Дизел комбе што е поскапо од Ламборџини (ВИДЕО) - Канал 5

Дизел комбе што е поскапо од Ламборџини (ВИДЕО)

V класата на Мерцедес е позната по вип превозот , каде единствено е важен луксузот.

Дизел комбе што е поскапо од Ламборџини (ВИДЕО)

Комбето на Мерцедес доживеа вистинска преобразба во Брабуш. Станува збор за V250D изведба со 235 Кс . Тоа значи дека супер луксузното комбе достигнува 100 км/час за 8,8 секунди и има максимална брзина од 210 км/час.

Преголема сила за едно комбе , но тука е и цената од 296 395 евра во Германија.

Високата цена се должи на луксузот во кабината. Таму фотелјите се пресвлечени со Напа кожа , кои освен греење и ладење имаат и функција за масирање.

Се греат и ладат и местата за оставање пијалоци . Освен тоа , внатрешноста е опремена со видео игри , телевизори , амбиентални светла и клима со посебен рутер и Тв на Епл.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По девет дена спасени двајца работници заробени во тунел во Непал

Две лица беа спасени од тунел од хидроцентрала, девет дена по катастрофалните поплави што го погодија Непал, додека повеќе од 4.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.

По девет дена спасени двајца работници заробени во тунел во Непал

Спасувачките екипи, со помош на повеќе од 500 инженери, сè уште трагаат по исчезнати, а властите се надеваат дека дел од околу илјада лица кои се водат како исчезнати во шест хидроцентрали преживеале, бидејќи се засолниле во тунелите или работеле во нив за време на поплавата.. Потрагата е отежната од фактот дека поплавите го промениле теренот околу тунелите, донесувајќи големи количини кал и камења. Бројот на жртви во Непал и Тибет надмина три илјади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска ја откажа планираната посета на Србија поради величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

Пораката од Европската Унија и од Кос е повеќе од јасна.

„Величењето што ја придружува неговата смрт е неспоиво со вредностите врз кои се гради патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, напиша Марта Кос на X.

Тоа што денеска го кажува Европската Унија е токму она за што СДСМ рeагираше и се случи во Македонија.

Величењето на воен злосторник е неспоиво со европските вредности.

Но, Христијан Мицкоски ги заштити Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ по нивните ставови и величењето на Младиќ.

Нема оставки. Нема разрешувања. Нема одговорност.

Мицкоски свесно одлучи да ги заштити.

Сега уште појасно се гледа каде ја води Македонија оваа политика на Мицкоски по рецептот на Вучиќ.

Намерна изолација, далеку од ЕУ, антиевропска кампања и одработување за руската агенда, се нмаведува во партиското сопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во центарот на Киев: Руски дрон го погоди седиштетона украинската разузнувачка служба (ВИДЕО)

Руски дрон го погоди седиштето на безбедносната служба на Украина (SBU) во центарот на Киев, а официјални лица изјавија дека нападот бил директно насочен кон канцеларијата на нејзиниот шеф.

Хаос во центарот на Киев: Руски дрон го погоди седиштетона украинската разузнувачка служба (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дронот ја погодил централната зграда на SBU на улицата Володимирска, спроти историската катедрала „Света Софија“ во градот, објави „Дејли меил“.

„Дронот бил насочен директно кон канцеларијата на шефот на безбедносната служба во таа зграда“, рече Зеленски по разговорите со вршителот на должноста шеф на SBU, Олександр Поклад.

Во нападот се повредени пет лица, според градоначалникот на Киев, додека густ црн чад се издигаше од местото на настанот. Зеленски рече дека службите за итни случаи се на местото на настанот.

Директниот удар се случил по неколкудневни речиси постојани руски воздушни напади врз украинскиот главен град. Снимки од последиците од нападот беа објавени и на социјалните медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер