Дизелот поевтинува за 2,5, бензините за 1,5 денари за литар - Канал 5

Дизелот поевтинува за 2,5, бензините за 1,5 денари за литар

Дизелот поевтинува за два и пол денари, бензините по денар и половина.. Регулаторна ги испорача новите цени на горивата.. 

Дизелот поевтинува за 2,5, бензините за 1,5 денари за литар

По еден месец континуиран раст, од ноќеска конечно поевтинува дизелот.. цената ќе се намали за 2,5 денари и литар ќе се продава за 95,5 денари.. се намалаув и цената на бензините за 1,5 денар, па 95-ка и 98ца ќе се продаваат по цени од 82 денари и 84 денари за литар.

Дополнително до крајот на месец април важи и попустот кој ОКТА им го дава на компаниите кои се снабдуваат од рафинеријата со што цените на дизелот треба да се намалаат за дополнителни 3, а на бензините за дополнителни 2 денари по литар...

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,703%, кај дизелот за 3,251%. “

Намалување на цени по затворањето на берзите мината недела пресметаа претходно и од Владата, а премиерот Христијан Мицкоски и денеска повтори дека со мерките кои ги превзеле како влада, за наамалување на ДДВто и акзицата кај горивата Македонија е држава со убедливо најниски цени на нафтените деривати во регионот и пошироко. Кризната состојба ќе трае уште една недела, а дали мерките ќе се продолжат ќе зависи од движењето на цените на берзите.

Одговарајќи на новинраско прашање во однос на нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните рече дека деновиве детално ќе се разгледува извештајот на ДПИ и министерството за економија, и евентуални мерки најави во текот на следните денови.

„Очекувам да го добијам извештајот да го изанализираме овие денови и откако ќе го анализираме многу внимателно тогаш сигурно ќе излеме со одредени мерки. Сакаме тие овојпат да бидат микро таргетирани....Ние бевме единствената Влада која го намали ДДВто за горивата заедно со Шпанија а сега гледаме дека претседателката на ЕК јавно го говори тоа сите земји членки да на го намалат ДДВто бидејќи екстремно високи се цени на овие прозиводи...“

По најновите најави за блокади на ормускиот теснец од страна на САД, Меѓународната агенција за енергија оценува дека светот се соочува со најгоемиот енергетски предизвик. Според извршниот директор Фатих Бирол сегашните цени не ја одразуваат сериозноста на она што се случува на Блискиот Исток и во оваа насока рече дека очекува април да биде многу потежок месец од март.

„Март беше навистина тежок месец за светот, во однос на енергенси, во однос на економијата. Април би можел да биде полош од март, бидејќи во текот на март ние веќе на пазарите примивме бродови кои беа товарени многу порано пред почетокот на кризата а во текот на април ништо не беше товарено. Колку подолго трае прекинот, толку посериозен станува проблемот. “

Инаку по последните најавите за евентуално нова рунда преговори меѓу САД и Иран, цените на барел на светските берзи денеска паднаа под 100 долари...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Откако пукна огромниот скандал со Алта банка, гледаме панични обиди на Христијан Мицкоски во одбрана на банката на Вучиќ и намера да се заташка случајот.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Трајко Славески самиот се обвини. Ставил потпис, дал дозвола за работа на банка што според информациите во Србија служела за перење пари стекнати со криминал и корупција. Последните информации се дека постои сомнеж и за печатење пари.

Славески јавно призна дека одлуката за Алта бака ја донел во консултации со Мицкоски,

Затоа СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија.

Сега на ред е обвинителот Савески веднаш да постапи по кривичната пријава.

Мицкоски го копира моделот на Вучиќ, врши притисок врз Обвинителството, дава задачаи.

На јавноста веќе ѝ е јасно дека лажел и дека тој лично е одговорен за банката на Вучиќ.

Обвинителството мора да работи според законот и да постапува.

Гледаме во Србија што се случува со обвинителите што слепо ги слушале наредбите на Вучиќ. Се очекуваат апсења на главните обвинители што ѝ служеле на организираната криминална група и на режимот на Вучиќ.

Затоа Савески мора да покаже дека работи независно и по закон.

Гувернерот Трајко Славески исто така има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење, за злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески. Да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Во Србија секој ден има апсења. Обвинителството работи. Ги вади истрагите од фиока.

Кај нас Мицкоски го копира Вучиќ и поднесува пријави против опозицијата за ширење паника.

Паниката ја направија Мицкоски и Славески. Тие ја донесоа криминалната банка во Македонија, тие јавните претпријатија ги внесоа во Алта банка, тие им велеа на граѓаните дека се е во ред.

И тие воведоа присилна управа и им ги блокираа парите на граѓаните.

Сега граѓаните не можат да дојдат до своите пари.

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски прета во калта.

Влегува во дилови и за продажба на банката иако Мицкоски нема никаква надлежност.

Во Собранието лаже на надзорната расправа за Алта банка, ги лаже пратениците, ја лаже јавноста.

Се плаши, од тоа што ќе покажат документите, што ќе се открие потеклото на капиталот, трансакциите, сметките и неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Затоа е потребна брза и силна реакција од Обвинителството.

Мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туск: „Нема да прифатиме таков договор“

Европските нации нема да дозволат САД и Русија да преговараат за нови безбедносни правила за европскиот континент без нивно учество, изјави полскиот премиер Доналд Туск на самитот на Европската политичка заедница во Даблин.

Туск: „Нема да прифатиме таков договор“

„Во никој случај нема да дозволиме некој да воспоставува нови безбедносни правила во овој дел од светот зад наш грб – зад грбот на Полска и Европа“, им рече Туск на новинарите, како што пренесува „TVP World“.

Тој нагласи дека новата безбедносна архитектура за Европа не може да се воспостави еднострано, врз основа на барањата на Москва или Вашингтон.

„Нема да градиме нова безбедносна архитектура само затоа што рускиот претседател, или, на пример, некој во САД, го сака тоа. Тоа воопшто не доаѓа предвид“, изјави полскиот премиер.

Неговата изјава доаѓа по извештајот на медиумот „Аксиос“, кој – повикувајќи се на два извори запознаени со разговорите – откри дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Москва да изнесе предлози за иден безбедносен договор што се однесува на Европа.

Според американскиот медиум, американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф побарале од руските претставници да ги изнесат своите безбедносни барања и да предложат мерки за деескалација на тензиите со европските земји, за време на преговорите за Украина што се одржаа во Абу Даби претходно оваа недела. Овие разговори, водени со американско посредување, завршија без конкретен договор.

Русија бара ограничување на присуството на НАТО

Веќе некое време, Русија се залага за ограничување на проширувањето на НАТО и намалување на западното воено присуство во Источна Европа – барања што Вашингтон претходно ги отфрли.

Туск предупреди дека секој потенцијален договор за нова безбедносна архитектура би бил од особено значење за Полска, која граничи со Украина и со руската Калининградска област.

Варшава е во состојба на висока готовност уште од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година и постојано ја обвинува Москва за саботажи и други непријателски активности.

Путин се согласува на европско учество

Во меѓувреме, американскиот пратеник Стив Виткоф во четвртокот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил да дозволи учество на европски претставници во следната рунда преговори за Украина. „Европјаните ќе се приклучат на следниот состанок, што го сметаме за многу важен момент, бидејќи тие се наши партнери и за нас е важно да учествуваат“, изјави Виткоф за руската државна телевизија по средбата со Путин во Москва.

Доколку дојде до ова, тоа ќе биде првпат европски претставници директно да учествуваат во преговорите предводени од САД, откако Трамп, по враќањето во Белата куќа, покрена дипломатска иницијатива за ставање крај на војната во Украина. Туск истакна дека гледа единствен став меѓу земјите-членки на Европската унија во однос на потребата од европско вклучување во преговорите и зачувување на безбедноста на истокот од континентот.

Според него, секој мировен договор мора да гарантира зачувување на суверенитетот на Украина, како и на постојната безбедносна архитектура во Источна Европа.

„Можам со прилично голема сигурност да кажам дека не гледам никакви внатрешни поделби или пукнатини меѓу земјите од Европската унија“, рече Туск.

Сепак, тој призна дека дипломатските цели на Вашингтон може, до одреден степен, да се разликуваат од очекувањата на европските држави.

„Целите на американската дипломатија може донекаде да се разликуваат од она што го очекува Европа“, заклучи полскиот премиер.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,  денеска, по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, оствари средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот

На денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада му ја донесоа слободата на Скопје. Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град.

- Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје. Во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа. Како градоначалник, таа одговорност ја носам со длабока почит и со цврста решителност да градиме Скопје во кое достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневниот живот. Град што ќе им го оставиме на идните генерации со гордост, свесни дека сме го дале најдоброто од себе. Нека ни биде вечен заветот на ослободителите. Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме со дела. Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември. Слава на борците за слободно Скопје – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија за посветеноста со која го чуваат споменот на ослободителите и го пренесуваат нивниот завет на новите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер