НБАЏејмс го предвододеше Кливленд до победа, заврши сезоната за Казнс Во најквалитеттната светска кошаркарска лига, НБА, ноќеска беа одиграни десет натпревари.Од нив, ја издвојуваме победата на вицепрвакот Кливленд, само втора на последните осум натпревраи. Кливленд предводен од Лебропн Џејмс ја совлада Индијана со 115-108. Џејмс средбата ја заврши со „трипл-дабл“ учинок, осми за него сезонава. Тој покрај 26 поени, имаше и 11 асистенции и 10 скока. Покрај него добра партија пружи и Кевин Лав со „дабл-дабл“ од 10 поени и 13 скока. Тимот на Њу Орлеанс го совлада Хјустон пред своите симпатизери со 115-113. Сепак, победата сепак ќе остане во сенка на повредата на Демаркус Казинс, кој на осум секуди до крајот мораше да го напушти теренот. Првичните информации велат дека за Казнс сезоната е завршена. Инаку Казинс имаше „трипл-дабл“ учинок со 15 поени, 13 скока и 11 асистенции. Најефикасен беше Ентони Дејвис со 27 поени и 11 скока. На Хјустон не му помогнаа ниту Крис Пол и ЏЕјмс Харден кои исто така имаа „дабл-дфабл“ учиноци. Пол, мечот го заврши со 38 поени и 11 скокаа, Харден имаше 23 поени и 11 скока. Луол Вилијамс со 40 поени и 1о асистенции беше предводник на Лос Анџелес Клиперс во победата на гостински терен кај Мемфис со 109-100. Непријатни изненадување пред своите симпатизери доживеаа и кошаркарите на Сан Антонио кои загубија до Филаделфија со 78-97, како и второ пласираниот во Источната конференција Торонто со поразот од Јута со 93-97. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook