3Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен
3Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
Шоу бизЏејми Фокс: Лани имав мозочен удар, се борев за живот (ВИДЕО)Холивудскиот актер Џејми Фокс неодамна сними специјал за Нетфликс во Атланта, What Had Happened Was...Во него, тој откри неколку досега непознати детали од неговата досега мистериозна болест, поради која минатата година заврши во болница и за што нашироко се дискутираше. "Атланта, се вратив! Се борев за мојот живот, но сега сум тука, пред тебе. Интернетот се обиде да ме убие, рекоа дека сум парализиран. Рекоа дека нема да можам да одам и сега ме гледате“, расположено рече Џејми. Во еден момент, тој се осврна на гласините дека Диди е виновен за неговата состојба. "Интернетот вели дека Диди се обидел да ме убие. Знам што прашувате во моментов, има ли вистина во тоа? Јас рано ги напуштив тие забави, имав девет години", се пошегува Фокс. Во специјалот опиша и како сето тоа започнало. Вели дека му се слошило на 11 април 2023 година, а наводно 20 дена не се сеќава на настаните. Првиот лекар, според Фокс, рекол дека е добро, но неговата сестра побарала второ мислење и на крајот го однела актерот во болницата Пиемонт во Атланта. Докторот таму изјавил дека Џејми доживеал мозочен удар поради крварење во мозокот и дека морал да оди на итна операција. На 4 мај, актерот се разбудил во инвалидска количка, без поим што му се случило. Да потсетиме, на средината на април минатата година, ќерката на Џејми, Корин Фокс, на Инстаграм откри дека нејзиниот татко завршил во болница. Причината никогаш не беше откриена, но многумина веќе шпекулираа дека се работи за мозочен удар. View this post on Instagram A post shared by Jamie Foxx (@iamjamiefoxx) Претходно, Чок Но Џоук, снимател и продуцент кој присуствувал на снимањето на специјалот, рече дека Фокс навести дека Диди имал улога во неговата итна медицинска процедура. „Џејми рече дека контактирал со ФБИ и дека Диди стои зад тоа што се случило“, рече тој. View this post on Instagram A post shared by Jamie Foxx (@iamjamiefoxx) Сепак, останува нејасно дали забелешките се сериозни наводи или дел од комичната изведба за шоуто. „Мислам дека не се шегуваше“, рече Чок, нагласувајќи дека тонот на Фокс е искрен. „Проценете сами дали се шегуваше или не кога ја гледате емисијата. Знам кога некој е сериозен“, додал Чок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 10Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.Активностите продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје - Скопје. Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци: Дезинсекција против ларви: 7 мај - авионска дезинсекција; 11 јуни - авионска дезинсекција; 26 јуни - теренска дезинсекција; 10 јули - авионска дезинсекција; 23 јули - теренска дезинсекција. Дезинсекција против возрасни комарци: 1 и 2 јуни - авионска дезинсекција; 18 и 20 јуни - теренска дезинсекција; 27 и 28 јуни - авионска дезинсекција; 13 и 15 јули - теренска дезинсекција. Наредната недела ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните. Продолжуваме одговорно, навремено и системски да работиме на заштита на јавното здравје и подобар квалитет на живот за граѓаните. https://www.facebook.com/reel/2110716592811003Тагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Мбапе во жешка акција на јахта со сексапилна русокоса По крајот на Светско фудбалско првенство, капитенот на Франција, Килијан Мбапе и покрај неуспехот на тимот ужива во заслужен одмор. Деновиве вниманието на јавноста го привлекува и неговата сакана... Според пишувањата на странските медиуми, тој моментално престојува на јахта на Сардинија во друштво на својата девојка, шпанската актерка Естер Експосито. Нивното опуштено дружење веднаш го привлече вниманието на јавноста и дополнително ги поттикна шпекулациите за нивната блискост. Фотографите на странските медиуми ги уловија во интимен момент – додека се прегрнуваа и бакнуваа на јахтата. Soccer star Kylian Mbappé and "Elite" star Ester Expósito were photographed kissing and cuddling during their yacht vacation. Photos: Backgrid pic.twitter.com/CUyNRA50re — JustJared.com (@JustJared) July 29, 2026 Сепак за јавноста поинтересна е убавата Естер, која покажа совршена фигура и витко тело од кое беше тешко да се тргне погледот. Фотографиите од јахтата брзо се проширија на мрежите, по што јавноста го доби одговорот на прашањето - дали Мбапе се бакнува со убавица? Естер е актерка која се прослави во 2018 година, кога ја доби улогата на Карла Росон во тинејџерската серија на „Нетфликс“, „Елита“ (Elite). Инаку според фотките може да се заклучи дека Килијан и Естер вистински уживаат во летниот одмор на луксузната јахта. Тагови: Килијан Мбапе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАмерикански центар: Владите да вложуваат повеќе во критичните минералиЗападот треба значително да ги зголеми инвестициите во ископ и преработка на критични минерали за да ја намали зависноста од Кина, предупредува американскиот Центар за стратегии за критични минерали.Главниот проблем за проектите за критични минерали во западните земји е недоволното финансирање, поради што државите остануваат зависни од Кина за суровини неопходни за технолошката и одбранбената индустрија. Ова се наведува во најновиот извештај на американскиот Центар за стратегии за критични минерали, кој повикува владите многу поактивно да ги поддржат инвестициите во рударството. Во извештајот се оценува дека геополитичката трка за критични ресурси нема да ја добијат земјите што само најавуваат стратегии и партнерства, туку оние што ќе успеат брзо да обезбедат капитал и стратешките рударски проекти да ги претворат во производство. Додека западните држави сè повеќе користат јавни средства за поттикнување на нови рударски инвестиции, во Македонија сè уште е во застој единствениот најавен проект за експлоатација на критичен минерал – рудникот за бакар во Иловица, зад кој стои компанијата „Трафигура“. Домашни експерти претходно повикаа Македонија да го искористи својот ресурсен потенцијал и да се вклучи во западните синџири за снабдување со критични минерали. Според плановите, рудникот во Иловица би експлоатирал околу 10 милиони тони руда годишно и би произведувал повеќе од 10.000 тони бакар, со предвиден работен век од околу 23 години. За разлика од препораките за јавна финансиска поддршка, за овој проект веќе е обезбеден приватен капитал. Првата фаза од изградбата е проценета на околу 340 милиони евра, а покрај стотици нови работни места, се очекува секоја година околу 75 милиони евра да се слеваат кон локални и регионални компании од угостителството, земјоделството, прехранбената, текстилната, хемиската и дрвната индустрија, како и кон занаетчиски и сервисни дејности. Во извештајот се посочува и дека Западот се соочува со недостиг од бакарен концентрат за работа на топилниците. Причината е што глобалните капацитети за топење, особено во Кина, растат побрзо од понудата на суровина, што создава силна конкуренција за ограничените количини бакарен концентрат. Дополнително, се наведува дека Кина од 2001 до 2023 година инвестирала околу 98 милијарди долари во проекти за критични минерали, обезбедувајќи долгорочен пристап до стратешки суровини и доминантна позиција на глобалниот пазар. Заклучокот на Центарот е дека создавањето сигурни синџири за снабдување независни од Кина ќе бара тесна соработка меѓу владите и приватниот сектор. Според проценките на Меѓународната агенција за енергетика, за исполнување на поставените цели ќе бидат потребни повеќе од 500 милијарди долари инвестиции во нови проекти за критични минерали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33