Џастин Бибер искрено проговори за своите проблеми со бесот - фановите му честитаат - Канал 5

Џастин Бибер искрено проговори за своите проблеми со бесот - фановите му честитаат

Џастин Бибер призна дека има „проблеми со гнев“ и не се сака себеси кога станува „неавтентичен“.

Џастин Бибер искрено проговори за своите проблеми со бесот - фановите му честитаат

Поп-пејачот вчера објави серија криптични пораки на социјалните мрежи, заедно со фотографии и видеа на кои свири на инструменти со бендот. „Имам проблеми со гневот, но сакам да се сменам и да не реагирам толку многу“, напишал Бибер (31) со емотикони, објави Фокс.

Три фотографии го придружуваа натписот, вклучувајќи една од него со лицето надолу и со качулка, негова снимка кога бил помлад и редица товарни контејнери и мала слика од она што се чини дека е неговиот син Џек Блуз.

Подоцна вчера, хитмејкерот на „Ghost“ објави видео на кое свири музика со бендот. „Мислам дека понекогаш се мразам себеси кога се чувствувам дека почнувам да станувам неавтентичен“, напиша тој во објавата и додаде: „Тогаш се сеќавам дека сите сме натерани да мислиме дека не сме доволни, но сè уште мразам кога се менувам за да им угодам на луѓето“.

Најавите доаѓаат во услови на зголемена загриженост во јавноста за менталното и физичкото здравје на Џастин Бибер, иако многумина го пофалија пејачот за неговите искрени изјави.

На почетокот на овој месец, Бибер на Инстаграм призна дека „секогаш се чувствувал недостоен“ и покрај тоа што бил опкружен со толку многу љубов и пофалби од обожавателите. А една недела пред тоа, тој рече: „Денес немаме што да докажуваме освен дарот на животот да го прифатиме и примиме. Ништо не ни должат и никому ништо не должиме“.

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк денеска го продолжи договорот со англискиот клуб до 2027 година.

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

„Многу сум среќен и горд. Има толку многу емоции кои ми поминуваат низ главата токму кога зборувам за тоа. Се чувствувам горд и радосен. Тоа е неверојатно. Патувањето што го имав досега во мојата кариера и можам да го продолжам за уште две години во овој клуб е неверојатно и многу сум среќен“, изјави Ван Дајк.

Холандскиот фудбалер му се приклучи на Ливерпул во јануари 2018 година од Саутемптон за тогаш рекордна сума од 75 милиони фунти за дефанзивец.

Досега Ван Дајк одигра 314 натпревари и постигна 27 голови за Ливерпул, со кој меѓу другото ја освои Лигата на шампиони во 2019 година и Премиер лигата во 2020 година.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Царинските мерки на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијаат на глобалната економија и ќе предизвикаат големо забавување на економскиот раст годинава, но без транзиција во рецесија, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

И покрај несигурноста предизвикана од трговската политика, „нашите проекции за раст се во голема мера намалени, но не укажуваат на рецесија“, рече Георгиева во својот традиционален воведен говор пред пролетните состаноци на ММФ и Светската банка.

Состаноците почнуваат следната недела, кога меѓународните финансиски институции ќе ги претстават своите ажурирани прогнози за светската економија.

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше работата на првиот човек на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, нарекувајќи го „вечно задоцнет и во заблуда“ и изјави дека неговата оставка треба да дојде „што е можно побрзо“.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Трамп ова го напиша денеска на една од социјалните мрежи.

- Предоцна е да се намалат каматните стапки по примерот на ЕЦБ (Европска централна банка) која тоа одамна го направи. Но сепак, Пауел треба да ги намали сега, напиша Трамп, и порача дека тој е созреан за оставка.

Во говор одржан во Економскиот клуб во Чикаго синоќа, Пауел изрази загриженост заради високите царини воведени од Трамп, предупредувајќи дека тоа можат да доведат до забавен економскиот раст и зголемена инфлација. Тој потенцираше дека ценовната стабилност и вработеноста може да бидат загрозени.

Ова не е првпат Трамп да го критикува Пауел. Неговиот мандат како претседател на Фед истекува во мај 2026 година. Оваа институција која се грижи за фискалната стабилност на САД се смета за независна и обично Белата куќа не се меша во нејзината работа.

притисни ентер