Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
КултураДистрибуцијата на „Бикини Мун“ почнува од Македонија Македонија е прва земја во која американскиот филм „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски ќе има редовна дистрибуција.Филмот премиерно ќе биде прикажан задутревечер од 20 часот во „Милениум“ и ќе остане на репертоарот на киното со по две проекции, од 20 и од 22 часот. - Инсистирав прво тука да почне, другите имаат малку посложен процес на договорање и на влетување во репертоар. Убаво е што филмот ќе игра тука, и убаво е каде било да игра. Колку и како ќе биде разбран ќе видиме, но не е тоа најважно. Најважно е филмот да биде онаков каков што делото само бара. Ова е еден по малку експериментален филм и како таков сум исклучително задоволен, рече режисерот Манчевски денеска на прес-конференција по повод премиерата на филмот кој е структуриран како филм во филм - лажен „синема верите“ документарец. „Бикини Мун“ е современа трагедија за жена која била војник во Ирак и по враќањето живее како бездомник на улица во Њујорк, и затоа што е ментално нестабилна, и ја одзеле ќерката. - Нејзиниот поглед на стварноста, затоа што е ментално нестабилна, затоа што е повратник, е одлична порта во испитувањето на она што не интересира во овој филм, а тоа е нашиот однос кон вистината и тоа како медиумите, во случајот документарниот филм, ја менуваат вистината за која известуваат, рече Манчевски. Кондола Рашад, која ја игра насловната улога, била избрана во кастинг што траел неколку месеци и во кој се пријавиле стотици актери. Во долгиот процес на избор, рече Манчевски, барал актери од занает, а не по изглед. - На првото снимање Кондола глумеше жена со ментални проблеми на еден толку уверлив начин, што мене ми беше непријатно кога тоа го гледав. Мислев дека е навистина човек што има проблеми, што не би било етички да го ангажираш на филм. Улогата не беше напишана за црнкиња, но затоа што Кондола беше најдобра од сите глумци што ни се пријавија, го адаптиравме малку сценариото, рече Манчевски за актерката што ја игра главната женска улога, додавајќи дека е ѕвезда во огромен подем со три номинации за бродвејската награда „Тони“. Британскиот дизајнер на продукција Дејвид Манс, кој работел на сите филмови на Манчевски, на средбата со новинарите истакна дека соработуваат повеќе од 25 години, од нивното запознавање за филмот „Пред дождот“. - Преку работата на тој филм, ние создадовме силна конекција и работно искуство кое се уште трае, рече Манс, кој многу патувал низ цела Македонија и познати му се многу локации. Игор Василев -Новоградска, композитор на музиката на филмот, рече дека користеле многу начини како да ја протнат музиката во филмот. - Како и секој друг филм што сум го работел за Милчо, ова беше нов, голем предизвик, истакна Василев. Мишо Ристов, кој и во овој филм на Манчевски е дизајнер на визуелни ефекти, рече дека во „Бикини Мун“ тие не се многу инвазивни, туку се скриени и доста суптилни и изгледаат како да се дел од фотографијата. Во врска со тоа што „Бикини Мун“ ја немаше поддршката од Македонија, режисерот Манчевски одговори дека не сака да се занимава со „нефилсми проблеми“ зашто се занимава со она што е на платното. - Битна ми е прикаската и емоцијата, а се друго е начин да се дојде тоа да го имаме на платно. Овој филм не можев ни да очекувам да биде поддржан од Македонија, иако во друга, поубава констелација можеби Македонија би се грижела за своите автори на еден друг начин. Не сакам воопшто да се бавам со целиот тој период и со сите нефилмски проблеми кои ги имав со мојата филмска работа тука, рече Манчевски кој им се заблагодари на неколку луѓе кои овозможиле со својот, како што рече, професионален и несебичен ангажман, „Бикини Мин“ да ја види Македонија и без кој филмот немало да биде тука. Пред проекциите на „Бикини Мун“ во „Милениум“ ќе се прикажува и петминутниот експериментален филм на Манчевски „Крајот на времето“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter