димитриевски сега се борат за фотелји.

Кога и таа последна битка ќе заврши, бидејќи можеби и нема да останат во Владата, Мицкоски ќе остане без инструментот што го користеше за да го ослабне опозицискиот блок.

Затоа веќе започнува со создавање на ново „здружение“.

Тоа е дел од истата стратегија што ја применуваше и досега - создавање на вештачки политички субјекти чија единствена цел е да го ослабнат опозицискиот блок и да му обезбедат дополнителни гласови на следните избори.

Огромниот пад на ВМРО од 150.000 гласови, целосно урнатиот рејтинг на Мицкоски поради лаги и економски колапс, како и фактот дека граѓаните сфатија дека биле измамени на минатите избори, го принудуваат да размислува за предвремени избори.

Мицкоски знае дека СДСМ е зајакнат, дополнително, како дел од широкиот граѓански Фронт за вистина и правда, претставува сериозна закана по неговата власт.

Затоа му е потребен нов сателит, ново орудие кое ќе работи на повеќе страни и ќе се обиде да го повтори сценариото од минатите избори.

Ова е класичен пример на политичко инженерство од најлош вид.

Наместо да се соочи со реалните проблеми на граѓаните, Мицкоски продолжува да гради паралелни структури чија единствена мисија е да ја одржат неговата власт преку манипулација и поделба на гласовите.

Мицкоски не прави нова политичка сила. Тој прави нов механизам за контрола на изборниот процес и за поделба на опозициските гласови. Исто како што го правеше и со ЗНАМ.

Двапати истата лага нема да помине. Граѓаните не се наивни.

Доаѓа времето на вистината и правдата,с е наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер