Директорот на „Канал 5“ Иван Мирчевски доби „Награда за мир“

Федерацијата на меѓународни родови и човекови права, основана од амбасадорката на Крaлскиот дипломатски клуб на Обединетите нации, д-р Амена Али, му ја додели годишната „награда за мир“ на директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски.

Мирчевски е победник за 2022 година во категоријата – „ Награда за пријателство и добра волја“, за номинацијата „Гласноговорник и глобалист на големиот меѓународен хуманитаризам и служба“.

Федерацијата на меѓународни родови и човекови права, е активна ширум светот со голем број програми за помош на луѓето, без разлика на полот, расата и идентитететот.

Мирчевски, заблагодарувајќи се за наградата, преку социјалните мрежи порача дека ќе продолжи да биде гласот на тие што немаат доволна видливост.

Столтенберг се надева дека сите членки на НАТО ќе ги исполнат своите обврски

 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази очекување дека земјите-членки на Алијансата годинава ќе ги исполнат сите планирани воени трошоци за потребите на западната воена алијанса.

Бројката, која Столтенберг ја соопшти за време на разговорот во Конгресниот центар Вудро-Вилсон во Вашингтон, е речиси четири пати поголема споредено со издвојувањата во 2021 година.

Членките на НАТО минатата година се согласија да издвојат најмалку два отсто од својот бруто-домашен производ за потребите на заедничкиот одбранбен систем.

Во Градскиот музеј Крива Паланка нов циклус работилници од проектот „Уметност и музика 2024“

За почеток е предвидена графичката работилница, што ја води младиот, веќе докажан и истакнат графичар од Крива Паланка, Стефан Младеновски, магистер по уметност. 

Денес во ЛУ Градски музеј Крива Паланка започна новиот циклус работилници од проектот „Уметност и музика 2024“, што вклучува четири повеќедневни уметнички работилници од областа на графика, сликарство и вајарство, водени од истакнати ментори-уметници од Крива Паланка.

-За почеток е предвидена графичката работилница, што ја води младиот, веќе докажан и истакнат графичар од Крива Паланка, Стефан Младеновски, магистер по уметност. Како ликовна дисциплина помалку позната и слабо застапена, ја доближуваме до младите уметници кои ќе имаат можност да научат нешто повеќе за изработката на линорез, како техника на висок печат, вели координаторот на проектот, Ѓорги Костовски, историчар на уметност во ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

Сликарската работилница ќе ја води академскиот сликар Роберт Цветковски, ликовен педагог и уметник од светски ранг, кој зад себе има 35 самостојни изложби и над 200 групни изложби. Скулптурската работилница е под менторство на академските вајарки од Крива Паланка, Нела Јанковска и Анета Стојчевска.

Јанковска е истакнат ликовен педагог и добитничка на годишната награда за скулптура на ДЛУМ за 2023 година. Под нејзино менторство младите уметници ќе го усовршуваат моделирањето, а со скулпторката Стојчевска ќе работат на инсталација во простор, што за нив ќе биде ново искуство.

Секоја од работилниците ќе трае по неколку дена, а делата на младите уметници, ќе бидат презентирани на заедничка изложба придружена со музички настап на познатиот џез-состав „Гордан Спасовски трио“.

-Ваквиот вид работилници вторпат се спроведуваат во Крива Паланка и се од особено значење за организиран пристап и достапност на ликовната уметност до младите, но и до сите љубители на ликовната уметност и музика, вели Костовски.

Сите создадени дела ќе влезат во постојаната збирка на Градската галерија при Музејот на Крива Паланка.

Уметничкиот проект е дел од богатата програма на „Крива Паланка - Град на културата 2024“.

Прво изненадување на ЕУРО 2024, Словачка подобра од фаворитот Белгија

Словачките фудбалери  го направија првото големо изненадување на ЕУРО 2024 во Германија. 

Словачките фудбалери во Франкфурт изненадувачки ја поразија фаворизираната Белгија со минимални 1:0, во првото коло од групата Е на Европското првенство.

Стрелец на победничкиот гол беше Иван Шранц во седмата минута од натпреварот.

Белгија имаше свои шанси против Словачка, пред се Ромелу Лукаку, кој беше оправдано поништен од ВАР за два гола на овој меч.

Белгија доминираше во поголемиот дел од мечот, но Ромелу Лукаку направи најмалку три големи промашувања, Јоан Бакајоко и Леандро Тросар исто така не успеаја да постигнат гол од чисти позиции, што беше премногу за да се дојде барем реми.

Треба да се напомене дека Лукаку во вториот дел навистина двапати ја наоѓаше мрежата на Словачка, но од офсајд позиција и по игра со рака на неговиот соиграч.

Фудбалерите на Доменико Тедеско не го демонстрираа очекуваното високо ниво и беа ограничени со многу компетентна и самопожртвувана дефанзивна игра на Словаците.

притисни ентер