Американскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“- и Македонија дел од истражниот тим
2Американскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“- и Македонија дел од истражниот тим
МакедонијаДизелот поевтин за 6,5 денари, бензините поскапи за 0,5 денари, договорен и попуст од ОКТАОд ноќеска на полноќ има нови цени на горивата. Позначајно намалување има кај цената на дизелот за 6.5 денари.Со што за прв пат од стартот на војната на Блискиот Исток цената падна на 85,5 денари за литар. Со одлуката на регулаторна благо зголемување има само кај цените на бенизните и тоа за половина денар, па така литар 95ка ќе се продава по цена од 88 денари, додека 98ца од полноќ ќе се точи по цена од 90 денари за литар. Доколку компаниите го искористат и вклакулираат попустот што го најави окта од 2 денари 95ка би се продавала по цена од 86 денари додека 98ца по цена од 88 денари за литар....Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Глишиќ свечено осветен големиот крст, на осветувањето присуствуваше градоначалникот ЈанчевДенес во Глишиќ свечено беше осветен големиот крст, кој ќе остане како траен симбол на верата и духовноста за жителите на Глишиќ и целиот наш крај.На чинот на осветувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Советот др Стојанчо Рамов. Овој значаен проект е реализиран благодарение на иницијативата и посветеноста на Месната заедница Глишиќ, со поддршка од Општина Кавадарци, ЈП „Комуналец“, општествено одговорни компании и физички лица кои несебично помогнаа во неговата изградба. Крстот, висок 15 метри со распон од 10 метри, ќе биде место на молитва, благослов и духовно собирање, сведоштво за силната вера и заедничката желба да оставиме нешто вредно за идните генерации. „Благодарност до сите кои дадоа свој придонес во реализацијата на ова дело. Нека овој свет христијански симбол носи мир, љубов и благослов за сите жители на Глишиќ и Кавадарци.“- објави Јанчев на Фејсбук Тагови: Општина Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАмериканскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“- и Македонија дел од истражниот тимНационалниот одбор за безбедност во транспортот на САД го презема комплетното делегирање на истрагата за инцидентот со авионот на РајанерНационалниот одбор за безбедност во транспортот на САД го презема комплетното делегирање на истрагата за инцидентот со авионот на Рајанер пред два дена, кога се случи оштетување на моторот, а според информациите, српски државјанин за малку ќе излетал од скршен прозорец. Ова за Канал 5 го потврди претседателот на комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски, иако вчера во повеќе регионалните медиуми се појави вест дека Македонија ќе ја предводи истрагата поради тоа што инцидентот се случил над македонско небо. Прпоски за Канал 5 потврди дека и македонски претставници ќе бидат дел од истражниот тим што ќе работи под раководство на американската институција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
СветБројот на загинати во Венецуела надмина 4.300 луѓе, граѓани со голи раце пребаруваат под урнатинитеПродолжува да расте црниот биланс од катастрофалните земјотреси во Венецела. Властите објавија дека заклучно со вчерашниот ден бројот на загинати е над 4.300 лица а повеќе од 16.000 се повредени. Идентификацијата на 315 жртви сè уште не е завршена, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по евентуални преживеани. -Бројот на Венецуелци кои загинаа како директен резултат на земјотресите од 24 јуни е 4.333 лица со 16.740 повредени и 6.462 спасени. Додека има живот има и надеж. Сè уште имаме едно или две места каде ситуацијата е неизвесна и нашите екипи продолжуваат да трагаат по можни преживеани. Многу од машините кои го донесоа интернационалните спасувачи се опремени и им овозможуваат да се детектира дали има срцебиење или топлина. Што покажува дека таму има живот. – Хорхе Родригез – Претседател на Националното собрание Борбата за секој човечки живот продолжува. Спасувачките екипи, веќе со денови неуморно работат на терен, пребарувајќи го секој сантиметар под огромните бетонски блокови и урнатини. Иако шансите се намалуваат со секој изминат час, надежта кај спасувачите не згаснува. На некои од рушевините се уште се чека помош додека семејствата со голи раце пребаруваат. -Поминаа 16 дена и се уште нема помош да го извлечеме мојот син од рушевините. Не само него, има и други луѓе таму. Има и деца на приземјето а само машините работат и на ништо друго не се чека. -Ги бараме не само мојата внука и нејзините четири деца, го бараме и семејството на колега, семејствата на сите бидејќи сите станавме едно семејство. Операциите на терен не запираат ниту во текот на ноќта. Екипите се обидуваат да лоцираат какви било знаци на живот. -Тука сме секоја ноќ и никој не оди дома да се одмори. Во истата облека сме од 26.06 од вториот ден по земјотресот. Не сме заминати да се преслечеме и да се одмориме. -Мојот брат е овде но тој сакаше да спаси една госпоѓа која имаше шанси да преживее и тоа ќе го направеше без разлика на се. И од оние што преживеаја овде во зградата кажаа дека кога тој се вратил да ја бара скалите тие се срушиле и останале неколку луѓе долу. И госпоѓата, фала му на Бог е жива и е во прифатилиште, но сакаме да го најдеме мојот брат дури и ако е само телото. Според последните информации, оштетени се 856 објекти, од кои 190 се целосно урнати или претрпеле сериозни конструктивни оштетувања. Прелиминарните проценки на венецуелската влада покажуваат дека ќе биде потребна изградба на околу 25.000 нови станбени единици. Според проценките на ОН околу 50 илјади луѓе се уште се водат за исчезнати по катастрофалните земјотреси во Венецуела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter