Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗабаваЏеф Безос на Лорен Санчез ѝ го купи престижниот магазин „Вог“- свадбен подарок вреден за невеста на милијардер Модното списание „Вог“ наскоро би можело да биде во сопственост на Џеф Безос, изјавиле извори за „Дејли меил“.Се верува дека четвртиот најбогат човек во светот се подготвува да ја купи матичната компанија „Конде Наст“ како свадбен подарок за својата сопруга, Лорен Санчез, поранешна новинарка. Многумина веруваат дека не е случајно што новата г-ѓа Безос е на насловната страница на дигиталното издание на „Вог“ овој месец, носејќи венчаница од „Долче и Габана“ лично избрана од Ана Винтур. Минатиот месец, Ана објави дека се повлекува од функцијата главен уредник на „Вог“ по 37 години, но ќе остане задолжена за глобалните операции, објави Дејли Меил. Семејството Њухаус, кое е во сопственост на „Конде Наст“ од 1959 година и сè уште го води списанието во рамките на својата медиумска империја „Адванс Пабликејшн“, инсистира дека нивните брендови не се на продажба. Извор близок до Безос, исто така, синоќа изјави дека е „целосно неточно“ дека тој размислува да го купи „Конде Наст“. Сепак, по бранот отпуштања низ целиот свет и преместувањето на персоналот во Велика Британија во скромен простор на WeWork во близина на станицата Ватерло - откако беше продадено седиштето на Vogue на плоштадот Хановер - многумина не се убедени во официјалната приказна. „Приказната дека Џеф планира да го купи Конди Нест е тема број еден во модната индустрија и во рамките на Vogue“, рече еден извор. Лорен Санчез е многу неочекуван избор за насловната страница во јули, а се вели дека ѝ е дадена насловната страница во јули делумно затоа што семејството Њухаус сака да ја добие наклонетоста на Безос. Тие се намалуваат во Њујорк, што е типично за компаниите што се подготвуваат за продажба, објавува Дејли Меил. „Се вели дека Ана била таа што посредувала во договорот, поради што Лорен била ставена на насловната страница. Ана има удел во компанијата и би имала голема корист од продажбата“, додаде изворот. Безос не е странец во светот на издаваштвото. Во 2013 година, тој го купи The Washington Post за 250 милиони долари во готово, со што завршија четири генерации сопственост од страна на семејството Греам. - Тој е еден од ретките луѓе кои имаат доволно длабок џеб за да направат ваков вид купување. А Лорен не е наивна - таа е многу остроумна. Имаше дискусии за ова“, рече друг извор.Тагови: Лорен Санчез Џеф Безос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливиПотврдата на кредитниот рејтинг е силен сигнал да продолжиме по истиот пат.Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен сигнал да продолжиме по истиот пат“. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на ФБ. Според министерката стабилност на јавните финансии и поттикнување на економскиот раст се основата на која ја темели економската политика што ја креира и спроведува Владата, а ефектите се гледаат и во економските показатели, а тие се основата за да го задржиме кредитниот рејтинг. „Дали има ефекти покажуваат податоците. Многупати сум напоменала дека бројките се тие што ја отсликуваат фактичката состојба и сега во моментов, но и кога на нив би се навратиле во иднина тие ќе ја отсликаат реалноста“, истакнува министерката Димитриеска-Кочоска. Како што наведува во објавата економски раст во прв квартал 2024 година 1,6% - фактичка состојба од која сме почнале и носејќи одлуки кои сега веќе можам да кажам дека дале ефект придонесоа да имаме во континуитет стапки на економски раст околу и над 3%, а во последниот објавен податок за вториот квартал стапка на раст од 4,3%. Не зборуваме само за еден исклучително добар квартал, туку за континуитет на позитивните економски движења. „Инвестициите, додава во објавата, беше основата на која ја темелиме нашата економска политика. Само во вториот квартал од оваа година бруто инвестициите се зголемени за 16,5%. Тоа е особено важно затоа што покажува каков економски модел сакаме. Модел во кој инвестициите имаат поголема улога во создавањето на растот. Зад ова стојат забрзаната реализација на големите капитални и инфраструктурни проекти, проекти во општините за локален економски развој, но и инвестициската активност на домашниот приватен сектор. Градежништвото бележи раст од 21,9%, индустријата 3,9%, а преработувачката индустрија 4,1%. Услужниот сектор расте за 2,4%, со позитивни движења во повеќе дејности. Во вториот квартал извозот на стоки и услуги реално расте за 10,4%“, наведува министерката за финансии и додава дека ова е особено важно за Владата бидејќи станува збор за резултати постигнати во една голема глобална неизвесност, а имајќи предвид дека Македонија е мала и отворена економија и под силно влијание на случувањата на глобално ниво, а особено во Европа. „Сето ова се показатели и резултати од политиките на оваа Влада, Влада којашто од друга страна има многу внимателен и сериозен пристап во управувањето со јавните финансии и балансирање помеѓу потребата од реализација на инвестиции и истовремено спроведување фискална консолидација“, посочува министерката и додава дека јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2026 година е 58,8% од БДП, односно 10,726 милијарди евра и дека во однос на првиот квартал е намален за 0,1 процентен поен, односно за 21 милион евра, додека во однос на крајот на 2025 година е намален за 0,6 процентни поени, а во однос на крајот на 2024 година е намален за 2,6 процентни поени. Министерката како што истакнува во објавата ова се факти кои го покажуваат нашиот сериозн пристап кога станува збор за менаџирање со обврските, односно да обезбедиме средства за развој, но и навремено да обезбедиме средства за да ги вратиме старите долгови. „Во вториот квартал од оваа година исплативме над 300 милиони евра за сервисирање на дел од еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Поголемиот дел од оваа еврообврзница беше сервисиран уште во првиот квартал. Но за поцелосна слика да имаме за какви обврски станува збор и обврски кои оваа Влада ги враќа и треба да ги врати во наредниот период посочуваат следните податоци - од втората половина на 2024 година до денес Министерството за финансии има сервисирано обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра или поконкретно 786 милиони евра во втората половина на 2024 година, 2,198 милијарди евра во 2025 година и 1,571 милијарди евра во 2026 година. Дополнителен притисок на ова се и каматите кои се во износ од 350 милиони евра“,наведува министерката. Според неа тоа е реалноста со која се соочува Владата. „Денес, продолжува во објавата, истовремено плаќаме камати и раздолжуваме обврски создадени во минатото. Држава која не ги сервисира своите обврски плаќа многу повисока цена преку повисоки камати, нарушен кредитен рејтинг и поскапо финансирање за целата економија, затоа остануваме на определбата да балансираме помеѓу инвестициите, фискалната консолидација и навремено обезбедување средства за сервисирање на обврските. Нашата определба за фискална консолидација е јасна и таа останува непроменета. Но, консолидацијата мора да биде постепена, кредибилна и усогласена со економскиот циклус“, стои во објавата на ФБ на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветУкраина: Подготовка за најлошото сценариоУкраина е подобро подготвена за можни руски напади врз нејзината енергетска мрежа отколку што беше минатата зима, иако е невозможно целосно да се заштити секој објект, рече премиерот Сергеј Коретски.Коретски рече дека владата развила сеопфатен план за отпорност и подготвува механизми за одговор, од основни вонредни состојби до најтешки кризни сценарија. „Зимата ќе биде тешка - немам ништо ново да додадам на тоа. Но, ние немаме друг план освен да ја поминеме оваа зима со достоинство“, рече Коретски. Коретски рече дека руските сили продолжуваат да вршат интензивни воздушни напади врз украинската енергетска инфраструктура, што ја прави целосната физичка заштита невозможна. Сепак, тој нагласи дека искуството од претходната грејна сезона значително ја зголемило подготвеноста на земјата. „Русија може да го гледа тековниот период и зимската сезона како можност за брз притисок врз Украина“, објасни Коретски, додавајќи дека владата има намера да се справи со наредните месеци преку внатрешна координација и континуирана помош од меѓународните партнери. Според премиерот, клучот за стратегијата на Украина за претстојната зима е децентрализацијата на критичните комунални системи и мрежи од кои зависи основниот живот, на регионално, градско и окружно ниво. Целта е да се спречи локализирана штета што ќе предизвика колапс на целата електрична мрежа. Извор: Б92Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДимитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нискиот и уличарски речник на СДС – доказ дека талогот е целосно поразенНискиот и уличарски речник на СДС е само опис на состојбата во која се наоѓаат Венко Филипче и неговото раководство, кои несомнено го претставуваат талогот во општеството.СДС и Венко Филипче не пропуштија прилика да пропуштат прилика за да демонстрираат државотворност и политичка зрелост. Тие дури отидоа против прославата на 35 години независна држава. Тие директно се спротивставија на илјадници луѓе кои беа дел од прославата и кои ја поддржаа. Со нивните небулозни тврдења за некаков криминал, и покрај целата отчетност и транспарентност, само покажуваат колку се ситнодушни и без идеја во политичкиот настап. За крај, ако нешто не им е јасно, нека го погледнат видеото на светски познатиот диџеј Дејвид Гета за Македонија, името кое, патем, СДС го промени. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter