Џафери се сретна со делегацијата на Австралија во Интерпарламентарната унија

 Делегација на Собранието на Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ) денеска оствари средба со делегацијата на Австралија во оваа организација, предводена од Луси Викс, пратеник во Претставничкиот дом на австралискиот Парламентот.

На средбата во рамки на 141. Собрание на ИПУ, што се одржува во Белград, била истакната потребата од натамошно унапредување на билатералните односи меѓу двете држави, како на парламентарно ниво, така и во сите полиња од заеднички интерес.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ја предводи собраниската делегација, изразил благодарност што Австралија е традиционален поддржувач на стратешките определби на нашата држава за евроатланска интеграција. Тој нагласил дека двете земји се сојузници во борбата против тероризмот во светски рамки и учествуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан. Укажал дека заинтересирана за интензивирање на политичкиот дијалог со Австралија, со реализација на посети на високо и највисоко ниво, како и за унапредување на економската соработка.

-Собранието на Република Македонија е отворена, транспарентна, отчетна и функционална демократска институција, во која се води активен и интензивен политички дијалог меѓу пратениците од власта и од опозицијата. Истовремено, Џафери информираше за актуелните настани во врска со евроатланската интеграција, за спроведените реформи и за тешките но неопходни одлуки што ги донесе земјата, кои ги отстранија пречките на патот за членство во ЕУ и НАТО, соопшти собраниската прес-служба.

Членовите на австралискиот Парламент, стои во соопштението, упатиле честитки за веќе извесното членство на Република Македонија во НАТО и изразија очекување за позитивна одлука од лидерите на ЕУ во врска со определувањето на датум за почеток на пристапни преговори со Унијата. Истовремено, австралиските пратеници упатија охрабрување да се продолжи со реформите на патот кон ЕУ. Беше нагласена добрата соработка меѓу двете земји на полето на одбраната и полицијата, при што беше укажано дека Австралија високо го цени придонесот на земјата во НАТО и учеството во мисијата ИСАФ.

-Соговорниците се согласија дека билатералната соработка меѓу двете земји не соодветствува на големиот потенцијал, особено во контекст на големата дијаспора од Република Македонија во Австралија. Тие истакнаа дека бројните иселеници, како и стотиците студенти од земјава што студираат во Австралија, треба да претставуваат мост за унапредување на билатералите односи и продлабочување на севкупната соработка. Беше оценето дека, одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави следната година, ќе претставува извонредна можност преку разни активности и манифестации да се придонесе кон збогатувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Австралија, сопшти службата за информирање на Собранието.

Ужас во Германија: 2- годишно девојче го изгореле на капање, родителите не повикале помош

Бабата на девојчето Софи (2), кое во понеделникот било пронајдено мртво во нејзиниот стан, за германските медиуми раскажа како се случила трагедијата.

Кристин (63) живее во станот над оној во кој живеела Софи со родителите и братот и сестрата, објави Билд.

"Тој ден изгледаше нормално. Ја хранеше својата кукла, си играше со неа, а потоа наеднаш стана многу бледа. Престана да се движи", ја започнува својата исповед бабата Кристин.

Таа веднаш повикала брза помош, но кога лекарите пристигнале во станот, не успеале да ја спасат Софи.

Иако резултатите од обдукцијата не се целосни, во овој момент се верува дека девојчето починало од изгорениците кои ги добила додека ја капеле во петокот.

"Сакав да ја истуширам. Додека ја бањав, таа рече дека водата е многу ладна. Кога ја зголемив топлината, топла вода се истури по нејзиниот грб. Јас сум виновен", рекол нејзиниот татко Андре.

Нејзината мајка вели дека девојчето не плачело по туширањето.

"Како може дете да издржи толку болка, не ни врескаше. Тие изгореници не изгледаа страшно, повеќе личеа на изгореници од сонце", вели нејзината мајка Надин.

Родителите одбиле да се јават на 911 бидејќи се плашеле дека социјалните служби ќе им ги одземат децата.

Сличен инцидент се случил минатата година кога таткото ја ставил малата Софи во када. Девојчето во таа прилика скршило ребро и бутна коска.

„Поради тоа и поради моите проблеми со дрогата, шест недели ни ги одзедоа децата. Сакавме да го спречиме тоа овој пат“, рекол расплаканиот татко.

Полицијата интензивно го истражува овој случај, а грижата за нивните деца ја презеде Центарот за социјална работа.

Телото на девојчето е испратено на обдукција.

Премиер лигата од следната сезона го укинува ВАР, наскоро ќе гласаат клубовите

Претставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, пишува The Athletic.

За да се укине ВАР потребно е најмалку две третини од клубовите да гласаат за таа опција. Во случајот со Премиер лигата, тоа значи 14 од 20 клубови.

ВАР (Видео помошник судија) беше воведен во Премиер лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со негово користење се постојани прашања во англискиот фудбал. Предлогот е направен на иницијатива на Вулверхемптон. Има многу аргументи, а еден од нив е дека ВАР го промени односот на навивачите кон фудбалот поради задоцнетите прослави на голови.

Дополнително, видео проверките ја успорија играта, па често се трошеше многу време за проверка и цртање линии. Сето тоа предизвикува фрустрации кај навивачите и затоа се предлага да се укине ВАР. Исто така, ВАР не ги елиминира судиските грешки бидејќи лошите одлуки се носат и по прегледување на видеата.

Словачкиот министер за одбрана: Премиерот сѐ уште е на операција

Словачката влада одржа прес-конференција за нападот врз Роберт Фицо.

Министерот за одбрана Роберт Калинак вели дека состојбата на Фицо е „многу сериозна“ и дека тој сè уште е подложен на операција.

Тој вели дека премиерот претрпел „сериозна траума“ откако биле испукани „неколку истрели“, пишува Sky News.

„Неговата состојба е навистина сериозна, оваа ситуација е лоша“, рече Калинак и им се заблагодари на итните работници кои му помогнаа на Фицо.

Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток на конференцијата рече дека прелиминарните информации „јасно“ укажуваат на политичка мотивација.

„Фицо беше застрелан пет пати“, рече министерот Шутај-Ешток, кој ги обвини социјалните мрежи за атентатот.

Тој ги повика новинарите и политичарите да престанат да шират омраза на социјалните мрежи. „Она што започна сега, многумина од вас го посеаа со вашата омраза“, рече тој.

притисни ентер