Џафери се сретна со сенаторот Јоан -Кристијан Киртеш, претседател на групата за пријателство во романскиот Парламент

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска оствари средба со сенаторот Јоан-Кристиан Киртеш, претседател на Групата за пријателство со Македонија во Парламентот на Романија.

Претседателот Џафери, му посака топло добредојде на сенаторот Киртеш и нагласи дека оваа посета е од особено значење за него имајќи ги предвид севкупните добри односи меѓу Македонија и Романија кои ги карактеризира висок степен на пријателство, со конструктивен и отворен политички дијалог заснован врз партнерски однос и заемно почитување. Тој се заблагодари на Романија за големата поддршка што ја даде на нашата земја за време на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година и за време на романското претседавање со Советот на ЕУ, кога лобираше Македонија да стане дел од ЕУ. Во продолжение, говореше за актуелната состојба во Македонија во однос на интеграцискиот процес при што нагласи дека и покрај недобивањето датум за преговори, има верба во кредибилитетот на Унијата и капацитетот на Советот да го препознае моментот и да даде зелено светло за отпочнување на преговорите. На билатерален план, беше потенцирано дека Собранието и во иднина ќе ги негува пријателските врски со Парламентот на Романија, особено преку интензивирање на меѓупарламентарната соработка, како и на ниво на пратенички групи за соработка со парламенти на одделни држави. Паралелно, покрај зацврстувањето и интензивирањето на парламентарната соработка, претседателот Џафери истакна дека двете држави треба да вложат поголеми напори на зајакнување на економската соработка, туризмот и трговската размена, како значајни сегменти на општественото живеење.

Сенаторот Киртеш изрази големо задоволство за оваа реализирана средба при што ги пренесе уверувањата на највисокото државно романско раководство за натамошна поддршка на европската и евроатланската интеграција на Македонија. Посочи дека, Романија и понатаму силно ќе бара од земјите членки на ЕУ итна интеграција на Македонија во европското семејство каде што и припаѓа. Секако дека за него компромисните договори со соседните земји со кои се стави крај на отворените прашања се огромен прилог за позитивен исход на овој процес.

Сенаторот Киртеш ја искористи ова прилика да му упати покана на претседателот Џафери да оствари посета во Парламентот на Романија со цел продлабочување на соработката помеѓу двете институции.

Ги искористила замрзнатите ембриони да затрудни со мртвиот љубовник и да бара наследство

Жена од Кина, позната по презимето Ленг, имала афера со оженет бизнисмен кој загинал во сообраќајна несреќа во 2021 година.

Нејзината приказна покрена жестока јавна дебата, а сѐ започнало набргу по несреќата, пренесува SCMP.

Жената од провинцијата Гуангдонг тврдела дека нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на нејзиниот љубовник во приватна клиника. Развиените ембриони беа замрзнати и подоцна биле искористени за да ја забременат.

Таа во декември 2021 година родила син и му го дала името Ксиовен, а на крајот на минатата година го тужела семејството на починатиот за наследство.

Таа тврдела дека детето има право на удел во капиталот на компанијата и бенефиции за осигурување, но не можело да докаже како тоа е добиено, ниту дали љубовникот дал согласност неговата сперма да се користи во процедурата за ИВФ.

Како резултат на тоа, судот ја отфрлил тужбата, а приказната станала популарна.

Корисниците на социјалните мрежи, пред сѐ Веибо, го коментирале бизарниот случај. Поединци сметаа дека сега семејството треба да реагира.

„Се надевам дека вдовицата ќе поднесе противтужба“, напишало едно лице.

И адвокатите дале свое мислење. Така, се наведува дека процедурата за ин витро оплодување во лиценцирани клиники е легална, но дека за тоа треба да се договорат и двајцата родители - што во овој случај останало нејасно.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

притисни ентер