Џена Џејмисон, една од најпознатите актерки во филмовите за возрасни била прикована за количка - Канал 5

Џена Џејмисон, една од најпознатите актерки во филмовите за возрасни била прикована за количка

Сега открива дали има ХИВ

Џена Џејмисон, една од најпознатите актерки во филмовите за возрасни била прикована за количка

Џена Џејмисон, фаталната русокоса која со години ја будеше фантазијата на мажите ширум светот, особено во својот активен период од 1993. до 2010 г., била прикована за количка поради мистериозна болест.

Нејзината животна приказна привлече големо внимание во јавноста, а особено е интересен фактот дека Џена зад себе има неколку бракови.

Нејзиниот прв брак со колегата Бред Армстронг издржал само десет недели. Парот се раздели во 1997 година, но поради договорот работеле заедно до 2001 година, кога и официјално се разделија. Нејзиниот втор сопруг бил сопственик на едно порнографско студио, Џеј Грдин, а биле во брак од 2003 до 2006 година. Во тоа време, тој бил единствениот маж со кого ги снимала сцените, за време на тој брак дознала дека боледува од рак на кожата. Иако хируршки го отстраниле, Џена го пометнала нивното дете набргу откако ја дознала дијагнозата и не можела да забремени со него, а сиот тој стрес довел до развод.

Џена, во 2006 година на популарниот „Мајспејс“, го запознала поранешниот „UFC“ борач, Тито Ортиз, со кого доби близнаци во 2009 година, но двојката раскина во 2013 година. Две години подоцна, таа запознала нов партнер, со кого исто така се омажила. Најголема поддршка за Џена во нејзината животна борба е секако Израелецот Лиор Битон, со кого во април 2017 година ја доби ќерката Бател Лу. Поради него станала Еврејка за да можат да се венчаат. Парот е заедно од 2015 година.

Во својата книга Џена открива дека на 16 години била жртва на групно силување, а наводно на истата возраст била силувана од вујкото на нејзиното момче. Сепак, тој негирал. Таа била зависна од разни опијати и долго време се лечела.

По раѓањето на децата, Џена многу се здебели, па деталите од процесот на слабеење ги споделуваше со своите придружници на социјалните мрежи. За време на третата бременост се здебелила дури 40 килограми. Но, таа набргу го врати првобитниот заводлив изглед. Меѓутоа, во еден момент таа повторно почнала да се дебелее, па повторно реши да го промени начинот на исхрана.

На почетокот на оваа година Џена минала низ вистински пекол. Имено, таа откри дека боледува од мистериозна болест, мускулите ѝ биле многу слаби што едвај одела, па извесно време користела инвалидска количка, а имала и период од две недели кога постојано повраќала. Поради ова, од јануари годинава деновите ги минува во болница, обидувајќи се да утврди што се случува со нејзиното тело. Џена направила и неколку магнетни резонанци, поради што морала да оди на интравенозно отстранување на метали од организмот. Но, анализите не ѝ помогнале да заздрави.

Таа има и когнитивни пречки и оди на терапија која е фокусирана на обновување на меморијата бидејќи нејзината краткотрајна меморија е многу слаба.

Многумина беа изненадени од прашањето кое ѝ беше поставено на социјалните мрежи. Еден од присутните ја прашал дали има ХИВ.

-Не. Ова е навистина случајно прашање, но не - јасно одговори Џена.

Нејзе, инаку, ѝ е утврден недостаток на тиамин (витамин Б1), супстанца која природно се наоѓа во храната и може да се зема во форма на суплементи, а игра витална улога во метаболитичките процеси, растот, развојот и функционирањето на клетките. Недостатокот на тиамин може да предизвика губење на тежината и меморијата, мускулна слабост, зголемено срце и многу други заболувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.

Хајди не се крие

Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.

Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен.

„Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа.

Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди.

Таа не сака инјекции за слабеење

Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија.

Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“.

Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Маж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Жена пренесена во Женева на лекување

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Уделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени.

Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати.

„Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто.

Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“.

Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи.

Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“.

Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно.

Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили.

Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик

Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење.

Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно.

Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“.

Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина.

Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер