Џејмс: Потребно е време да се навикнам - Канал 5

Џејмс: Потребно е време да се навикнам

Леброн Џејмс по неуспешното деби во дресот на Лос Анџелес лејкерс истакна дека му е потребно време да се навикне на новата средина.

Џејмс: Потребно е време да се навикнам

- Работите се поинакви кога ќе го смениш клубот. Така било секогаш кога сум одел на ново место, потребно е време да се навикнам. Работевме на координацијата една недела и беше добро што имавме можност да играме со вистински противник, а не меѓу себе. Имаше периоди кога топката не одеше каде што сакаме и ќе треба да поработиме на тоа, истакна Џејмс.

Тој на теренот помина 15 минути, а реализираше девет поени и по три скока и асистенции.

Неговиот нов клуб загуби од Денвер нагетс со 124:107 на подготвителниот натпревар одигран во Сан Диего

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот

Завршивме неколку големи проекти во Гевгелија со што инфраструктурно градот доби нов лик, едно модерно место за живеење. 

Николоски: Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот

Вкупно инвестираме преку 165 милиони денари, поддршката од Владата за Гевгелија ќе продолжи и во таа насoка ќе работиме на изградба на нов влез во градот, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија.

Заедно со градоначалникот извршија увид во реконструкција на улицата Маршал Тито, инвестиција од 81 милион денари поддршка од Владата.

“Овој проект ќе даде целосно нов лик на овој дел од градот, Ќе ја врати автентичноста, но исто така има и доста модерни елементи. Тоа што целокупната инсталација се решава и оди подземно и тоа што ќе има едно прекрасно осветлување кое што навечер ќе даде целосно нов дух на овој дел од градот, мислам дека целосно ќе го смени ликот. Toa ќе значи голема шанса и за околните жители нивните имоти да добијат вредност, а тука зошто да не да се отворат и угостителски објекти во кои што ќе можат да доаѓаат и гости од државата, но и гости од странство кои што често знаат да ја посетат Гевгелија. Kако Влада и како Министерство за транспорт дадовме поддршка во реализација на овој проект, во вкупна вредност од некаде 81 милион денари”-истакна Николоски.

Тој најави и нов проект за општина Гевгелија.

“Заедно со градоначалникот пред некој ден разговаравме и за нов влез на градот кој што ќе го преземеме како обврска Министерството за транспорт, еве можам и официјално да најавам така што ќе работиме заеднички за еден нов влез на градот” – рече заменик претседателот на Владата, Николоски.

Николоски истакна дека до сега Владата преку Министерството за транспорт во општина Гевгелија инвестира 165 милиони денари во инфраструктурата.

“Покрај оваа улица на која што сме во моментов, завршена е и изградбата на улицата Новопланирана во вредност од 2,4 милиони денари, како и изградба на парк со детско игралиште на улица Деко Ковачев во вредност од 7,1 милион денари. Завршена е реконструкција и рехабилитација на дел од булевар Гевгелија и натпатник на улица Железничка во првиот повик 17,7 милиони денари. Преку средства од Министерството за транспорт завршивме и реконструиравме улици во село Моин, во село Прдејци и во село Богородица и завршен е Западниот булевар фаза 3 со средства обезбедени од Министерството за транспорт со поддршка на Светска банка во вредност од 30,8 милиони денари” – додаде Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекинато судењето на серискиот убиец од Старо Нагоричане - Обвинетиот за сериски убиства не го потврди сопствениот идентитет

Обвинетиот за сериски убиства не го потврди сопствениот идентитет

Прекинато судењето на серискиот убиец од Старо Нагоричане - Обвинетиот за сериски убиства не го потврди сопствениот идентитет

Со вперен поглед нагоре, кон ѕидот осомничениот Трајче Бојковски го стартуваше судскиот процес против него, за според обвинението 4 убиства и два обиди за убиства, во главно врз возрасни и немоќни жени, кои живееле сами. Кога судијата го прозва да ги потврди личните податоци Бојковски гледаше кон светлата во ѕидот и не говоше ништо, туку на моменти се смешкаше кон невклучените сијалици. По 10 ти минути и неколку обиди на судијата, обвинетиот да го потврди сопственото име, даде кратка пауза за да се одлучи дали судењето може да продолжи.

Главно обвинетиот Бојковски не го потврди сопственото име, по што судијата побара време, за да одлучи дали може да го продолжи рочиштето.

Инаку, серискиот убиец Бојковски со полициска придружба и лисици на рацете беше донесен во Обвинителството во Куманово.

Според обвинението, тој се товари за четири кривични дела за убиство како и за обид за убиство. Обвинението во судската постапка ќе го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово.

Според претходно објавени информации во јавноста, жртвите се претежно повозрасни жени, со исклучок на една 35-годишна жена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нереди во Лавов за време на мобилизацијата, превртено воено возило.

Синоќа во Лавов, град во западна Украина, изби конфликт за време на проверка на воени документи во рамките на мобилизацијата.

Нереди во Лавов за време на мобилизацијата, превртено воено возило.

Притоа, се преврте службеното возило на Територијалниот центар за регрутирање (ТЦК) – украинската институција задолжена за воената евиденција и мобилизацијата – пренесува „Суспільне“.

Според првичните информации од полицијата, за време на проверката бил пронајден маж роден во 1996 година, кој бил баран поради избегнување на воената служба.

Алина Подрејко, портпаролка на Главната управа на Националната полиција во регионот Лавов, изјави дека полициските службеници одржувале јавен ред и мир на местото на настанот.

„Прелиминарно е утврдено дека, при проверка на граѓани во рамките на активностите за мобилизација, бил пронајден маж по кого се трагало поради избегнување на воената служба“, изјави Подрејко.

Според неа, по мажот се трагало од 12 јуни. Што соопштува центарот за регрутација Регионалниот територијален центар за регрутација и социјална поддршка во Лавов објави на Фејсбук дека на 8 јули, околу 21:30 часот, на улицата Стријска, нивниот персонал – заедно со полицијата – запрел маж за да му ја провери воената документација.

„При проверката било утврдено дека мажот ги прекршил правилата за воена евиденција уште од 12 јуни. Тој бил однесен во центарот за регрутација, а во 00:20 часот бил упатен на воено-медицинска комисија“, се наведува во објавата.

„Втора група на ТЦК остана на местото на настанот, каде што беше блокирана од група неидентификувани лица. Оваа група го опколи службеното возило на војниците, се однесуваше агресивно, му нанесе значителна штета и на крајот го преврте. Полицијата работи на терен. Сите настани ќе бидат предмет на соодветна правна оценка, а одговорните ќе се соочат со последиците предвидени со закон“, се додава во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер