3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелигенција
Шоу бизЏеф Безос одлучи која треба да биде новата девојка на Џејмс Бонд?Тој го користи своето влијание за да ја поддржи актерката Сидни Свини како новата девојка на БондОткако компанијата на Џеф Безос ги купи правата за франшизата за најпознатиот филмски шпион Џејмс Бонд за околу 790 милиони фунти на почетокот на годината, шефот на Амазон сега го користи своето влијание за да ја поддржи актерката Сидни Свини како новата девојка на Бонд, пишува Дејли Меил. Покрај тоа што, според гласините, се залага 28-годишната актерка да стане партнерка на познатиот агент 007, Безос и неговата свршеница Лорен Санчез наводно инвестирале и во нејзиниот нов бренд за долна облека. Свини мистериозна за гласините Приказните за можен ангажман дополнително се разгореа откако Свини беше гостин на свадбата на Безос во Венеција во јуни. Новинарите неодамна ја прашаа што мисли за гласините дека ќе стане новата девојка на Бонд. „Не можам... Не знам“, изјави таа за Варајати со насмевка. „Искрено, не ги следам сите гласини за Бонд, но ја обожавам франшизата и навистина сум љубопитна да видам што ќе направат со новиот филм. Зависи од сценариото.“ Потоа таа додаде со смеа: „Мислам дека всушност би се забавувала повеќе ако го играв самиот Џејмс Бонд.“ View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) „Идеално за новата генерација гледачи“ Според извор, Свини е на врвот на листата кандидати за новиот филм за Бонд, кој треба да го режира Денис Вилнев. „Сидни е главното име на листата за кастинг. Вилнев верува дека е неверојатно талентирана и има харизма да им се допадне на помладата публика, што е клучно за модернизација на франшизата“, рече изворот. „Плус, таа е атлетски градена, во форма и женствена. Има сè што е белег на најдобрите девојки од Бонд.“ View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) Безос, исто така, инвестира во нејзиниот моден бренд Додека шпекулациите за улогата сè уште траат, Безос наводно ја поддржува линијата долна облека на Свини, на која таа работи веќе една година. Според „Ју-Ес Викли“, милијардерот и неговиот партнер инвестирале почетен капитал во фонд за приватен капитал за да помогнат во лансирањето на брендот. Проектот е поддржан и од Бен Шверин од „Коатју“, кој неодамна доби инвестиција од 770 милиони фунти од Безос и Мајкл Дел. Извор: Индекс.хрТагови: Сидни Свини џејмс бонд Џеф Безос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЕвропаАвион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани Според најновите информации, две лица загинаа во падот на мал авион во Германија, кој се урна на автопатот А2 помеѓу Бург и Кринберг, на североистокот од земјата, соопшти полицијата.„Авионот се запали за време на падот. Според сегашните информации, спасувачите пронајдоа две мртви лица во авионот“, изјави за „Билд“ портпаролот на локалната полиција Стефан Бродтрук. Причината и околностите на несреќата, која се случи непосредно пред 15 часот во покраината Саксонија-Анхалт, сè уште се истражуваат. At least two dead as plane crashes onto German motorway and bursts into flames https://t.co/8KIzzR6Obu https://t.co/wTuAn8D6gK — Mirror Breaking News (@MirrorBreaking_) November 6, 2026 Полициската и спасувачката операција траеја неколку часа, а автопатот кон Хановер беше затворен во тој период. Според порталот „Флајтрадар“, авионот што се урна бил двосед регистриран на воздухопловниот спортски клуб во Кроп, и полетал од нивниот аеродром во Шлезвиг во 12:33 часот, објави Мирор.Тагови: авион автопат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаЛефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот системМиле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава.Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава, за што кажа дека Народната банка веќе најавила сет мерки и како независно регулаторно тело работи да го заштити интересот на граѓаните, додека како што вели, лидерот на СДС повторно се обидува да создаде паника од случување на домино ефект. „Народната банка претставува една посебна независно регулаторно тело коешто практично е независно и така треба да биде третирано. Банкарскиот сектор исто така спаѓа во она што се нарекува стратешки сектор, економски сектор во државата и кога се пристапува во вакви кризи, треба да се пристапува многу внимателно, имајќи на ум неколку принципи, а тоа е заштита на депозитот и заштедата на граѓаните, меѓутоа и заштита на самиот банкарски сектор. Гледаме дека Народната банка како регулатор, настапува во моментот во насока на заштита на депозитите на граѓаните. Видовме мерки на прес-конференцијата денес во три насоки, зголемување нели на обемот, на местата за пристапност за подигање на готовина“, рече Лефков. Лефков го посочи и односот на опозицијата и прес-конференциите на лидерот на СДС, каде тој се обидува да создаде паника и како што вели бомбастично најавува некој домино ефект, односно ефект на други банки, за што кажа дека не е точно. „Апелирам дека политиката и прстите на политиката треба да бидат особено внимателни кога станува збор за банкарскиот сектор и не треба на овој начин да се обидуваат да креираат хистерија. Важно е институциите да го дадат својот одговор, а ние како Собрание на Комисијата за финансирање и буџет да се разгледаат сите оние аспекти во коишто институциите требало да постапат не постапиле или како постапувале“, истакна Лефков и додаде: „Во дадениот момент се заштитуваат депозитите на граѓаните и се работи активно на мерки и начини за подигање на платите, социјалните придонеси, другите плаќање. Се настојува да се преброди ова и да не се создаде она што Венко го најави како домино ефект во другите банки. Важно е банкарскиот систем да биде стабилен и многу е важно неодговорни политичари да не постапуваат неодговорно, обидувајќи се да добијат некој политички поен“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОрганизиран е превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до БитолаНародната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз .Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина. Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства. Распоредот и местата на поаѓање се следниве: Прилеп: Плоштад „Методија Антонов-Ченто“ (пред „Реклами“), во 10 часот; Охрид: градската автобуска станица, во 11 часот; Ресен: кај маркетот „Кипер“, во 12 часот. Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени и шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, соопштуваат од НБ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook