Шоу бизЏек Николсон по долго време се појави во јавност, виден е на натпревар на ЛА Лејкерс Американскиот актер Џек Николсон (86) се појави на натпревар на неговиот омилен кошаркарски тим Лос Анџелес Лејкерс и го следеше натпреварот од првиот ред.Тоа беше прво појавување на Николсон во јавност од 2021 година, кога беше сликан на натпревар покрај синот Реј. Иако неодамна беше снимен од папараците на балконот од неговиот дом во Лос Анџелес во прилично непрепознатливо издание, ова беше прво појавување на Николсон во јавноста по долго време и се чини дека се држи прилично добро со оглед на гласините за неговото нарушено здравје. Американските медиуми неодамна ги пренесоа изјавите на неговите пријатели кои биле многу загрижени за Џек. „Неговата куќа е како замок од кој воопшто не излегува. Луѓето би сакале да излезе барем малку за да видат дали е добро. Тој е во контакт само со неколку блиски роднини и неговиот син Реј , но неговите денови за дружење се зад него“, изјави неодамна извор за медиумите. Да потсетиме, последниот филм во кој глумеше беше How Do You Know од 2010 година. Некои извори неодамна рекоа дека Џек се бори со деменција и не може да се сети на текстовите. Сепак, Бил О'Рајли, водител на Fox News, се огласи по изјавата и ја нарече глупост. "Разговаравме долго време и тој ми постави многу интересни прашања. Ние сме пријатели со децении. Па, тој има 85 години! Но психички е во многу подобра состојба од претседателот на САД", рече тој тогаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЦрна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУЦрна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ.Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот парламент ги усвои предлог-измените на уставот што се однесуваат на судскиот и тужителскиот совет и на централната банка. Фото: ВИТагови: ЕУ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда. „Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска. Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра. Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook