Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ
2Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ
ФудбалЏеко ја напушта Рома за 10 , од клубот бараат 20 милиони евраСкај Спорт објави дека Един Џеко би можел да ја напушти Рома во следниот преоден рок.Договорот на офанзивецот од БиХ со Рома трае до летото 2020 , но нема разговори за продолжување на соработката. Италијанскиот Скај Спорт објави дека до Рома стигнала понуда за Џеко од Премиершип за 10 милиони евра. Италијаните не откриваат кој е британскиот клуб , заинтересиран за босанскиот напаѓач , зашто Рома нема намера да го продаде Џеко за помалку од 20 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев: Ја градиме академијата по современи европски стандарди, со фокус на знаењето, ...-Ја градиме академијата по современи европски стандарди, со фокус на знаењето, компетенциите и развој на административните службеници.Рим, Италија - 02.10.2025 Создавање современ систем за професионален развој на административните службеници, развој на нова генерација раководители и воспоставување силна институција за обука и развој на администрацијата беа во фокусот на работната посета на министерот за јавна администрација Горан Минчев на Националото училиште за јавна администрација на Италија - SNA. На средбата со претседателот на националното училиште за јавна администрација, проф. Џенаро Терачано, министерот Минчев разговараше за конкретни можности за продлабочување на соработката меѓу двете институции, особено во пресрет на воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници во Македонија. Националното училиште за јавна администрација на Италија - SNA, е институција на Претседателството на Советот на министри на Италија, со значајна улога во регрутирањето и обуката на државните службеници и раководители, како и во истражувањето и развојот на капацитетите на јавната администрација. Во фокусот на разговорот беше воспоставувањето директен институционален канал за соработка меѓу SNA и идната Академија за стручно усовршување и обука на административните службеници. „За нас, Академијата не е само нова институција, туку нов пристап кон професионалниот развој на администрацијата. Го воспоставуваме системот во кој знаењето, компетенциите и континуираното усовршување стануваат темел на современата јавна администрација. Токму затоа ни е важно да учиме од искуствата на институции како SNA, кои имаат долгогодишно искуство во развојот на административниот и раководниот кадар.“- истакна министерот Минчев. Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници беше донесен во 2025 година и претставува основа за формирање на Академијата како орган во состав во рамки на Министерството за јавна администрација, која започнува со работа во јануари 2027 година. Академијата ќе воспостави систем во кој обуките ќе се планираат врз основа на реалните потреби на институциите, нововработените службеници ќе поминуваат задолжителна почетна обука и испит, а раководниот кадар ќе има обврска за професионално усовршување по унапредувањето. Системот предвидува и регулиран статус на обучувачите, база на обучувачи, евалуација на програмите и обучувачите, како и истражувачка и аналитичка дејност. „Со ова воспоставуваме институционален механизам што досега недостасуваше - системски да се планира, спроведува и мери професионалниот развој на административните службеници. Не сакаме обуките да бидат само формално исполнување на обврска. Сакаме тие да создаваат знаење и компетенции што директно ќе се преточат во подобра работа на институциите и подобри услуги за граѓаните.“ - порача Минчев. Министерот Минчев го претстави и новиот начин за именување и назначување на високите раководители во јавниот сектор, утврден со неодамна донесениот Закон за високи раководители, и изрази интерес за размена на искуства со SNA во однос на утврдувањето на раководните компетенции и планирање на раководните програми за обука. На средбата беа разгледани и конкретни можности за соработка преку размена на специјализирани програми и методологии, обучувачи и експерти, студиски посети, заеднички истражувања и размена на искуства во областа на развојот на високите раководители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИгор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМРазговори за иднината во 12:05.Денес, петок, 02 октомври, Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски во партиската архива на “Бихакќа” ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ. Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството. На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
ЗабаваУтре „Бела ноќ“ во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на плоштадот „Мајка Тереза“Скопје утре, 3 октомври ќе го одржи годинашното издание на „Бела ноќ“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје со концерти, изложби, театарски претстави и програма за најмладите на повеќе градски локации.Еден од главните музички настани ќе биде настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, закажан за 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ). Публиката ја очекува вечер со блуз и рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. По повод „Бела ноќ“, во сабота ќе биде обезбеден бесплатен превоз со ЈСП од 18:00 часот, како и бесплатен влез во Зоолошката градина Скопје. Целосната програма е достапна на www.univerzalna.com.mk/belanokКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter