Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
Шоу бизЏеј Ло: Веќе не се убивам од работа!Во интервју за декемвриското издание на „Marie Claire“ Џенифер Лопез зборува за својот живот.Џенифер Лопез (46) изгледа прекрасно на страниците на магзинот. Во долгото интервју таа зборува за својот сексапил кој се зголемува со возраста, за важноста на пријателите при љубовните крахови, за големата лекција која ја научила кога работела премногу и за малку ќе доживеела нервен слом. - Во 2000 имав голема криза но тогаш претерував со работа. Сега знам да кажам - тој ден не работам, овие три дена ќе ми бидат слободни, не можете да ме планирате тој ден - и светот не се урива, иако сите прават да мислиш дека ќе се случи баш тоа! - вели убавата пејачка и актерка. Разводот со Марк Антони кој беше едно од поболните искуства, го надминала со помош на пријателите. - Сфатив дека сум поминала низ истото неколку пати а тие секогаш биле со мене. Како што велат, мажите доаѓаат и си одат, но моите другарки секогаш се секогаш тука за мене - вели Џенифер. Џенифер Лопез се прослави во деведесеттите. Како поминува времето таа станува се попривлечна, полна со сексапил. Вели дека секогаш се гледала себеси како добра девојка, не како ѕвезда која својот сексапил ќе го користи на груб, вулгарен начин. /извор: Дејли меилКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАМСМ: Промена на сообраќајниот режим на автопатот Кичево–ОхридНа автопатот Кичево–Охрид, на потегот меѓу Пресека и Песочан, кај клучката Арбиново, од денеска ќе се применува привремена измена на сообраќајниот режим поради работи за санација на левиот коловоз.Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива без пречки, при претежно суви коловози. Сообраќајот надвор од населените места е со умерен интензитет, додека на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter