Џафери во Стразбур : Пораки за силна поддршка од европратениците за европската перспектива на Македонија

Покрај учеството на Конференцијата на претседатели на Парламенти на земјите членки на Советот на Европа која се одржува во Стразбур, претседателот на Собранието ,Талат Џафери, оствари и средби со пратеници во Европскиот парламент.

Џафери се сретна со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ и Македонија - Андреас Шидер, известувачот за Македонија, Илхам Кјучјук, како и со т.н. известувач во сенка, Тања Фајон.

На средбите беше нагласено дека во Европскиот парламент нема дилеми дека треба да се додели датум за почеток на преговорите и дека доколку одлуката зависеше само од Парламентот, Македонија одамна ќе ги започнеше преговорите. европратениците истакнаа дека и во иднина ќе продолжи силната поддршка на Собранието на Република Северна Македонија, а соработката во форма на Мешовитиот парламентарен комитет и Жан Моне Дијалогот ќе продолжат на редовна основа.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, Дејвид Мекалистер, истакна дека за Европскиот парламент, Македонија останува приоритет, постои широка поддршка и покрај неправедната одлука од страна на Советот. Направената грешка не може да се коригира, но нема да се дозволи истата да се повтори во иднина.

Џафери беше поканет да ја следи и дебатата во Европскиот парламент за резолуцијата за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија. Во резолуцијата поднесена од пратеници од шесте најголеми политички групи во Европскиот парламент се изразува длабоко разочарување поради неуспехот на Европскиот совет да донесе одлука за почеток на преговори за членство со Северна Македонија поради, како што се наведува во текстот, блокадата на Франција, Данска и Холандија. Во резолуцијата меѓу другото, како одговор на блокадата на Европскиот совет, се повикува Европскиот парламент да свика регионален парламентарен дијалог со претседателите на парламентите на земјите од Западен Балкан со цел да се развие стратегија за улогата на парламентите во реформите од европската агенда и постигнување конкретни мерки за исполнување на европските аспирации на граѓаните во регионот.

Патници останале збунети и мокри на 4 часовен лет кон Њујорк: Врне дожд во авионот (ВИДЕО)

Необичната сцена е снимена за време на четиричасовниот лет до Њујорк, а меѓу патниците била и тиктокерката Савана Говарти.

Таа објави клип кој за краток период го погледнале 3,6 милиони луѓе. Таа не открива со кое друштво патувала.

На видеото гледаме кабина полна со необична магла, а девојка со видно мокра коса и лице вели: „Што се случува?“.

Савана во еден момент ја соблекла натопената бела кошула и ја фрлила преку потпирачот, надевајќи се дека ќе се исуши, пишува Дејли Стар.

„Четиричасовен лет. Ладно ми е“, изјавила девојката пред камерата.

Пилотот на авионот, наводно, ја коментирал ситуацијата со зборовите: „Изгледа како да врне во авионот“.

@savinnyc Nothing better than being on a 4hr flight back to new york soaking wet and cold #flying #plane #vacation #pilot #fyp ♬ Paper planes M.I.A - songs for u <3

Нереалната сцена била резултат на кондензација на вода во системот за проток на воздух и уредите за ладење, пишува New York Post.

Вработена на крузер си го убила новородениот син во близина на брегот на Италија

Италијанската полиција уапси девојка (28) од Филипините, работничка на крузер, под сомнение дека е одговорна за смртта на нејзиното бебе.

Осомничената, која ја криела својата бременост од колегите и претпоставените, се породила на 17 мај на брод за крстарење, во моментот кога бродот бил блиску до пристаништето Санто Стефано. Два дена подоцна детето било пронајдено мртво, објави Анса.

Телото на момчето било пронајдено во кабината што осомничената ја делела со другите членови на екипажот.

Според обвинителството, девојка од Филипините е обвинета дека го убила детето кое го родила на крузерот Silver Whisper, кој плови под бахамското знаме.

Се претпоставува дека осомничената го оставила детето само во кабината и си заминала.

Колегите повикале полиција во неделата вечерта откако во кабината пронашле мртво новородено бебе. Инаку, осомничената ја делела кабината со уште две жени кои се дел од екипажот.

За жал, Брзата помош не можела да стори ништо за да го спаси детето и телото на бебето било пренесено на обдукција, за да се утврдат точните причини за смртта.

Според италијанските медиуми, мајката била пренесена во болница во Тоскана.

По истрагата, бродот го напуштил пристаништето, а мајката ќе биде приведена.

Како сопругата на Џорџ Клуни доби клучна улога во барањето на МКС за апсење на Нетанјаху?

Амал Клуни (46), сопруга на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни (63), одигра клучна улога во барањето на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на лидерите на Израел и Хамас за наводни воени злосторства за време на конфликтот во Појасот Газа.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, вчера најави дека ќе побара издавање налог за апсење на Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, како и за министерот за одбрана Јоав Галант и за тројца лидери на Хамас, меѓу кои и Јахја Синвар. .

Како што објави „Дејлимејл“, Амал Клуни, која има британско државјанство и по потекло е од Либан, е позната адвокатка и нејзината специјалност е заштита на човековите права. Таа е една од шесте правни експерти ангажирани од обвинителот Карим Кан да ги проценат доказите за воени злосторства.

„Како адвокат за човекови права, никогаш нема да прифатам дека животот на едно дете е повреден од животот на друго дете. Не можам да прифатам дека некој конфликт може да биде над законот. И ниту еден сторител на кривично дело не треба да биде над законот“, наведе Амал во соопштението.

Веста за нејзината вмешаност во истрагата на МКС дојде по неколкумесечни критики кон неа затоа што не се изјаснила јавно за време на конфликтот во Појасот Газа и покрај извештаите за смртта на бројни цивили. Според палестинските изјави, од 7 октомври, кога Израел започна војна против Хамас, загинале повеќе од 35.000 луѓе, меѓу кои најмалку половина се жени и деца.

Израел започна воени операции по нападот на Хамас во кој беа убиени околу 1.200 цивили и војници, додека над 200 заложници беа киднапирани и одведени во Појасот Газа. Многумина од оние кои ја критикуваа Амал Клуни сега ја користат приликата јавно да ѝ се извинат.

Меѓународниот кривичен суд е основан во 1998 година според Римскиот статут. Тоа е независна институција која ги гони лицата обвинети за најтешките злосторства што ја загрижуваат меѓународната заедница. Овој суд истражува воени злосторства, геноцид, злосторства против човештвото и злосторства при агресија. Државите можат да ги гонат осомничените пред нивните судови.

Меѓународниот кривичен суд воспоставува јурисдикција само кога државите не се во можност или не сакаат да го сторат тоа - тој е „суд од последна инстанца“ Овој суд нема своја полициска служба и се потпира на државната соработка при апсењето на осомничените.

Казните што ги изрекува Меѓународниот кривичен суд се затвор и парични казни. Израел не е меѓу земјите-членки, а судот е надлежен доколку воените злосторства биле извршени во некоја од земјите што го потпишале нејзиниот основачки договор или биле извршени од некој нивни државјанин.

Ниту Русија, ниту Украина не се меѓу 124-те земји-членки, но Украина ја прифати неговата јурисдикција, што значи дека Меѓународниот кривичен суд може да истражува одредени наводи за злосторства. Од големите сили, САД, Кина и Индија не се членови на судот.

притисни ентер