Шоу бизЏеј Зи е најбогатиот музичар на светот!Раперот и продуцент Џеј Зи стана „крал“ на листата на Форбс на најбогати музичари.Сопругот на светската музичка дива Бијонсе , Џеј Зи има дури 900 милиони причини за славење, толку милиони долари „тежи“ неговата сметка во банка. Раперот според богатството го престигна својот колега и пријател П.Диди, кој долги години суверено владееше со листата на Форбс на најбогати музичари. Сопругот на Бојинсе дефинитивно паметно вложил во производство на скап шампањ и коњак и на тој начин го зголемил своето богатство за неколку милиони долари. За Џеј Зи „нема зимо“ и бизнисот да почне да му пропаѓа бидејќи ќе може да побара помош од сопругата Бијонсе чие богатство е проценето на „скромни“ 500 милиони долари. Инаку зад Џеј Џи и П. Диди на листата на Форбс, на третата позиција е уште еден рапер, популарниот Др. Дре со „само“ 770 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваИрина Шајк позира во костими за капење на познат бренд (ФОТО) Брендот Hunza G ја претстави новата колекција Resort 2027, инспирирана од естетиката на 2000-тите, а заштитно лице на кампањата е моделот и актерка Ирина Шајк. Фотографиите за кампањата се направени на Ибица и се потпишани од фотографот Давит Ѓорѓадазе. Креативниот директор и основач на брендот, Џорџијана Хадарт, дизајнираше линија што го одразува стилот на периодот преку смели кроеви и метални детали. Колекцијата нуди луксузни и разновидни парчиња, погодни за облека покрај базен и вечер. „Со години сакав да соработувам со Ирина, а сега е совршена можност да ги споиме нашите светови“, рече Хадарт. Нови материјали и враќањето на иконскиот модел Во колекцијата доминира препознатливиот збрчкан материјал „Crinkle“ на брендот Hunza G, овој пат претставен и во варијантата Zebra Jacquard. Металик нијансите на жад, теракота и графит ѝ даваат на линијата висок сјај. Популарниот Monica Bikini се враќа во „Metallic Cocoa“ и сега е достапен како едноделен костим за капење во истата боја. Облека за плажа и вечерни излегувања Покрај костими за капење, колекцијата вклучува и облека. Мини здолништа, шорцеви и мини фустани во темно сина и црвена боја се изработени од спортски материјали. Новите модели „Scrunch“ се украсени со метални детали, а беа претставени и фустан што се врзува околу вратот и првиот транспарентен креп сет на брендот, составен од кошула и панталони.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗеленски: Добивме разузнувачки податоци за голем руски напад Украинанскиот претседател Володимир Зеленски објави дека земјата се подготвува за можен нов масовен руски напад. По состанокот со претставници на владата, војската и клучните служби, тој рече дека украинските власти добиле нови разузнавачки информации за руските подготовки и веќе спроведуваат контрамерки. „Добивме нови разузнавачки информации за руските подготовки за масовен удар. Подготвуваме контрамерки. Поставивме рокови за повеќето задачи, а најприоритетните веќе се спроведуваат“, рече Зеленски на X. Зеленски додаде дека владини претставници, заедно со регионалните власти, развиле и дополнителни логистички решенија. Целта е да се намалат последиците од руските напади врз транспортната и снабдувачката инфраструктура, кои повторно беа меѓу главните цели во последните денови. I held a coordination call with government officials, the military, and all key services. First, the Minister of Defense and the Commander of the Air Force reported on the deployment of air defense assets and the establishment of defense lines to protect designated key facilities. We are securing the necessary munitions for F-16s, interception systems, and interceptor missiles. The biggest challenge is with anti-ballistic capabilities, and the availability of these supplies depends entirely on our partners. We are working with them every day. Second, over the past day, the Russians attacked several Ukrainian hospitals – in Kramatorsk and Kryvyi Rih. Our services responded, and it is important that in every region, there is a rapid response from the State Emergency Service of Ukraine to every such situation. Thank you for your professional work! Third, government officials, together with representatives of regional authorities, have prepared additional logistics solutions in response to Russia’s operation against Ukrainian logistics. Today, we received updated intelligence on Russia’s preparations for a massive strike. We are preparing countermeasures. We set deadlines for a significant part of the tasks, and the highest-priority ones are already being implemented. Thank you to everyone who is defending our country and our people! — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 6, 2026 Русија ги интензивираше нападите во последните денови Русија изврши еден од најголемите напади врз Киев и пошироката област на главниот град кон крајот на септември, користејќи речиси 190 беспилотни летала и балистички ракети. Зеленски во тоа време рече дека главната цел била енергетската инфраструктура на Киев и Киевската област, но нападите погодиле и други делови од земјата. Во последните денови, руските сили нападнаа и транспортна инфраструктура, вклучувајќи мостови и објекти важни за украинската логистика. Киев тврди дека Москва се обидува да го отежни снабдувањето на градовите и војската и да стави дополнителен товар на енергетската мрежа пред зимата. Во исто време, Украина продолжи да напаѓа руски рафинерии, складишта за гориво и места за лансирање беспилотни летала. Зеленски претходно изјави дека Украина ќе одговори на руските напади врз нејзината инфраструктура, но нема намерно да ги таргетира цивилите.Тагови: Володимир Зеленски руски напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
БизарноРодители се тепаат пред своите ќерки- девојчињата врескаат (ВИДЕО)Натпревар меѓу јуниорки во Темишвар се претвори во инцидент на трибините кога родители на играчи од два ракометни тима се степаа. Ривалството меѓу ЛПС Банатул и Милениум Џармата, кои се сретнаа во рамките на Националното јуниорско првенство меѓу девојки, се префрли од теренот на трибините, објавува порталот Observatornews.ro. Според очевидци, конфликтот започнал поради незадоволство од одредени судиски одлуки. Родителите прво се судриле вербално, а расправијата набрзо прераснала во физичка пресметка, додека нивните ќерки гледале со страв од теренот. Инцидентот се случил во салата Олимпија пред околу 90 гледачи. На снимката се гледаат неколку родители како се расправаат, по што конфликтот ескалира дополнително. Во еден момент, двајца мажи физички се судриле и паднале преку оградата на трибините, додека од теренот се слушаат извици и вресоци на девојчињата. Самиот натпревар беше многу напнат од самиот почеток, со голем број исклучени играчи, додека тренерот на ЛПС Банатула беше директно дисквалификуван. Натпреварот заврши со победа на Милениум Џармата со резултат 28:18. Тренерот на ЛПС Банатула поднесе извештај до Романската ракометна федерација, а случајот ќе го разгледа и Дисциплинската комисија. Во инцидентот се вклучи и полицијата на округот Тимиш, која започна истрага за идентификување на лицата вклучени во конфликтот.Тагови: девојчиња родители Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook