Џеф Безос ги продаде акциите на Амазон за 737 милиони долари - Канал 5

Џеф Безос ги продаде акциите на Амазон за 737 милиони долари

Основачот на „Амазон“ и третиот најбогат човек во светот, Џеф Безос, продал повеќе од 3,3 милиони акции од компанијата, во која тој останува најголем поединечен акционер, за околу 736,7 милиони долари.

Џеф Безос ги продаде акциите на Амазон за 737 милиони долари

Основачот на „Амазон“ и третиот најбогат човек во светот, Џеф Безос, продал повеќе од 3,3 милиони акции од компанијата, во која тој останува најголем поединечен акционер, за околу 736,7 милиони долари, според официјалното поднесување до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC).

Продажбата е дел од однапред договорен план за тргување што Безос го усвои во март, кој му овозможува да продаде до 25 милиони акции на „Амазон“ до крајот на мај 2026 година.

Сличен план беше активен во 2024 година, кога основачот на „Амазон“ имаше право да продаде до 50 милиони акции, објави CNBC.

Безос претходно објави дека ќе продава акции на „Амазон“ во вредност од 1 милијарда долари годишно за да ја финансира својата вселенска компанија „Блу Ориџин“, а дел од капиталот го насочува и кон неговата непрофитна организација која отвора градинки „Монтесори“ низ САД.

Продажбата доаѓа само неколку дена по раскошната тридневна свадба на Безос со Лорен Санчез во Венеција, за која се проценува дека чинела околу 50 милиони долари и предизвикала негодување кај локалните жители. Безос моментално е трет на листата на милијардери на Блумберг со богатство од околу 240 милијарди долари. Од него е побогат само Илон Маск (363 милијарди долари) и Марк Закерберг (260 милијарди долари).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја.

Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ.

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ.

Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?

Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел.

Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат.

Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер