ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции
ЖивотДиви свињи ноќе берат грозје во ТиквешкоНоќна берба на грозје од страна на диви свињи се случува за време на гроздоберот во Тиквешко. Лозари потврдуваат за МИА дека годинава родот од лозјата го делат со шумски животни. Дознаваме дека ова се случува во Кавадаречко, Неготинско и Демиркаписко. Се зема данок од мускатните благи сорти грозје, но и од најзастапената црна сорта винско грозје, „кратошија" и „вранец". Или како што велат лозаропроизводителите, животни јадат сè што ќе начекаат. На фотографиите јасно се гледа грозје паднато на земјата од лозјето, кое останало под налетот на гладната дивина. За тоа кој се гоштавал со овошје говорат трагите од стапалките наоколу. Почвата е како преорана. Младиот Дарко Најдов, жител на поткожувското село Горна Бошава, потврди за МИА дека дивите свињи овој гроздобер се насладувале и од грозјето во Бошавијата. Во месностите Скалата, Свињиште и други. – Го јадат грозјето, но идат и по ореви, лешници. Па така пред некој ден влегоа во еден овоштарник на десетина метри од селската црква „Свети Илија". Таму отишле по сливи, јаболка, круши, а раскопале и од посадениот компир, појасни Најдов. Ортаци на газдите за време на гроздобер – Вистина е дека не се мали количините грозје кои се обрани од дивите свињи, наместо да завршат за тиквешко вино или домашна препечена ж’та. Кај што фатиле, редум јаделе. Во мојот лозов насад од три декари апнале грозје од еден декар. Не знам која е причината, дали се намножиле или пак останале без храна и вода во повисоките места на планините, каде што вообичаено живееја. Се сладат со сите сорти грозје, ама ми се чини дека најмногу ги обожаваат миризливите гроздови зрна. Во моето лозје, на пример, го обрале и грозјето без семки, кое главно завршуваше за слатко, па годинава нè оставија без омилениот десерт, рече тиквешанец. Благој Стојков, долгогодишен ловџија од Кавадарци, кажа дека на одделни места во Кавадаречко, дивите свињи се како ортаци на газдите на лозјата во време на гроздобер. – Ловец сум над 40 години. Вистина е дека има многу диви свињи. Најмногу во шумата и во планината, но ги има и на места на кои порано ги немаше. Тие се навртија и по селата, во пониските делови, кои некогаш беа несвојствени за нив. Порано беа високото и не се симнуваа долу по грозје. Сега најверојатно немаат што да јадат горе, па затоа слегуваат долу. Ама и ниското, кое порано беше чистини, сега како да се пошуми. Нивите со децении оставени без некој да ги работи, самите што се вели се пошумија со смреки, станаа орман. Дивите свињи крадат грозје и во моето родно село Чемерско, под Кожуф. „Вранец" има, „вранец" јадат, кажа тој. Го прашавме дали е можно да се испијанат од јадење грозје, како една коза за која слушнавме дека се прејала грозје, па се тетеравела. – Од комиње можеби и може да се заматат, оти тоа е веќе кинисато на вино. Од грозје не им е ништо, та дури и да се прејадат со ова овошје, истакна тој. Несекојдневни пијанки, овци и крави се најале пресно комиње и се натрескале Пред 14 години се случи една несекојдневна пијанка, кога овци и крави се испијанија од комиње во Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во државата. – Не знаев дека овците можат да се опијанат од комиње! Им дадов малку од пресното комиње од винарска визба, а потоа ги отерав да се одморат под едни дрвја. Верувале или не, сите до една паднаа. И почнаа да се препелкаат, раскажа тогаш сточар од Неготино, за необичната пијанка на своето стадо. Се загрижил. – Што да правам сега, си реков. И ги оставив до зајдисонце да се трезнат. Кога малку си придојдоа на себеси, полека, полека ги отерав накај дома. Само пет овци ми останаа мртви пијани. Тие не можеа да се отрезнат и да станат на нозе. По нив се вратив со коњската кола и ги товарив на неа. Да ми кажуваше некој, немаше да верувам. Беа исти како човек кога ќе препие вино или ракија. Кога ќе претера и не си ја знае мерката, објасни тогаш сточарот. Откако му се случило ова, тој знаеше дека на стоката може да ѝ се дава комиње, дури и дека тоа било добра храна за неа, ама да е отстоено најмалку 15 дена. Да е превриено. – А штом чуре, превриено е. Во спротивно, ќе ги кутне овците или кравите!, велеше сточарот. Токму такво беше комињето што тој и неговиот пријател го собираа во близина на винарска визба. Превриено, чуреше. Потоа дома го мешале со пченица, крма и слично. Убаво било и само комиње, но уште поубаво мешано. – Со мезе, се шегуваше сточарот. – Превриеното комиње не е штетно и за стоката е како чашка вино за здравје. За расположение. Оти и на добитокот му треба расположение како што им треба на луѓето, се мајтапеше искусниот сточар во третата доба од животот. Тогаш ни раскажа и за друг случај. – Во Неготинско имаше случај кога крави се најале пресно комиње и се натрескале. Тие што успеале да легнат, поспале и се отрезниле. На една од пијаните крави ѝ се „разиграле" нозете, една наваму, друга натаму и скршила една нога, раскажуваше дедото сточар./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкцииСДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста. Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки. Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката. Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци. За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните. Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураОбјавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена. Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес. Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски. Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација. Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/ Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч. Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.). За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter