Див каванташки пазар во Ѓорче Петров - Канал 5

Див каванташки пазар во Ѓорче Петров

Гледач на Канал 5 , чиј идентитет ѝ е познат на редакцијата, испрати фотографии и информација дека во близина на пазарот во Ѓорче Петров никнал див кванташки пазар.

Див каванташки пазар во Ѓорче Петров

„Ве молам вие како медиум издејствувајте ако можете , се појави див пазар поѓу поликлиниката и поштата на самиот тротоар каде не можат да се движат пешаци паркирани комбиња и тезги, од почеток имаше еден господин на еден пакет со пет марула а сега е направено кванташки и полно таканаречени тезги, преку вибер се обратив на градоначалникот на Ѓорче, преку меил на пазарна инспекција и од никаде нема одговор, појдете вие и видете во која состојба е, поготово во пазарен ден.“ , се наведува во писмото од гледачот со фотографии.

Стотици демонстранти протестираа против Хамас во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа

Медиумите во Газа објавија снимки на кои се гледаат стотици демонстранти во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа, како протестираат против Хамас и повикуваат на прекин на војната.

Стотици демонстранти протестираа против Хамас во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа

„Тајмс од Израел“ објави дека демонстрантите скандираа „Стоп на војната и раселувањето“ и „Хамас надвор“.

Ова е прв протест против Хамас во Кан Јунис по неколку недели. Во последните недели слични спорадични демонстрации се одржаа и во северните делови на Појасот Газа.

Претходно денеска Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа општа наредба за евакуација за целиот Кан Јунис, наведувајќи дека целата област сега е „борбена зона“./МИА

Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови

Папата Лав Четиринаесетти денеска за време на состанокот со претставници на други конфесии и цркви, порача дека ова е момент за дијалог и градење мостови, објавија италијанските медиуми.

Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови

„Убеден сум дека ако се согласиме и се ослободиме од идеолошкото и политичкото условување, можеме да кажеме „не“ на војната и трката во вооружување и „да“ на мирот и разоружувањето“, рече папата, додавајќи дека истовремено можеме да ја отфрлиме економијата што ги осиромашува луѓето и планетата Земја, а да прифатиме интегрален развој, пренесе италијанската агенција АНСА.

На средбата со претставниците на другите конфесии, папата се осврна на еврејските корени на христијанството, нагласувајќи дека сите христијани имаат посебен однос со јудаизмот.

„Теолошкиот дијалог меѓу христијаните и Евреите останува секогаш важен и близок до моето срце. Дури и во овие тешки времиња, оптоварени со конфликти и недоразбирања, потребно е со ентузијазам да го продолжиме овој наш многу драгоцен дијалог“, заклучи папата Лав Четиринаесетти на состанокот со претставниците на други религии. /МИА

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

Финска ќе и испорача муниција на Украина во вредност од 90 милиони евра, користејќи ги руските финансиски средства што беа замрзнати од Европската унија по руската инвазија врз Украина во 2022 година, јави денеска финското Министерство за одбрана.

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

ЕУ проценува дека 210 милијарди евра - од вкупно околу 300 милијарди долари замрзнати руски средства - се чуваат во рамките на 27-члената унија, главно во форма на државни обврзници што ги држи Централната банка на Русија како девизни резерви.

Минатата година, Европската комисија одлучи приходите од овие средства да можат да се користат за поддршка на украинската армија преку фонд управуван од ЕУ.

-Успеавме да договориме дополнителни средства за финска поддршка на Украина, рече министерот за одбрана Анти Хакканен.

„Производите се купуваат од финската индустрија, што ја зголемува вработеноста во земјата, а потоа се испраќаат во Украина за да помогнат во нејзината одбрана. Многу сум задоволен од овој исход“, додаде министерот.

Кремљ засега не излесе со коментар на одлуката, но претходно неколку пати изјави дека секоја мерка за запленување или продажба на замрзнати руски средства би била нелегална, би ги нарушила имотните права, би поставила опасен преседан и би била оспорена на суд./МИА

притисни ентер